Skip to main content

Автор: инфодеск

Стружанец пронајден удавен во водите на езерото

Post Views: 391 На 05.07.2022 во 14:50 часот во СВР Охрид пријавено е дека на плажа во близина на авто-камп кај Струга во водите на Охридското Езеро било забележано удавено лице.На местото на настанот, увид извршија Јавен обвинител, полициски и медицински екипи, при што констатирано било дека се работи за В.Ц. (66) од Струга, врз чие тело не се забележани видливи траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на семејството – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Охриѓанец загина во сообраќајка кај Прентов мост

Post Views: 1.275 На 05.07.2022 во СВР Охрид било пријавено дека периодот од 09.00 до 13.50 часот на магистралниот пат Охрид-Ресен, помеѓу место викано „Прентов мост” и место викано „Тунели”, патничко моторно возило „фолксваген туарег”, со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(60) од Охрид, излетало од коловозот.На местото на несреќата починал возачот Д.С., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Охрид, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција – се...

Продолжи со читање

Над 30 000 заразени со ковид во Грција

Post Views: 475 Во изминатите 24 часа во Грција е регистриран зголемен број случаи на Ковид-19, над 30.000, од кои 25.566 се новозаразени, а 5.022 се веројатни реинфекции, според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје, јави дописничката на МИА од Атина.Дополнително, регистрирани се и 19 смртни случаи, а 98 пациенти се приклучени на апарати на одделите за интензивна нега во грчките болници.Минатата седмица по речиси три месеци беа регистрирани над 20.000 нови случаи на Ковид-19, а се чини дека продолжува нагорниот тренд.Од почетокот на...

Продолжи со читање

Климатските промени ќе го намалат родот на пченицата

Post Views: 386 Приносите од пченицата би можеле да се намалат за седум отсто за секој степен Целзиусов на глобалното затоплување, предупредија експертите од Иницијатива за пченицата (Wheat Initiative).Намалената достапност на вода веќе значително ги погодува регионите што се наводнуваат, а се очекува проблемот дополнително да се влоши со намаленото ниво на подземните води и врнежите – се наведува во стратешкиот документ на Иницијативата.Исто така се посочува дека најверојатно ќе се зголеми и притисокот за забрана на употреба на вештачките ѓубрива и пестициди, со...

Продолжи со читање

(ВИДЕО) Силно невреме во Белград

Post Views: 460 Силно невреме вчера го зафати Белград, а српската полиција објави видеа на кои се гледа како евакуира граѓани кои биле зафатени од невремето.Невремето предизивикало големи проблеми во многу делови од градот. Полицијата интервенирала и ослободувала граѓани кои биле заглавени во надојдената вода.Противпожарните екипи евакуирале осум постари граѓани, а се евакуирале и лица кои среде поплавените улици останале заробени во своите автомобили.

Продолжи со читање

Балкански фестивал на народни песни и игри

Post Views: 542 Утре започнува 61-то издание на на Балканскиот фестивал на народни песни и игри. Фестивалот ќе биде отворен со дефиле на учесниците и целовечерен концерт на Фолклорниот ансамбл „Танец“ на сцената на Долни Сарај. Концертот е со почеток во 20 часот и 30 минути.Во рамки на фестивалот, утре од 18:00 часот во изложбениот салон на Центарот за култура „Григор Прличев“, ќе биде отворена изложбата „Муренките црници во изумирање во Радожда“ од академскиот сликар Слaвко Упевче.Балканскиот фестивал на народни песни и игри e меѓународна фолклорна манифестација во...

Продолжи со читање

Муренките црници во изумирање во Радожда

Post Views: 313 Утре 7-ми јули (четврток) со почеток во 18:00 часот во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи самостојна изложба на академскиот сликар Славко Упевче. Изложбата е организирана како придружна манифестација на отворањето на Балканскиот фестивал на народни песни и игри од Охрид, а е поддржана од Министерството за култура како проект од национален интерес „Муренките црници во изумирање во Радожда“ од академскиот сликар Славко Упевче.По изложбата следува и свечен коктел на бродот „Армада“. Тргнување во 19 часот.

Продолжи со читање

Приведен државјанин на Украина во Охрид

Post Views: 254 На 05.07.2022 година во 1 часот во СВР Охрид е приведен Р.Ч.(42) од Харков-Република Украина.Тој, претходно во хотелски објект лоциран на кеј „Македонија” во Охрид, го нарушил јавниот ред и мир со агресивно и непристојно однесување кон вработените и присутните гости. Против него ќе биде поднесена пријава по законот за прекршоци против јавниот ред и мир – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Иницијатива за сезонска авиолинија Белград-Охрид

Post Views: 405 Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Македонија, Љупчо Јаневски, зеде учество на работните средби во Белград, во рамките на Конференцијата „Нови идеи за ново време”.Конференцијата е организирана од Министерството за трговија, туризам и телекомуникации на Србија, за заедничко дефинирање на стратегијата и начинот на претставување на регионалниот туристички потенцијал, како надополнување на иницијативата „Отворен Балкан”.Јаневски денеска оствари состанок со државниот секретар Жикица Несторовиќ при Министерство за...

Продолжи со читање

Загинаа двајца работници во Кавадарци по пад од кран

Post Views: 722 Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид на лице место на локацијата каде утринава, при извршување градежни работи, се откачи дигалка – кран, при што двајца работници од Скопје го загубија животот. Едниот од загинатите работници бил на возраст од 30, а другиот од 50 години.Во несреќата не се повредени други лица. Јавниот обвинител издаде наредби за обдукција на телата на починатите. Локацијата се обезбедува, а надзор на лице место ќе извршат и надлежни инспекциски служби.Со цел утврдување на причините за несреќата ќе биде...

Продолжи со читање

Нови 293 случаи на ковид во земјава

Post Views: 319 Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.254 тестови, а регистрирани се нови 293 случаи на КОВИД-19.Скопје – 157, Куманово и Битола – по 19, Охрид – 18, Тетово и Велес – по 15, Штип – 11, Прилеп – 8, Кавадарци – 7, Струмица – 6, Гостивар – 4, Кочани и Неготино – по 3, Радовиш – 2, Гевгелија, Ресен, Свети Николе, Делчево, Виница и Демир Капија – по 1.Од вкупниот број на позитивни (293), регистрирани се 81 реинфекции.Регистрирани сe 102 оздравени пациенти...

Продолжи со читање

Италија прогласи вонредна состојба поради суша

Post Views: 464 Италија прогласи вонредна состојба во пет северни региони поради најлошата суша во последните 70 години во државата, пренесува „Евроњуз“.Вонредна состојба е прогласена во реоните Емилија-Ромања, Фриули Венеција Џулија, Ломбардија, Пиемонт и Венето, информираа властите преку соопштение.Вонредната состојба се воведува поради пресушувањето на реката По и источните алпски басени.Советот на министри најави дека ќе издвои околу 36.5 милиони евра за да се справи со сушата.Долината на реката По, во која инаку се произведува околу 40 отсто од храната...

Продолжи со читање