Skip to main content

Автор: инфодеск

Грција заплени руски танкер

Post Views: 463 Руски танкер е запленет од грчките власти во близина на островот Евија. Оваа вест ја објави грчката новинска агенција АНА-МПА, а јави дописничката на МИА од Атина.Управата за спречување перење пари во рамките на спроведувањето на санкциите на ЕУ и НАТО издала одлука со која танкерот останува закотвен во близина на пристаниште во Каристос. Заплената се однесува на самиот брод, а не и на нафтата што ја пренесувал.Грчките медиуми објавија дека танкерот уште од петокот е во близина на грчкиот остров откако се соочил со проблеми со моторот. Со помош на...

Продолжи со читање

Продолжува штрајкот во училиштата и градинките

Post Views: 212 Продолжува штрајкот во училиштата и градинките кој го организира СОНК. Јаким Неделков утринава за емисијата Здраво Македонијо изјави дека членовите на синдикатот не се согласувале со висината на предлогот на владата за зголемување на платите од 10 проценти.Тој се надева дека до крајот на неделава ќе се изнајде решение за децата да се вратат на училиште.Јованка Тренчевска, министерка за труд и социјална политика за Утрински брифинг вели дека правото за штрајк е регулирано со закон за работни односи и колективните договори за детска заштита и...

Продолжи со читање

Охриѓанец си пазарел со туѓа платежна картичка

Post Views: 379 СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Д. (38) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во комјутерски систем”.Тој, на 01.03.2022 година и 08.03.2022 година, без знаење и одобрение од оштетениот С.П. од Охрид, ја искористил неговата платежна картичка и од истата извадил парични средства, а потоа ја користел при купување во маркети и други продажни места – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Нови 5 генерации ја завршија Бреинобреин програмата

Post Views: 206 Нови пет генерации на ученици успешно ја завршија комплетната Бреинобреин програма во Центарот за развивање на животни вештини БОБ-Црвен крст Охрид.За таа прилика, на пригодна свеченост, во присуство на родителите, покрај стекнатите меѓународно признаени сертификати за завршени 10 нивоа на интернационалната Бреинобреин програма, традиционално, на децата од страна на тренерите им беа доделени соодветни таблоа.Центарот за развивање на животни вештини Бреинобреин – Црвен крст Охрид работи под франшизерство на Бреинобреин академијата од...

Продолжи со читање

Органодарителството се` уште на многу ниско ниво

Post Views: 439 Дарувањето органи се смета за највисок чин на хуманост. Во моменти кога згаснува еден живот, да се подари живот некому, кој го делат денови до смртта, е бесценето. Националното здружение „Храбро срце“ деновиве започнува нова кампања за подигнување на јавната свест. Под мотото „Предизвик“ ги повикуваат младите, со објавување видеа, да ги поддржат на социјалните мрежи.„Секој кој сака да го поддржи здружението треба да сними видео со поддршка за здружението и подигање на свеста за органодарителството. Го објавува видеото на својот инстаграм профил, го обележува...

Продолжи со читање

12 возачи управувале возило под дејство на алкохол

Post Views: 352 На 16/17.04.2022 година од 22 до 04 часот, на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени контроли во патниот сообраќај.Притоа, полициските службеници затекнале 20 возачи кои управувале моторни возила под дејство на алкохол (Охрид-12, Струга-02, Кичево-06). Тие се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Пецаков ги прими младите таеквондисти

Post Views: 413 Градоначалникот Кирил Пецаков ги прими охридските таеквондисти.Христијана Парулеска, Давид Крстески и Елена Јанеска освоија високи награди на Европското таеквондо ИТФ првенство во Пореч, Хрватска.Младите спортисти се напреваруваа во повеќе категории во конкуренција од 850 натпреварувачи од 24 држави.Градоначалникот Пецаков им честиташе за постигнатите успеси и во името на Општина Охрид им додели еднократна парична награда, како мотив за понатамошни спортски достигнувања.

Продолжи со читање

Акција за чистење на дивите депонии

Post Views: 389 Од раните утрински часови се спроведува целодневна акција за расчистување на дивите депонии на територијата на општина Охрид.Се чистат диви депонии мапирани од страна на ЈП „Охридски Комуналец“на неколку локации во градов.Во акцијата ќе бидат вклучени 50 луѓе и механизација, багери, камиони, трактори.

Продолжи со читање

Амбасадори и дипломати во посета на Општина Охрид

Post Views: 365 Амбасадори и високи дипломати од странските амбасади во нашата држава беа во посета на Општина Охрид. Оваа посета е дел од промотивниот караван за презентација на економските потенцијали и инвестициските можности на Југозападниот регион.Градоначалникот Кирил Пецаков истакна дека ваквите средби и активностите се една исклучителна множност да се согледаат резултатите од досегашната соработка. Да се разговара за идните планови и можностите за економски вложувања, кои се во интерес на граѓаните на општина Охрид и останатите општини од Југозападниот...

Продолжи со читање

Тешка кражба во Стара касарна

Post Views: 327 На 15.04.2022 во 12:30 часот во СВР Охрид е пријавена тешка кражба од помошен магацин за расходувана опрема на СВР Охрид кој се наоѓа во Стара касарна.Притоа се одземени солзавци, шок бомби и други предмети кои биле предвидени за расходување. Известен е јавен обвинител и Одделот за вантрешна контрола и се преземаат мерки за расчистување на случајот – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Економско дипломатски караван во Струга

Post Views: 483 Потребни се итни економски мерки за ублажување на последиците од светската економска криза. Да запре миграцијата на младите стручни кадри и отворање на нови работни места. Само така може да се намали високата стапка на невработеност во Југозападниот регион во земјава. Ова се дел од заклучоците на првиот економско – дипломатски караван. Караванот се одржа во Струга, во организација на министерството за наворешни работи.Пред европските амбасадори беа презентирани економските потенцијали на компаниите и инвестициските потенцијали на Југозападниот...

Продолжи со читање

Спорните легализации повторно пред советниците

Post Views: 396 Советот на Општина Охрид 10 тата седница во понеделник ќе ја отвори со советнички прашања. На дневен ред се 24 точки меѓу кои измени и дополнувања на неколку годишни програми и измена и дополнување на буџетот за 2022 година. Советниците ќе одлучуваат и за изменување и дополнување на одлуката за авто такси превоз на патници во општина Охрид, за донесување Правилник за субвенционирање на линиски превоз на патници, кој заеднички го организираат општина Охрид и општина Дебрца, за изменување на Правилникот за субвенционирање на општински линиски превоз на патници на...

Продолжи со читање