Автор: инфодеск
Post Views: 107 Врз основа на Одлуката за вршење општински линиски превоз на патници во Општина Охрид бр. 09-7951/10 од 11.06.2015 година, Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за вршење општински линиски превоз на патници во Општина Охрид бр.08-12305/34 од 06.12.2021 година, Одлуката за измена и дополнување на Одлуката за општински линиски превоз на патници во општина Охрид бр.08-9420/7 од 12.07.2022 година и Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за општински линиски превоз на патници во општина Охрид бр.08-7820/77 од 28.05.2025 година, Oпштина...
Објавен списокот на граѓани кои добија субвенции за набавка на инвертер клими
Post Views: 142 Врз основа на член 50 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ’’ број 05/02) ,член 34 од Статутот на општина Охрид, како и Програмата за заштита на животната средина и природата за 2025 година, а со цел цел стимулирање на жителите на општина Охрид (домаќинствата) за примена на економични, енергетски поефикасни и еколошки прифатливи за околината, уреди за затоплување на своите домови, Градоначалникот на Општина Охрид донесе Одлука за субвенционирање на следните граѓани кои аплицираа на јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за набавка...
Млади охридски музички надежи како предвесници на 65то издание на фестивалот Охридско лето
Post Views: 273 Талентираното клавирско трио составено од младите охридски музичарки Ана Кузманоска (клавир), Лина Николеска (виолина) и Антица Николоска (виолина), ќе има свое деби во рамките на програмата „Подиум на млади“ организирано од Музичката младина на Македонија, како предвесник на 65-тото издание на реномираниот фестивал „Охридско лето“.Ана Кузманоска е ученик во ООМУ „Методи Патче“ – Охрид, во класата на проф. м-р Ана Ѓорѓиоска.Лина Николеска се образува во ДМУ „Тодор Скаловски-Тетоец“ – Струга, во класата на проф. Тони Арслан, под менторство на проф....
„Носи кацига“, превентивна активност на СВР Охрид
Post Views: 122 Вчера Oтсекот за превенција при СВР Охрид реализира превентивно-едукативна активност „Носи кацига“, наменета за лицата кои управуваат велосипеди, моторцикли и електрични тротинети.-Целта е јакнење на свеста кај учесниците во сообраќајот за внимателно и одговорно управување со овие средства во сообраќајот. Тие беа информирани за законската обврска, но и за придобивките од користењето на заштитна опрема (кацига) при управувањето со нив, се вели во соопштението од СВР Охрид.Од СВР Охрид инфомираат и дека во директни контакти со овие учесници во...
На Петровден ќе се одржи традиционалната староградска пловидба „Ој љубов, љубов“
Post Views: 161 Во сабота, 12 јули, традиционално на празникот Петровден ќе се одржи 6. по ред најохридски настан на годината.–Традиционално, во 17:30 часот е збирното место на сите пловни објекти, искучиво со веслање, е плажата Канео. Се плови до Старото пристаниште – Островче и во 18:30 часот настанот може да се посети и од копно. Дојдете и оваа година, во еден глас да ги испееме сите охридски и македонски песни и да останеме доследни на нашето, од традицијата подарено, велат организаторите.Настанот е во организација на Културолошка иницијатива 5 до 12, а во...
Во охридската гимназија одржана Летна школа за архитектура
Post Views: 127 Изминатите денови ОСУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид беше домаќин на дел од активностите на Летна Школа за Архитектура (2025) со студенти и тутори од Словенија. Учесниците кои беа дел од истата беа придружувани од професорот по историја Михаил Патчев.-Активностите, кои се одржуваа на повеќе локации низ Охрид, започнаа со организирана групна посета на Гимназијата во присуство на нашиот професор Михаил Патчев, кој ги запозна гостите со историјата и актуелната состојба на училиштето. Исто така, околу идните планови за реобнова на нашата Гимназија беа...
Денес крводарителска акција во СВР Охрид
Post Views: 89 Црвен крст Охрид продолжува со реализирање на програмата за крводарителски акции за 2025 година, а денес во период од 9 до 12 часот својата скапоцена течност ќе ја даруваат вработените од СВР Охрид.– Ги покануваме сите вработени во СВР – Охрид да ја искажат својата хуманост, да ја донираат својата скапоцена течност и да спасат нечиј живот, се вели во соопштението од Црвен крст Охрид.
Денес прекин во водоснабувањето во стариот дел на Велгошти
Post Views: 82 Од ЈП Водовод информираат дека поради преприклучување на сите објекти на новата водоводна линија на улицата „Воденичарска“ во село Велгошти, денес од 08:00 до 14:00 часот ќе има прекин во водоснабдувањето во стариот дел од село Велгошти.
Преподобен Давид Солунски
Post Views: 147 Родум солуњанин. Прво се подвизуваше во близината на Солун, во една колиба подигната под бадемово дрво. Подоцна го продолжи подвигот во Тесалија. Постејќи, бдеејќи и молејќи се толку се очисти, што се удостои со голема благодат од Бога. Еднаш зеде жар во раката, стави темјан и го покади царот без ни малку да си ја повреди раката. Кога го виде ова, царот му се поклони до земја. Со своите многубројни чуда ги восхити луѓето. Се упокои мирно и се пресели во блажената вечност во 540 година.
Денес сончево време, од утре значително опаѓање на дневната температура
Post Views: 96 Во Охрид денес сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до умерен ветер од западен правец.Поради продор на посвежа воздушна маса од север и засилен северен ветер (над 60 km/h) денес, а особено утре ќе има значително опаѓање на дневната температура (од 8 до 10 степени). Денес претежно во северните делови ќе има повремен локален дожд, а во петок услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Во деновите потоа времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а температурата ќе биде во постепен...
Во Струга отворен генерален конзулат на Република Албанија
Post Views: 301 Со низа свечености, интонирање на албанската и македонската химна, денес во Струга беше отворен генералниот конзулат на Р.Албанија.Конзулатот ќе им овозможи на граѓаните полесен пристап до конзуларни услуги и поблиска врска со институциите на двете земји, што е особено значајно за луѓето кои секојдневно се движат преку границите, поради семејни врски, бизнис, транзитирање или туризам, рече министерот Муцунски. – Односите и соработката меѓу двете земји се засновани на доверба, почит и посветеност, за реализирање на...
ОВР Струга со превентивно-едукативната кампања „Да ги заштитиме шумите од шумски пожари и бесправна сеча“
Post Views: 264 Со цел подигнување на јавната свест за потребата од заштита на шумите од пожари, ОВР Струга, ја спроведува превентивно-едукативната кампања „Да ги заштитиме шумите од шумски пожари и бесправна сеча“.Како што информираат од СВР Охрид, на терен тимови од полициски службеници контактираат со граѓаните, им делат флаери со едукативна содржина и низ кратки разговори, ги потсетуваат на општите мерки за заштита од пожар, на посебните превентивни мерки и препораки за заштита на шумите од пожари, да ја почитуваат забраната за движење низ шуми и како да се однесуваат...