Skip to main content

Автор: инфодеск

Силен земјотрес во БиХ

Post Views: 401 Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала утринава е почувствуван во цела Босна и Херцеговина.Според информациите на Европскиот медитерански сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресот бил на 10 километри од Широки Бријег, а земјотресот бил почувствуван во Сараево, Мостар, Широки Бријег и Зеница, како и во Макарска, Тучепи и Плоче.Се почувствува и кај нас – јавуваат од Далмација за хрватските медиуми.Засега нема информации за евентуални штети или повредени.

Продолжи со читање

Дополнителен сезонски превоз на патници

Post Views: 328 Општина Охрид распиша Јавен Оглас за дополнителен сезонски превоз на патници.Врз основа на Одлуката за вршење општински линиски превоз на патници во Општина Охрид бр. 08-7951/10 донесена на седницата на Совет одржана на ден 11.06.2015 година, Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за вршење општински линиски превоз на патници во Општина Охрид бр.08-12305/34 од 06.12.2021 и Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за вршење општински линиски превоз на патници во Општина Охрид бр.08-653/12 од 31.01.2022 година, Oпштина Охрид објавува Јавен...

Продолжи со читање

Две стари гранати пронајдени кај Калишта

Post Views: 394 На 29-ти јуни во ОВР Струга пријавено е дека на брегот на Охридското езеро кај струшкото село Калишта, пронајдени се две стари гранати.Увид и обезбедување на местото извршија полициски екипи, а подигнувањето на гранатите, денеска ќе го изврши претставник на Дирекцијата за заштита и спасување – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Охридскиот театар гостува на фестивал на комедија

Post Views: 396 Охридскиот театар кој работи во рамките на Центарот за култура „Григор Прличев” Охрид, денес гостува на 9-тото издание на Меѓународниот фестивал на комедијата „Гола Месечина” со претставата „Енергични луѓе” во режија на Александар Иваноски.Фестивалот е во организација на Театар комедија од Скопје и трае од 25-ти до 30-ти јуни. Охридскиот театар всушност го затвора Фестивалот на комедија каде учествуваат уште 3 други театри од Македонија и 2 театри од соседството Бугарија и Србија.Оттаму информираат дека Охридскиот театар е во подготовка...

Продолжи со читање

Културно лето во знакот на четворката

Post Views: 465 Интересна програма исполнета со седум алтернативни културно забавни настани за четвртото по ред културно лето во Охрид.Официјалната програма за оваа година вклучува велосипедски и скејтборд еко забави, едриличарска регата, летно кино со автомобили, музички изведби на повеќе млади музичари, а исто така и легендарниот настан на староградска пловидба „Ој љубов, љубов“ со ансамбл Билјана од Охрид. Покрај официјално најавените настани, ќе има и офф програма која ќе биде објавена дополнително.„Четири години веќе со уникатни настани и доживувања за...

Продолжи со читање

Локалната власт одржа состанок со СВР Охрид

Post Views: 268 Со координирани активности на надлежните служби ќе се настојува да се решаваат комунално- сообраќајните проблеми во Охрид летово.Ова беше заклучено на денешниот работен состанок што Секретарот на Општина Охрид, Александар Китески го одржа со претставници од Локалниот инспекторат и од СВР – Охрид, непосредно пред официјалниот старт на летната туристичка сезона.Со цел во Охрид да имаме добра туристичка сезона и задоволни охриѓани и гости, полицијата и локалните инспектори од 1-ви јули заеднички ќе вршат контроли на терен во поглед на утврдување на...

Продолжи со читање

Од петок струјата поскапува за 7,4 отсто

Post Views: 520 За 98,8 проценти од домаќинствата цената на електричната енергија ќе се зголеми за 7,4 проценти.Без блок тарифите цената на електричната енергија ќе се зголемеше за сите домаќинства за 17,74%, наместо за сегашните 7,4% за 98,8% од домаќинствата. Со оваа реформа на тарифниот систем се штитат најранливите категории – изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика.Новите цени за универзалниот снабдувач ЕВН ХОМЕ ДОО Скопје, кои ќе бидат на сила од 1 јули 2022 година се димензионирани скалесто по блокови, така што оние кои...

Продолжи со читање

Скопјанец фатен со марихуана во камп покрај езерото

Post Views: 371 СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.И.(28) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” и „овозможување на употреба наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.При извршен претрес во камп покрај Охридското Езеро, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа марихуана, која тој им ја овозможил за користење на А.Ч. и А.Ј, двајцата од Скопје – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Утре извлекување во живо на 50 вредни награди

Post Views: 323 Заблагодарувајќи се на сите оние кои што учествуваа, ја помогнаа и поддржаа овогодинешната хуманитарна и спортско-рекреативна акција на Црвен крст Охрид „За посреќно детство“ информираме дека извлекувањето на добитниците на 50 вредни награди ќе се изврши утре, четврток, 30-ти јуни во 19 часот во соработка со Мега Продукција, велат од Црвен крст Охрид.Извлекувањето на наградите ќе може да се следи во живо на следниот линк: https://youtu.be/f_4GRBjsUMYПодгответе ги учесничките броеви-талончиња што сте ги купиле и следете го извлекувањето на наградите на...

Продолжи со читање

Градскиот базен по 10 години блесна во вистинскиот сјај

Post Views: 882 После 10 години конечно реконструиран градскиот базен „Атина Бојаџи“. Санирани и исфарбани  се коритата на олимпискиот и детскиот базен. Уредени се и трибините кои беа во распаѓање. Во понеделник се планира отворање на отворениот базен и отпочнување со работа.Најважно е што ќе стартуваат со работа пливачките школи за млади.На 4-ти јули, понеделник, планирано е отворање на пливачкиот базен. Ќе биде заедно со пливачките школи. Ние ова го правиме првенствено за пливачките школи да може да тренираат, бидејќи пливањето е еден од најдобрите спортови за...

Продолжи со читање

Светско првенство во шах за слепи лица

Post Views: 326 Охрид домаќин на 9-тото Светско првенство во шах за слепи и визуелно хендикепирани лица. На шаховското светско првенство ќе настапат 16 репрезентации од светот, со 150-тина шахисти и веле мајстори.Во следните седум денови се очекуваат интересни и незаборавни партии помеѓу шаховските мајстори. Фаворити на годинешното првенство се Украинците, кои покрај војната успеаа да земат учество на ова значајно првенство.Моментално нашите се рангирани на 10-тото место. Сега ќе се трудиме да го подобриме рејтингот. Успеавме да контактираме на некој начин со...

Продолжи со читање

Германија ќе дозволи итен влез на 2000 работници

Post Views: 364 Германските министри изјавија дека владата ќе го забрза издавањето на работни дозволи и визи за неколку илјади странски работници, главно од Турција, со цел да се регулира хаосот што настана на аеродромите поради почетокот на летната сезона.Патниците низ Европа се соочуваат со долги редици на аеродромите поради недостиг на персонал на аеродромите.Многумина со нетрпение ги очекуваат празниците по долгата пандемија, па затоа е фрустрирачки кога се случуваат ситуации како оваа на аеродромите – рече министерот за труд Хубертус Хејл на...

Продолжи со читање