Автор: инфодеск
Post Views: 11 Концерт на камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија ,,Сашa Николовски – Ѓумар” ќе се одржи вечерва на „Охридско лето“, со почеток во 21 часот во црквата „Света Софија“. Диригент на вечерта ќе биде Иван Еминовиќ, а солист Марија Ташевска- сопран.Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија постои 37 години и е основан како прв сегмент на Летниот музички камп на МММ во Охрид во 1986 година. Повеќе од 400 млади музичари биле дел од овој уникатен состав, а диригенти и уметнички раководители на оркестарот биле: Ф. Муратовски, Г. Коруновски,...
Амбасадорот на Франција, Бомгартнер во прва официјална посета на Општина Охрид
Post Views: 15 Градоначалникот Кирил Пецаков денеска оствари протоколарна средба со амбасадорот на Франција во Република Македонија, Сирил Бомгартнер кој беше во прва официјална посета на Општина Охрид.Главна тема на средбата беше реализација на иницијативата за воспоставување на поголемо меѓунaродно партнерство помеѓу Општина Охрид и Општина Бонди од Париз. Беше потенцирано дека оваа соработка ќе придонесе за продлабочување на пријателството помеѓу македонскиот и францускиот народ и ќе обезбеди нови можности за заеднички проекти, особено во...
Сите граѓани треба да плаќаат струја колку што потрошиле, надлежните да го решат проблемот во Слупчане
Post Views: 28 Министерството за економија ги повикува сите граѓани во државата редовно да си ги подмируваат обврските кои ги имаат кон енергетските компании.Секој граѓанин кој се снабдува со електрична енергија во државата има обврска да плати за електрична енергија толку колку што потрошил.„Министерството за економија согласно надлежностите кои произлегуваат од Законот за енергетика, креира клима со цел да се намалат загубите во пренос на електрична енергија како и неовластено користење на електрична енергија.Затоа повикуваме дека секој граѓанин треба да плати за...
Во недела бесплатни анонимни тестирања и подигнување на свесноста за хепатитис во Охрид и Струга
Post Views: 14 28-ми Јули се одбележува како Светскиот ден за борба против хепатитисот.Министерството за здравство во соработка и партнерство со Хепар Центар Битола и Ретко е да си редок здржение за ретки болести Охрид, Универзитетските Клиники за Гастроентерохепатологија, Инфективни заболувања, Дигестивна Хирургија, Онкологија, интервентна радиологија спроведуваат кампања што ќе се одржи во повеќе градови во нашата земја за подигнување на свесноста на населението за хепатитисот.На 30.07.2023 (недела) на градскиот плоштад во Охрид со почеток во 9.00 до 11.00 часот и на...
Среда 2-ри август неработен ден за сите граѓани
Post Views: 10 Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 02 Aвгуст (среда) 2023 година, Ден на Републиката е неработен ден за сите граѓани на Македонија.Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани им го честита Денот на Републиката.
Уникатно сценско доживување приреди Џон Малкович на 63-тото „Охридско лето“
Post Views: 15 Американска вечер за паметење на 63-тото „Охридско лето“ со славниот американски актер, продуцент и режисер Џон Малкович. Две и пол илјадната публика на Античкиот театар во Охрид уживаше во неговата брилијантна ексцентричност, но и целосната чистина преку неговиот настап во „Пеколна комедија:Исповеди на сериски убиец” “, која е возбудливо дело на театарот, напишана и режирана од МихаелШтурмингер. Солисти на вечерта беа сопраните Чен Реис и Сузан Лангбејн, во придружба на Оркестарот на Виенска Академија и под диригентство на маестро...
Пензиите од септември ќе бидат повисоки за 6%
Post Views: 13 Mинистерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, на својот фејсбук профил објави добра вест за пензионерите. Од септември пензиите ќе бидат зголемени за 6%.„Обезбедивме постојан раст на пензиите. Согласно претходната методологија пензиите во месец јануари 2022 година пораснаа за 2.9%. Со новата методологија пензиите пораснаа за околу 21%. Септември 2022 – 6.8%. Март 2023 – 8.4%, Септември 2023 – 6% (проекција). За една година раст од околу 21% или раст за околу 24% од јануари 2022 до септември 2023 година.“ напиша Тренчевска.
Грациозноста на ангелите низ фотографиите на Александар Томовски
Post Views: 16 Симболично, со оглед на локацијата – предворјето на црквата „Света Софија“, со 12 фотографии, Александар Томовски ја отвори својата изложба „Над кулисите“.Авторот, на кој централно место во инспирацијата му заземаат балерините, овој пат ги овековечил од птичја перспектива, па ни се чини дека овие земски ангели се набљудувани од божествените.Ова е трета изложба на Томовски во серијалот посветен на балетската уметност, надоврзувајќи се на првата „Зад кулисите“, која беше поставена во Младинскиот културен центар, во 2022 година. Втората,пак,„1001...
