Автор: инфодеск
Post Views: 78 Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи до 10 степени.„До крајот на работната недела во Македонија ќе се задржи стабилно и суво време, а утринските температури постепено ќе опаѓаат. Во сабота од крајот на денот облачноста ќе се зголемува и во недела ќе има врнежи од повремен дожд“ – информираат од УХМР. фото: Ѓоко Симјаноски
Предлог законот за прогласување на Охридско Езеро за Споменик на природата оди во Собрание
Post Views: 49 Владата го усвои текстот на предлог ЗАКОН ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА „ОХРИДСКО ЕЗЕРО” ЗА ЗАШТИТЕНО ПОДРАЧЈЕ ВО КАТЕГОРИЈА III – СПОМЕНИК НА ПРИРОДАТА и истиот ќе го достави во Собранието на РСМ за негово донесување.Охридското Езеро се прогласува за Споменик на природата заради геоморфолошките и хидролошките карактеристики, исклучителните природни вредности како дел од Светското природно наследство на УНЕСКО и еден од најважните рефугиум центри на биолошката разновидност во европски и светски рамки.Со Споменикот на природата – Охридско Езеро ќе управува...
Советот на Општина Охрид ја одржа 38 седница
Post Views: 57 Охридските советници на денешната 38ма седница на Совет, ги поддржаа измените и дополнувањата на Програмата за капитални инвестиции во основното образование за периодот 2024-2026 година. Во рамки на Програмата, беше додадена нова точка, изработка на фаза машинство за потребите на новата училишна зграда за Основното Училиште „Кочо Рацин”, со предвидена сума од 19 милиони денари за 2025 година. Целта е паралелно да се одвиваат тендерските постапки за сите фази на изградба на новиот простор за потребите на училиштето, информира советникот Перчо Божиновски. На...
Во Албанија се патува и со стари лични карти
Post Views: 119 На првиот ден откако престанаа да важат патните исправи со старото име на државата,, благ пораст на бројот на патници и возила на граничниот премин Ќафасан. На македонско албанската граница, граѓани кои немаат пасоши со Северна Македонија денес не можат да излезат од државата. Но со личните карти кои имаат продолжена важност во земјава, и денес може да се влезе во соседна Албанија, земја со која имаме билатерален договор за патување со лична карта. Албанските полициски службеници не бараа ниту нова возачна дозвола, ниту НMК налепници.Според...
РСБСП: Возете внимателно и одговорно за Свети Трифун и Валентин
Post Views: 58 Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата упатува апел за внимателно и одговорно учество во сообраќајот за време на празникот на љубовта и виното.Празниците се одличен повод за споделување на среќа и незаборавни моменти со блиските и саканите, но за да бидат овековечени со љубов неопходно е и одговорно однесување за време на истите, особено доколку се учествува во сообраќајот на патиштата.Затоа РСБСП советува:· доколку консумирате алкохол – НЕ управувајте со моторно возило, а доколку одлучите да возите тогаш НЕ консумирајте...
Конкурс за наградата „Тоде“ за најдобра песна за деца
Post Views: 47 Здружението за поттикнување на развојот на книжевноста и други уметности, „Креативна верига“ –Охрид, го распиша конкурсот за наградата „Тоде“ за најдобра песна за деца. Право на учество на конкурсот имаат сите домашни автори кои заклучно со 21.2.2024 ќе испратат своја необјавена песна на електронската пошта nagradatode@gmail.com.Изборот на трите песни кои ќе бидат наградени, и тоа прво место со 9000 денари, второ со 6000 и трето со 3000 денари, ги избира стручното жири во состав Виолета Танчева-Златева, Зоран Јакимоски и Дијана Петрова.Наградата е...
Утре во охридската библиотека празнување на виното и љубовта
Post Views: 35 Со промоција на книга, музички перформанс и вино утре напладне ( 12 ч.) НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе ги одбележи свети Трифун, празникот на виното и лозјето и свети Валентин празникот на вљубените. Православната црква го слави и Свети Валентин, но не на 14 февруари, туку на 19 јули и на 12 август.Според теолозите, и двајцата светители се дел од христијанството, еднакво признаени и кај православните и кај католиците, но за секој од нив се изградил одреден култ кај одредената цркваНо, на 14 февруари сепак се одбележуваат двата светители, еден...
Хидромиелија – Ги запознаваме ретките болести
Post Views: 57 Хидромиелија претставува абнормално проширување на централниот канал на рбетниот мозок. Оваа проширена област создава празнина во која може да се акумулира цереброспиналната течност.Како што се акумулира ’рбетната течност, истата може да изврши абнормален притисок врз’ рбетниот мозок и да ги оштети нервните клетки. Хидромиелија понекогаш се користи наизменично со сирингомиелија. Кај хидромиелија, шуплината е поврзана со четвртата комора во мозокот. Хидромиелијата речиси секогаш се јавува кај доенчиња и деца; тоа е поврзано со вродени дефекти како што се...







