Автор: инфодеск
Post Views: 465 Подобрена е ситуацијата со пожарот што вчера избувна во западниот дел на Пелопонез, а синоќа, превентивно беа евакуирани жителите на четири села, јави дописничката на МИА од Атина.Според грчката противпожарна служба, во пожарот интервенираат 195 пожарникари со седум пешадиски тимови и 48 возила, два авиона и два хеликоптера, а помагаат волонтери пожарникари и цистерни од општините.По препорака на противпожарните служби, вчера, преку бројот за итни случаи 112, беше испратена порака до жителите на четири села, превентивно да се евакуираат.Исто како и...
Авион летал со огромна дупка на трупот
Post Views: 480 Патнички авион „Ербас А-380“ на компанијата „Емирати“, речиси 14 часа летал од Дубаи со огромна дупка на трупот, пред да слета во Бризбејн, Австралија.Се верува дека штетата е предизвикана од експлозија на гума по полетувањето од Дубаи, Обединетите Арапски Емирати. За време на летот, патниците му пријавиле на екипажот дека слушнале силен тресок при прелет над океанот. Авиокомпанијата донела одлука да го продолжи летот кој траел 14 часа, пишува „Дејли мејл“.Тие стапиле во контакт со Контролата на летање на аеродромот во Бризбејн непосредно пред...
Нова депонија на улицата Јане Сандански
Post Views: 790 Во склоп на рубриката „Ти си твојот град“ наш сограѓанин ни испрати слики од нова депонија на улицата „Јане Сандански“. Ова е неговиот коментар :На повидок нова депонија позади стариот маркет „Дон” на ул. „Јане Сандански“ – вели Климовски за „Ти си твојот град“.Биди и ти дел од „Ти си твојот град“. Сликај, сними, испрати на нашата меил адреса tisitvojotgrad@tvm.mk и добиј вредносен ваучер или подарок од нашите пријатели.
Стружаните имаат право на чиста средина
Post Views: 409 Аква Здружение најавува акција за чистење на плажата 25 мај во Струга во петок на 8 јули под мотото стружаните имаат право на чиста средина.Истата е дел од проектот “(Локално) Младинско учество е важно“ кој ЗРА „Аква“ го спроведува во партнерство со Center for Intercultural Dialogue (CID) Kumanovo, а при спроведување на завршниот настан на кампањата за зајакнување на јавната свест за правото на здрава животна средина, ќе биде проследена и акцијата.Стружани имаат право на здрава животна средина, а тоа право е во наши раце, гласи клучната порака....
Ногачески се обрати на настан во Грција
Post Views: 310 Градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески, денес во Општина Терми, Грција се обрати на завршниот настан по повод успешната имплементација на проектот „Подобрување на заштитата на природните растенија во погранични области“ Conse PP.Општина Дебрца е дел од овој проект кој се спроведува преку ИПА Програмата за прекугранична соработка Македонија-Грција, а за што уште еднаш изразувам благодарност до Делегацијата на ЕУ, која го поддржа овој проект. Исто така упатувам покана до сите засегнати страни да учестуваат и на завршниот настан кој на 11.07.2022...
Како да се однесуваме при високи температури
Post Views: 342 ОО „Црвен крст“ Охрид со препораки до граѓаните, како да се однесуваат при високи температури.Топлотните бранови се главната причина за предвремени смртни случаи поврзани со климатските промени, особено во старата популациона група и хронично болните. За време на топлотните периоди, важно е да се оддржи свежина, за да се избегнат негативните здравствени ефекти на топлината.Заштитете се од топлина:-Ограничете го физичкиот напор. Ограничете ја физичката активност, особено во попладневниот период на денот, кога е најтопло.-Носете светла облека и...
Добар туристички старт
Post Views: 330 Двата туристички центри на охридското крајбрежје бележат целосна исполнетост со голем број гости од соседството и странство. Најбројни се Холанѓаните, Полјаците, Турците и Србите.„До пред месец и пол не знаевме каде ќе се движи, но најверојатно се ослободија малку од војната и соседите и странските туристички оператори и резервациите почнаа да идат наеднаш така да добиваме полн капацитет на резервации.“ , вели Крсте Блажески претседател на ХОТАМ.Агенцијата за туризам очекува 400 милиони долари приходи од туризмот оваа година.„Не се случајни овие...
Отворена сезоната на пливачките школи
Post Views: 492 Со започнување со работа на пливачките школи за млади денеска и официјално беше пуштен во употреба реконструираниот базен „Атина Бојаџи“. Од санацијата на олимпискиот и детскиот базен најзадоволни се децата кои во подобри услови ќе учат да пливаат и да ги усовршуваат пливачките техники.Неописливо е чувството повторно да се слушне детскиот џагор на градскиот базен „Атина Бојаџи“, реновиран после десет години, потенцира градоначалникот Кирил Пецаков кој посочи дека до овој момент во охридските пливачки школи се пријавиле над 300 деца.„Реконструкцијата на...
Казнети 17 возачи на мотоцикли во Охрид
Post Views: 403 На 03.07.2022 година од 18 до 24 часот на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени сообраќајни контроли кон возачи на мотоцикли.Притоа, полициските службеници регистрирале 45 прекршоци (Охрид-17, Струга-15, Кичево-04, Дебар-09) од кои, најчест е неносење заштитна кацига во текот на управувањето. Апелираме до возачите на мопеди и мотоцикли на доследно носење на севкупна заштитна опрема за време на управувањето со мотор и мопед со цел, зголемување на личната безбедност во сообраќајот – се вели во соопштението на СВР Охрид.
(ОБНОВЕНО) Се издава простор за продажба на пченки
Post Views: 371 ЈП „Градски Пазар“ Охрид издава простор –локација поставување мобилна опрема до 2м² за намена продажба на пченки.1. Урбана oпpeмa за продажба на храна и сувенириПлоштад Крушевска Република-Вкупно 3 локации 10,11,12Кеј Македонија – Вкупно 3 локации, локација 7,8,9Графички приказ со нумерички ознаки на локациите се дадени во изводот од годишната програма за поставување на урбана опрема за 2022 година бр.19-9114/2 од 29.06.2022.Локациите за поставувње мобилна опрема ќе се издаваат за период на времетраење од 01.07.2022 до 01.10.2022...
Сиднеј под вода, наредена евакуација
Post Views: 366 Повеќе од 32.000 жители во и околу Сиднеј денеска се евакуираат или се подготвуваат да ги напуштат своите домови, бидејќи најголемиот град во Австралија се подготвува за најлошите поплави во последните 18 месеци.Делови од градот, кој има пет милиони жители, се соочуваат со четврта вонредна состојба од поплави за една и пол година, а силниот дожд предизвика излевање на високи брани и реки во петокот.Министерот за вонредни ситуации Мареј Ват изјави дека според последните информации, постои голема шанса поплавите да бидат полоши од претходните три што ги...
Исплата на правата од детска и социјална заштита
Post Views: 266 Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец јуни 2022 година.Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 4 јули 2022 година.Со цел да се избегне метеж пред и во банките при исплата на правата, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе...