Автор: инфодеск
Post Views: 17 Охрид не доби адреналински парк со кој требаше да се збогати туристичката понуда, но затоа сега адреналинска патека претставува кеј Македонија, кажа од советничката говорница, координаторката на СДСМ , Живка Ангелоска на последната седница на совет посветена на советнички прашања. Таа упати забелешки до градоначалникот за изгледот на кејот и побара одговор дали сите тезги, урбана опрема и реквизити се поставени со одобрение.„Потребен е авантуристички дух и многу адреналин за да може да се направи една прошетка по кејот. Секогаш било проблем , проблем беа...
Во тек е изведба на атмосферска канализација во кругот на ОСУ „Св Климент Охридски“
Post Views: 22 Екипи на ЈП „Нискоградба“ работат на изведба на атмосферска канализација во кругот на ОСУ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“. Должината на трасата изнесува 342 метри, а се поставуваат цефки со ф од 160 до 315. Вкупниот изнес на зафатот изнесува 2 553 657 денари.Екипи на ЈП „Водовод“ работат на поставување на хидрантска мрежа во ОСУ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“. Вредноста на овој зафат изнесува околу 2 400 000 денари. Гимназијата исто така ќе добие и нов приклучок на вода, што значи надминување на проблемите со водоснабдувањето. Вредноста на активностите за нов прикличок на вода...
Охрид го живее шпицот послан со отпадоци, комуналците максимално ангажирани
Post Views: 18 Изминатиов викенд оперативните служби на ЈП Охридски Комуналец максимално ангажирани да го средат градот после журките.„Во деновиве кога Охрид го живее врвот на туристичката сезона, дежурните екипи максимално ангажирани 24/7. Сите туристи дојдени за одмор и релаксација, но дел од младата популација зад себе го оставија отпадот по јавните пешачки и зелени површини. “ – велат од јавното претпријатие.Екипите на Комуналец беа ангажирани на стадионот Билјанини Извори по одржаните концерти и на плажата Немо.Интервенираат...
Започна предвремената исплата на пензиите за јули
Post Views: 14 Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 31.07.2023 година (понеделник) започнува етапната исплата на пензиите за месец јули.Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во две групи, според висината на пензијата:За пензии со висина до 14.000 денари, исплатата се врши на 31.07.2023 година (понеделник);За пензии над 14.001 денари исплатата се врши на 01.08.2023 година (вторник).Пензионерите кои користат платежна...
Се очекуваат повеќе од 50 000 луѓе на Ohrid Calling кој почнува вечерва
Post Views: 19 Вечерва во Охрид започнува најмасовниот летен музички фестивал на електронската музика.Организаторите Авалон Продукција најавуваат рекордно фестивалско издание со повеќе од 50 000 посетители во сите 5 фестивалски денови до 4-ти август во Касарна.„Луѓе од Австралија, Германија, Франција, Белгија, Обединетото Кралство, Канада, Соединетите Американски Држави и многу други земји ширум светот доаѓаат да бидат сведоци на магијата на Ohrid Calling. Да им посакаме допло добредојде.“ – велат од Авалон.Авалон продукција во Охрид носи бројни светски и...
Сончево со температура до 29 степени
Post Views: 12 Денеска во Охрид ќе биде сончево со умерена облачност и слаб северен ветар. Вредноста на UV индексот 8.Максималната дневна температура ќе се искачи до 29 степени.Од вторник следува период на стабилно време со јужен ветер и пораст на температурата.фото: Ѓоко Симјаноски
На Буково се затрупува со земја опожарениот дел, утре ќе се третира со алга
Post Views: 18 ЈП „Охридски Комуналец“ го санира опожарениот дел на депонијата Буково, а во неколку наврати интервенирала и Противпожарната единица на град Охрид.Oвластен инспектор за животна средина од Охрид е во континуирана комуникација со Државниот инспекторат за животна средина ( ДИЖС ) заради вршење вонреден инспекциски надзор во нестандардна комунална депонија Буково, Охрид во врска со опожарување на депонијата, информираат од инспекторатот.Депонијата со механизација се затрупува со земја и се гаси, а до самозапалување е дојдено поради високите температури, како...
На 2-ри август во Струга ќе се одржи спортскиот фестивал „Илинден“
Post Views: 19 Вториот спортски фестивал „Илинден“ ќе се одржи на 2 август во Струга во организација на Спортско-рекреативниот клуб „Соларис“.Ватерполо, кајак, СУП, скокови во вода- слободен стил, трки во пливање, се дел од спортските активности кои ќе бидат застапени и годинава.Фестиваклот че биде отворен со ревијални натпревари во ватерполо за што Клубот Соларис има поддршка од Македонската ватерполо федерација. За таа цел ХЕЦ Глобочица за време на натпреварите ќе го запрат истекот на Црн Дрим.Организаторите ги покануваат туристите, спортистите и рекреативците...