Skip to main content

Автор: инфодеск

Се урна спортски авион на островот Брач

Post Views: 441 Спортски авион „Цесна“ утрово се урна на островот Брач ​​во близина на пустината Блаца, јавува „Слободна Далмација“.Според првичните информации сите тројца патници преживеале.Самите побарале помош Екипи на Брза помош, пожарникари и полицајци на Брач ​​се на терен кои се обидуваат да ја утврдат точната локација на падот на авионот, а засега немаат официјални информации за состојбата на пилотите и патниците.Во потрагата се вклучени и дронови.Да потсетиме, на крајот на мај, мал авион Цесна исчезна по полетувањето од пистата во Сплит. Авионот е...

Продолжи со читање

Недела работен ден за туристичките центри

Post Views: 589 Вчера попладне Собранието ги изгласа законските измени – сите трговци во туристичките места ќе можат да работат во недела и на празници, а работниците ќе добијат 100% поголема дневница. Овие законски измени стапуваат на сила веднаш откако ќе бидат објавени во Службен весник.Според министерот Бектеши, со измените и дополнувањата на Законот за трговија се очекува дополнително да се поттикне економската активност во земјата, посебно во туристичките места.Имајќи ги во предвид податоците кои што ги имаме од Државниот завод за статистика за раст на бројот...

Продолжи со читање

Охриѓанец му нанел тешки повреди на малолетник

Post Views: 513 СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство, поднесе известување против 17 годишно лице од Охрид  поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда”.Тој, на 13.05.2022 година на плоштад „Крушевска Република” во Охрид физички нападнал малолетник нанесувајќи му тешки телесни повреди – се вели во соопштението на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Скопјани се карале пред хотел на патот Охрид-Св. Наум

Post Views: 403 На 27.06.2022 година пред хотелски објект лоциран на регионалниот пат Охрид-Св. Наум, нарушен е јавниот ред и мир со викање и агресивно однесување од С.С. и Р.М.К., кон Б.М.(83), В.С.(50) и Д.Д.(51), сите од Скопје.По целосно документирање, против нарушителите ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Доделување стипендии за додипломски студии

Post Views: 440 Општина Охрид распиша јавен повик за доделување стипендии за додипломски студии.Врз основа на член 50, став 1 точка 16 од Законот за локална самоуправа „(Сл.весник на РМ“ бр.5/02), Меморандумот за соработка број 09-4844/1 од 07.04.2022 година, склучен помеѓу општина Охрид и Универзитет за туризам и менаџмент, Скопје, како и Правилникот за начинот, критериумите и постапката за доделување на 15 стипендии за додипломски студии на жители на општина Охрид кои имаат намера да студираат на Универзитетот за туризам и менаџмент Скопје, Градоначалникот на Општина Охрид...

Продолжи со читање

Препораки за заштита од високите температури

Post Views: 323 Поради високите температури кои деновиве ја зафатија територијата на државата, Министерството за здравство апелира граѓаните да ги почитуваат општите препораки за заштита на здравјето. Особено да внимаваат и да преземаат соодветни мерки за заштита од УВ зрачењето.Доколку УВ индексот е повисок од 8, задолжително да се користи крема со заштитен фактор и капа, како и да се внимава движењето надвор да биде во сенка. УВ зрачењето и топлината се најсилни во периодот помеѓу 10 и 14 часот и се препорачува во тој период да биде што е можно помала изложеноста на...

Продолжи со читање

Тела на 46 мигранти пронајдени во камион во Тексас

Post Views: 423 Најмалку 46 тела се пронајдени во приколка на напуштен камион на периферијата на Сан Антонио, Тексас.Од противпожарната служба соопштија дека 16 луѓе, меѓу кои четири деца, се пренесени во болница. Преживеаните имале температура и страдале од топлотен удар и исцрпеност.Камионот бил пронајден покрај пруга во оддалечена област на јужната периферија на градот. Сан Антонио се наоѓа на 250 километри од границата меѓу САД и Мексико и е главна транзитна рута за шверц на луѓе.Трговците со луѓе често користат камиони без документи за да превезуваат мигранти...

Продолжи со читање

Кривични пријави за двајца охриѓани

Post Views: 643 СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.З.(37) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница”.  Тој, на 05.05.2022 година, на приватен имот кај „Св. Еразмо” физички го нападнал С.М. од Охрид, а потоа со остар предмет му упатил закани.Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.Б.(41) од Охрид. Тој, на 07.06.2022 година со тврд предмет упатил...

Продолжи со читање

Блиски средби Охрид 2022

Post Views: 344 Фото клуб Охрид ги поканува сите вљубеници во добрата фотографија, на изложбата „Блиски Средби Охрид 2022“. Oтвaрањето е на 30-ти јуни, во 19 часот, во галеријата на Центарот за култура „Григор Прличев“.Оваа изложба е резултат на соработката помеѓу Фото клуб Охрид и Фото клуб Лесковац. Ќе бидат поставени 40 фотографии од автори од просторите на поранешна Југославија, а се настанати за време на одржувањето на Самитот на фотографи од екс Југославија. Фотографиите се печатени на форекс и се со димензии 40 на 70 см – информираат од Центарот за култура.

Продолжи со читање

Дуќаните во Охрид и Струга ќе работат во недела

Post Views: 547 Собранието ги изгласа законските измени, сите трговци во туристичките места ќе можат да работат во недела и на празници, а работниците ќе добијат 100% поголема дневница.Овие законски измени стапуваат на сила веднаш откако ќе бидат објавени во Службен весник.Според министерот, со измените и дополнувањата на Законот за трговија се очекува дополнително да се поттикне економската активност во земјата, посебно во туристичките места.Имајќи ги во предвид податоците кои што ги имаме од Државниот завод за статистика за раст на бројот на туристи од почетокот...

Продолжи со читање

Келнери и кувари од регионов оваа сезона на Јадранот

Post Views: 555 Огромен број на работници од охридско-струшкиот регион оваа сезона работат на Јадранот. Готвачот Никола Петрески од Струга е еден од нив. Ја затвори својата мини работилница за подготовка на оброци за фабрики и пред три месеци замина во Хрватска. За ТВМ раскажува дека таму секојдневно доаѓаат нови вработени од нашата земја. Готвачи, келнери, шанкери, бармени и собарици.Платите за келнер со платен оброк и сместување се движат од 800 до 1100 евра. За готвач или главен готвач од 1800 до 3000 евра. Се е поголем бројот, бидејќи според мене, условите тука се...

Продолжи со читање

НАСА ја лансираше првата ракета од Австралија

Post Views: 508 Американската Национална воздушно-вселенска администрација – НАСА првпат лансираше ракета од северна Австралија. Со тоа, агенцијата испиша историја, затоа што ова е првото лансирање нивна ракета од комерцијален космодром вон САД.Суборбиталната ракета полета рано утринава по локално време и ќе овозможи да се спроведат астрофизички студии на јужната хемисфера. Ова е, исто така, прво лансирање ракета од австралиско тло по повеќе од 25 години. Лансирана е првата од трите ракети на НАСА од новиот вселенски центар Арнем, што се наоѓа на работ на австралиската...

Продолжи со читање