Автор: инфодеск
Post Views: 12 Светла точка во програмата на Summer Comedy Marathon. Стендап девојки вечерва во Jazz Inn со почеток во 20 часот.Неверојатна стендап вечер во која ќе имате прилика да уживате додека дамите Надица Петрова и Ангела Стојановска си газат. Вечер во која што ќе се смеете на се она што не опкружува. Шоуто не се препорачува на лица под 16 години! НАПОМЕНА!!Сместувањето се врши по принцип на прв дојден, прв послужен.
Џудо Прирачник за лица со интелектуална попреченост креираа Џудо Клуб Дрим и Порака Нова
Post Views: 10 Џудо Клуб Дрим Струга и Порака Нова Струга, заедно со партнерите од Србија и Романија, го креираа Инклузивниот Џудо Прирачник со адаптирани џудо техники за лицата со интелектуална попреченост, во рамки на проектот Џудо за сите (Judo4All), поддржан од Европската Унија.„Примарната цел на овој прирачник е да охрабрат што повеќе џудо клубови во земјата и регионот да практикуваат инклузивно џудо во рамки на нивните тренинзи.“ – велат од Порака Нова Струга.Во овој прирачник ќе може да се прочитаат информации како џудото може да се направи да биде одличен...
Концерт на Франк Дупре Трио и изложба на Александар Томовски вечерва на Охридско лето
Post Views: 16 Фестивалскиот репертоар на 63-тото „Охридско лето“ вечерва ќе донесе концерт на Франк ДупреТриото од Германија и изложба на фотографии од Александар Томовски.Во стандардниот фестивалски термин од 21 часот, во црквата „Света Софија“, триото составено од Франк Дупре на пијано, Јакоб Крупна контрабас и Оби Јенена тапани ќе изведе дела од Николај Капустин, Морис Равел и Леонард Бернштајн.Полни со љубопитност и виртуозност, со леснотија и изразена емпатија, тројцата меѓународно познати уметници од триото на Франк Дупре лесно успеваат да ги надминат наводните...
Започнува расправата за уставните измени на Комисијата за уставни прашања
Post Views: 15 Комисија за уставни прашања во Собранието денеска ќе ја одржи првата седница со единствена точка на дневен ред, Предлог за пристапување кон измена на Уставот на Република Северна Македонија со насоки за изменување и дополнување на Уставот на Република Северна Македонија.По усвојувањето на дневниот ред, се очекува предлогот во 30 минути да го образложи премиерот Димитар Ковачевски, а по него збор дс земат пријавените членови на комисијата, по што право на збор ќе имаат и други пратеници.Измените на Уставот се однесуваат на додавање делови од народи во...
И денеска сончево и топло, од четврток пад на дневната температура
Post Views: 19 Времето денеска во Охрид ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Високa вредност на UV индексот 10.Утринската температура до 19 степени, а максималната дневна ќе се искачи до 37 степени.Во среда во Македонија ќе дува засилен југозападен ветер (на повеќе места над 60 км/час) и ќе се задржи многу топло време со високи утрински и дневни температури. Во четврток кога ќе има значително намалување на дневната температура за околу десет степени.
Охрид полн со туристи го живее шпицот на сезоната
Post Views: 14 Екстремно високите летни температури, придонесоа за голем наплив на туристи на брегот на Охридското Езеро. Во шпицот на летната сезона најбројни се гостите од Холандија, Полска, Англија, Турција и Србија, но и домашните гости. Плажите се преполни, температурата на езерската вода е околу 24 степени, идеална за рекреација.Хотелските капацитети и приватното сместување бележат солидна исполнетост.„Нагласуваме дека холандските туристи се број еден, но застапени се многу и туристите од Полска, оваа година имаме организирани туристи и од Велика...
Посетителите на Галичица да бидат внимателни, апелираат од ПСС Охрид
Post Views: 17 Галичица е отворена за туристички цели пешачење, параглајдинг, возење четириколки, но посетителите мора да го пријават своето присуство и да ја напуштат планината најдоцна до 20 часот.Од Планинската спасителна служба – Oхрид (ПСС) апелираат до посетителите да бидат внимателни и да се движат само во рамките на обележаните патеки.„Апелот да ги почитуваат правилата на планината, да се прилагодуваат на условите кои владеат на планината соодветна да се опремат и да носат доволно количевство на храна и вода и телефон со полна батерија за да може да повикаат...
Поставена фотонапонска централа на СОСУ„Св. Кирил и Методиј„ Охрид
Post Views: 17 Заврши поставувањето на фотонапонската централа на кровот на СОСУ„Св. Кирил и Методиј„ Охрид. Централата е со моќност од 22 kW и ќе биде надополнување на новиот систем на греење на училиштето преку топлотни пумпи што значително ќе ги намали трошоците на оваа образовна институција, а секако ќе придонесе и за заштита на животната средина.Останува да се завршат формалните процедури со ЕВН околу приклучување во дистрибутивната мрежа по што ќе биде ставена во функција.Фотонапонската централа, нејзиното проектирање и поставување е комплетна донација од...