Автор: инфодеск
Views: 260 Харфистката Алиса Садикова ќе одржи концерт вечерва во 21 часот, во црквата „Св. Софија“ во рамките на фестивалот Охридско лето. Таа ќе изведе дела од Јохан Себастијан Бах, Клод Дебиси, Петар Илич Чајковски, Вилхелм Посе, Фредерик Шопен и од Беджик Сметана.Уметнички раст на Алиса Садикова е видлив уште од раната возраст кога дебитирала на светската музичка сцена. Родена е во Санкт Петербург и започнува да учи харфа во класата на Карина Малееве во Специјалната школа за талентирани деца при Конзерваториумот „Николај Римски-Корсаков“ во Санкт Петербург. Образованието го...
Кривични пријави за марихуана и МДМА во Охрид
Views: 185 СВР Охрид поднесе кривична пријава против 37-годишен жител на Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.На 10.12.2025 година во Охрид, откако забележал полициски службеници, пријавениот фрлил марихуана и се обидел да побегне, но бил спречен. Марихуаната била пронајдена и одземена.СВР Охрид поднесе кривична пријава и против 24-годишен жител на Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во...
„Последната роза на летото“ – музички раскош и европски дух на „Охридско лето“
Views: 181 Со прекрасна музичка вечер исполнета со емоција, раскошен звук и врвна интерпретација, синоќа во црквата „Света Софија“ беше одбележана традиционалната Вечер на Европската унија во рамките на фестивалот „Охридско лето“.Под насловот „Последната роза на летото“, публиката имаше можност да ужива во извонредниот концерт на ирскиот виолинист Дејвид Тобин, пијанистот Фингин Колинс од Ирска и унгарско-ирската флејтистка Јохана Кезеи.Прекрасниот амбиент на „Света Софија“ дополнително ја збогати музичката приказна, во која се испреплетоа раскошните тонови на виолината,...
Бензините поевтинуваат за 4 денари, дизелот поевтинува 8 денари
Views: 206 Од вечерва на полноќ се намалуваат малопродажните цени на горивата во земјава, согласно методологијата што ја користи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).Просечното намалување на цените изнесува 5,81 отсто.Цената на ЕУРОСУПЕР-95 се намалува за 4 денари и од полноќ еден литар ќе се продава по 87 денари.За 4 денари поевтинува и ЕУРОСУПЕР-98, чија нова цена ќе изнесува 89 денари за литар.Најголемо намалување има кај дизелот. ЕУРОДИЗЕЛ поевтинува за 8 денари, па еден литар ќе чини 91,50 денари.Новите малопродажни цени стапуваат во сила вечерва на полноќ.
ИЈЗ: Лицата над 65 години да не излегуваат од 11 до 17 часот поради топлотниот бран
Views: 213 Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) апелира до лицата над 65 години да избегнуваат излегување и изложување на сонце во периодот од 11 до 17 часот поради високите температури и топлотниот бран.Според ИЈЗ, лицата над 65 години се една од ризичните категории на населението, бидејќи со возраста организмот потешко се приспособува на високите температури. Дополнителен ризик претставуваат хроничните заболувања и терапијата што ја користат дел од повозрасните лица, бидејќи одредени лекови можат да влијаат врз реакцијата на организмот на топлина.Според Управата за хидрометеоролошки...
Струга на 12 август ќе спроведе дезинсекција против комарци
Views: 227 Општина Струга ги известува граѓаните и пчеларите дека на 12 август 2026 година, среда, на територијата на општината ќе се спроведе теристичка (од земја) и аеросолна дезинсекција за уништување на комарци.Запрашувањето ќе се врши во вечерните часови, со почеток во 20:00 часот, и ќе трае до раните утрински часови. Ќе се користи апарат за УЛВ ладно запрашување.Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени сите населени места на територијата на Општина Струга.Од Општината апелираат до пчеларите и пчеларските здруженија да преземат соодветни мерки за заштита на пчелите во периодот...
Сардина или туна? Едната има дури 7 пати повеќе омега-3 масни киселини
Views: 230 Ако се двоумите меѓу сардина и туна, разликата не е само во вкусот. Едната содржи значително повеќе омега-3 масни киселини, додека другата има мала предност кога станува збор за протеините.Двете обезбедуваат квалитетни протеини и омега-3 масни киселини, но изборот зависи од тоа што ви е приоритет.Сардините имаат голема предност во омега-3Ако сакате поголем внес на омега-3 масни киселини, сардините се подобар избор. Порција конзервирани сардини од 85 грама може да содржи околу 842 милиграми EPA и DHA, додека истата количина конзервирана светла туна содржи приближно...
Од денеска до 14 август Охрид ќе биде домаќин на „Недела на млади 2026“
Views: 183 Во организација на Младински Центар Охрид, од 10ти до 14ти август ќе се одржи „Недела на млади 2026″ – петдневна програма исполнета со бесплатни едукативни, културни и забавни активности за младите.Програмата опфаќа Летна школа за гитара, Летна школа за Flipbook анимација, изложба и проекција на краткометражни филмови, младински круг посветен на волонтерството, јога покрај езеро, како и Game Night Fest со турнири и друштвени игри.Централниот настан ќе се одржи на 12ти август, по повод Меѓународниот ден на младите, со почеток од 20:00 часот, пред хотел „Палас”...









