Skip to main content

Автор: инфодеск

86 нови случаи на ковид во земјава

Post Views: 239 Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:Направени се 2.359 тестови, а регистрирани се 86 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 46, Битола – 23, Прилеп и Гостивар – по 4, Куманово, Кавадарци и Велес – по 2, Струмица, Кичево и Виница – по 1.Од вкупниот број на позитивни (86), регистрирани се 9 реинфекции.Регистрирани сe 105 оздравени пациенти од: Скопје – 55, Битола – 21, Штип – 5, Кавадарци – 4, Охрид и Радовиш – по 3, Прилеп, Куманово, Струмица и Берово – по 2, Гостивар,...

Продолжи со читање

Етно фестивал Охрид 2022

Post Views: 473 На 27-ми и 28-ми април во Охрид ќе се одржи прво издание на Етно фестивалот. Манифестацијата е во организација на здружението за интегриран развој „Арт пријатели“, а со поддршка на Општина Охрид.На првата фестивалска вечер ќе настапи етно составот „Монистра“. Со настапот ќе го најави почетокот на нивната турнеја низ Македонија по повод 20 години постоење на македонската музичка сцена.Втората фестивалска вечер, како што најави организаторот, ќе биде во знакот на традиционалните народни носии од сите краишта на Македонија, чиј колекционер е Антонио...

Продолжи со читање

Хотелите за празниците резервирани до 50%

Post Views: 414 За време на Велигденските, Првомајските и Рамазанските празници хотелските капацитети на охридско-струшкото крајбрежје ќе бидат исполнети околу 50%.  За разлика од годините пред пандемијата кога се бараше место повеќе, поради светската економска криза и инфлацијата, интересот кај гостите е преполовен.Најбројни ќе бидат туристите од регионот, од земјите во соседството Бугарија, Грција, Црна Гора, Албанија и Србија.На жалост не можеме да се пофалиме дека исполнетоста ни е на некое ниво како во 2017/2019. Во моментов се бориме да стигнеме некаде до...

Продолжи со читање

Уапсен дечкото на Ријана

Post Views: 592 Американскиот рапер Aсап Роки е приведен во врска со пукањето во ноември 2021 година, објави „Ен-би-си њус“, додавајќи дека апсењето се случило на меѓународниот аеродром во Лос Анџелес во средата.Според истиот извор, полицијата го привела 33-годишниот рапер веднаш штом излегол од приватен авион. Тој пристигнал од карипскиот остров Барбадос каде што беше на одмор со својата девојка поп-ѕвездата Ријана.Полицијата во Лос Анџелес го истражуваше Роки, чие вистинско име е Раким Мајерс, за можна вмешаност во пукање во Холивуд на 6 ноември. Жртвата ѝ кажала на...

Продолжи со читање

Моден креатор киднапирал 19-годишно момче

Post Views: 351 На 20.04.2022 година во 02.43 часот пријавено е дека во станот на модниот креатор Д.К на улица „Добрачина“ се наоѓа 19-годишниот Ш.Х., кој на јавувачот Н.Н., му испратил порака дека е заклучен во шпајз и дека Д.К. му се заканил дека ќе го убие.На раскрсницата од улиците Лаза Пачуа и Васина, патролата го затекнала Ш.Х. кој и пришол на патролата и изјавил дека бил во станот на Д.К., каде по кратка забава Д.К станал агресивен и потоа Ш.Х го фрлил во оставата, па му се заканил дека ќе го убие – се вели во полициското соопштение.Третиот основен суд...

Продолжи со читање

Денес е Велики четврток

Post Views: 339 Со денешниот Велики четврток започнуваат велигденските празници. Нѐ чека продолжен викенд исполнет со традиционалното боење на велигденските јајца и дружење со најблиските.Велики четврток е четвртиот ден од Страсната седмица пред Велигден. Еве кои се традициите за овој празник и што е уште поважно за него.Велики Четврток е нарекуван уште – чистиот четврток и во верски план е запишан од клучни библиски моменти. На Велики Четврток се одржала Тајната вечера, на овој ден Христос упатил молитва кон Бог Отецот во Гетсеманската...

Продолжи со читање

Грчки падобранец висел закачен за авион

Post Views: 320 Избегната е воздушна трагедија откако грчки падобранец останал да виси четири минути закачен за авионот „ц-130“.Авионот на ХАФ полетал од аеродромот во Ларнаки. Кога достигнал височина од 5.000 стапки, првиот падобранец скокнал од авионот.Сепак, падобранот не се отворил, ниту се одвоил, па падобранецот висеше неколку минути на четири и пол метри од леталото. Падобранецот се обидел да го ослободи својот падобран, но бил запрен од сигурносниот прстен што го поврзува појасот со торбата во која се наоѓа падобранот.За среќа, другите во авионот најдоа начин...

Продолжи со читање

Голем Велигденски концерт во сабота

Post Views: 428 Во пресрет на големиот христијански празник Велигден во Охрид ќе се одржи Велигденски концерт.Празничниот настан е закажан за сабота на 23-ти април, со почеток во 19 часот на малата отворена сцена во близина на ТЦ „Амам“.Ќе настапат членовите на КУД „Гердан од бисери“, хорот „Весели Бисерчиња“ и ансамбл „Билјана“.Концертот е под покровителство на Општина Охрид.

Продолжи со читање

Поделени првите хуманитарни пакети

Post Views: 545 30 хуманитарни пакети со прехрамбени производи беа поделени денеска на социјално загрозени лица. Донацијата е од НВО Македонски темплари Командерија Св. Наум Охридски – Охрид, која се одзва на повикот на Црвен крст за хуманитарната собирна акција по повод Неделата на солидарност.Многу ни е мило и ни претставува чест емпатијата, добрината и хуманоста во овие тешки кризни времиња да се покаже на дело, всушност тоа е и големината на еден човек – изјави Елена Ристеска, претставник на НВО Македонски темплари Командерија „Св. Наум Охридски“ – Охрид.Од...

Продолжи со читање

Извршени контроли врз 10 автобуси

Post Views: 483 На 19.04.2022 година од 6 до 10 часот, полициски службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, извршија контроли на 10 автобуси кои вршат јавен превоз на патници во внатрешниот сообраќај.Притоа, не се констатирани прекршоци и други технички неисправности – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Дупки, прашина, кал на дел од ул. Јабланица

Post Views: 637 Во рубриката „Ти си твојот град“ ни пристигнаа слики од нашиот сограѓанин Вали Бајрактар. Тој реагира на неасфалтирана улица, полна со дупки, прашина, кал. Ова е неговиот коментар:Еве каква слика имаме на 500 метри од центарот на Охрид. Кога ќе заврне дожд не можеме да поминеме од калта. Ова место е одма позади хотел „Фламинго“ на ул. „Јабланица“. Преку лето е хаос се плашиме од змии, а преку зима фекалните води излегуваат од шахтите кога ќе врне. Срам ми е да дојде некој на гости од друг град или село – вели Бајрактар за „Ти си твојот град“....

Продолжи со читање

Возило излетало од патот кај Велгошти

Post Views: 342 На 18.04.2022 година во 18.30 часот на улицата „Манастирска” во охридското село Велгошти, патнички автомобил „Митсубиши” со бугарски регистарски ознаки, управуван од К.К.(18) од Охрид, излетал од патот.Тој се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница во Охрид. Увид на местото извршија полициски екипи – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање