Автор: инфодеск
Post Views: 75 Волонтерите на Црвен Крст Охрид и оваа година, по трет пат, беа дел од свечената матурска вечер посветена на лицата со посебни потреби, која е во организација на Tim Tebow Foundation, под име “NIGHT TO SHINE”.Настанот се одржа минатиот петок на 9 февруари во Ресен, и на истиот учество зедоа 15 млади волонтери од Клубот на млади кои три часа се дружеја, играа, пееја и се забавуваа со специјалните гости на вечерта.„Ни причинува огромно задоволство што волонтерите од Клубот на Млади на Црвен крст Охрид имаа повторно прилика да ја...
Натпревари во правење песочни фигури се одржувале на охридските плажи во 80-тите години на минатиот век
Post Views: 50 Нешто навидум толку едноставно како правење фигури од песок може да биде интересна содржина за туристите на охридско струшката ривиера. Во ризницата на пишани документи на Охридскиот Архив меѓу разните записи за идеи на охриѓани од поблиското и подалечното минато коа го краселе поднебјето, постојат и такви кои сведочат дека во минатото на охридските плажи се одржувале натпревари во правење фигури од песок.„Тој натпревар во песочни фигури започнал во 70-тите години и траел се до 80-тите години од минатиот век и навистина не само кај охридската популација...
На глувите лица им недостигаат толкувачи на знаковен јазик
Post Views: 55 32 годишниот охриѓанец, Александар Стевоски е глуво лице кое докажува дека за успехот не постојат препреки. Роден е во семејство на глуви родители, денес дипломиран машински инженер, вработен и самостоен. До средно образование бил во специјално училиште, но на факултет му недостигал толкувач. Желбата за успех била посилна, ги научил колегите на знаковен јазик и тие му помагале во студиите.Вели глувоста не ја чувствува како хендикеп, се смета за еднаков со сите и не сака да го сожалуваат, но на глувите лица им...
8 одобренија за градење издадени во Охрид во декември 2023
Post Views: 43 Според податоците на Државниот завод за статистика, во декември 2023 година се издадени 8 одобренија за градење во Општина Охрид. Според издадените одобренија планирана е градба на 22 станови со вкупна површина од 1325 м2. Од вкупниот број објекти на 6 како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 2 објекти инвеститори се деловни субјекти.Во извештајниот период во Општина Струга не е издадено ниту едно одобрение за градење, а во Дебрца и Вевчани издадено е по едно одобрение на физичко лице.На ниво на државата во декември 2023 година се издадени 293...
Од полноќ поскапуваат горивата
Post Views: 62 Од полноќ поскапуваат горивата од пола до денар ипол, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.Еуросупер БС-95 поскапува за пола денар и ќе се продава по цена од 81 денар за литар, Еуроспер БС-98 поскапува за еден денар и од полноќ новата цена ќе биде 83,50 ден/литар. Дизелот поскапува за денар ипол и тој ќе се продава по цена од 79,50 ден/лит.Се намалува цената на Екстра лесното масло за домаќинство кое од полноќ ќе се продава по цена од 76,50 ден/лит. Се намалува и цената на Мазутот М-1 НС за 0,620 ден/кг, во однос на претходно утврдената...
Бројот на туристите лани е зголемен за 20.6 % во споредба со предходната година
Post Views: 47 Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во декември 2023 година изнесува 55 875, од кои 38.6 % се домашни туристи, а 61.4 % се странски туристи.Бројот на ноќевањата во декември 2023 година изнесува 111 668, од кои 41.6 % се од домашните туристи, а 58.4 % од странските туристи.Во периодот јануари – декември 2023 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 20.6 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 0.6 %, а кај странските има зголемување за 36.6 %.Во периодот...
Фокална сегментална гломерулосклероза – Ги запознаваме ретките болести
Post Views: 51 Фокална сегментална гломерулосклероза (FSGS) претставува заболување кое предизвикува оштетување на бубрезите. Една од функциите на бубрезите е филтрирање на крвта од отпадни материи и супстанци кои настануваат при производството на урина.Всушност, фокална сегментална гломерулосклероза се јавува кога настануваат лузни (склероза) на бубрежните гломерули, а тие се структура одговорна за филтрација на отпадните материи надвор од телото. Токму поради ова олузнување настанува намалена функција и ефикасност на бубрезите, а со тоа и неповратно оштетување на...
Утре Советот на Општина Охрид ќе ја одржи триесет и осмата седница
Post Views: 46 Триесет и осмата седница на Советот на општина Охрид е свикана за ден 13.02.2024 година ( вторник ) со почеток во 09:00 часот. Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид. На дневен ред има 37 точки од кои освен Предлог-програма за измени и дополнувања на развојната програма за капиталните инвестиции на општина Охрид во областа на основното образование 2024-2026 година (НА) и предлог-одлука за усвојување на годишниот план за работа на Одделението за инспекциски надзор на општина Охрид за 2024 година, сите се легализации на бесправно изградени...







