Автор: инфодеск
Post Views: 627 На 13.04 2022 година во ОВР Струга пријавено е сквернавење на гроб на Градските гробишта во Струга.Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот, по што ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
Пожар во Индија, загинаа најмалку 6 лица
Post Views: 249 Најмалку 6 лица загинаа, а 12 се повредени во пожар кој зафати хемиска фабрика во Индија.Снимките од местото на настанот покажуваат голем пожар, при што најмалку две тела лежат на подот на фабриката.Постои можност бројот на жртви да се зголеми. Станува збор за фабрика за хемиска обработка и таму се складирани боци со гас – изјави В. Прасана Венкатес, службеник во областа Елуру, за „Ројтерс“.Тој изјави и дека засега не е позната точната причина за пожарот, кој надлежните го истражуваат, но можно е да се работи за експлозија на плински боци....
Засилени сообраќајни контроли
Post Views: 236 На 13.04.2022 година, при преземени мерки во сообраќајот, полициските службеници од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид извршиле контрола на 12 автобуси кои вршат јавен превоз на патници.Притоа не констатирале технички и други неисправности. Воедно, затекнати и санкционирани се 14 пешаци кои, преминувале коловоз надвор од обележан пешачки премин (Охрид-05, Струга-09). Полициските службеници во Кичево, затекнале 13 возачи кои во населено место управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената. Ним, им се изречени...
Тепачка на булеварот Туристичка
Post Views: 385 На 13.04.2022 година во 12:20 часот на булеварот „Туристичка” во Охрид нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Б.Н. (22) врз А.М. (23), двајцата од Охрид.Напаѓачот е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
Активности за уредување на СРЦ „Билјанини извори“
Post Views: 379 Деновиве се уредуваат тревните површини на Спортско-рекреативниот центар „Билјанини извори“ во Охрид.Пролетните активности во насока на хортикултурното уредување на СРЦ “Билјанини Извори” во полн ек. Се средуваат неколку илјади м2 тревни површини. Активностите продолжуваат и во наредните денови – информира директорот Тео Андоноски.
Од 1-ви мај до 31-ви август во Грција само со пасош
Post Views: 314 Сертификатот за вакцинација или прележан ковид-19, како и задолжителниот тест за невакцинираните што важат за влез во сите простори во внатрешноста на Грција, од 1 мај до 31 август се укинуваат, а за правилата за патување во земјата, дополнително ќе се донесе одлука, јави дописничката на МИА од Атина.Министерот за здравство на Грција Танос Плеврис, претпладнево ги соопшти одлуките на Владата за олабавување на мерките, меѓу кои, освен укинувањето на сертификатот, се укинува и задолжителната маска на затворено од 1 јуни, како и задолжителниот селф тест за...
Да се укинат ковид сертификатите за влез во земјава
Post Views: 243 Да се укине задолжителното поседување сертификат за вакцинација или прележаност на КОВИД-19 за влез во земјава. Ова го предложи денеска Комисијата за заразни болести.Овие потврди ќе останат да важат за влез во угостителски објекти. За оваа обврска при влез во ресторани и барови не е препорачано да биде укината бидејќи Комисијата смета дека не е добро да се укине сè одеднаш.Постепеното укинување на мерките дава резултат и тоа се гледа по секојдневниот пад на бројките – изјави портпаролот на Комисијата за заразни болести, д-р Злате Мехмедовиќ....
Македонски филм „Сестри“ пред струшката публика
Post Views: 426 Македонскиот филм „Сестри“ во вторник и среда ќе се прикажува во НУЦК „Браќа Миладиновци“ во Струга.Ова е дебитански филм на Дина Дума, која го напишала и сценариото заедно со Мартин Иванов. Филмот ја имал својата премиера на Филмскиот фестивал во Карлови Вари, каде во официјалната селекција ја добил специјалната награда од жирито.„Сестри“ беше македонски кандидат за Оскар на 94-тото доделување на оскарите, како и првиот македонски филм на „Нетфликс”.Филмот е со почеток во 19 часот, а влезот ќе чини 100 денари.
Охриѓанец со возило избегнал сообраќаен пункт
Post Views: 265 На 12.04.2022 година во 18:15 часот, во СВР Охрид приведен е С.К. (22) од Охрид.Тој претходно на улицата „Егејска” во Охрид, со патничко возило „Корса” во кое бил и С.К. (24) од Охрид, го избегнал сообраќајниот пункт на кој полициски службеници преземале мерки во сообраќајот – информираат од СВР Охрид.По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.
Унапредување на женското претприемништво
Post Views: 255 Жените претприемачи треба да го добијат заслуженото место. Здружението на бизнис жени во земјава изработи Национална стратегија за женско претприемништво и платформа со цел економско јакнење на жената преку поттикнување на женското претприемништво.Се смета дека жената многу посвесно и поодговорно го води бизнисот. Сепак, во земјава дури 90% од жените претприемачи поседуваат микро или мали бизниси. Причина за тоа е менталитетот, велат жените претприемачи.„Жената за да може да работи треба да има имот на свое име, затоа што бизнисот не расте доколку...
Субвенции за набавка на инвертер клима уред
Post Views: 200 Со цел да ги стимулира жителите за примена на посовремени уреди за затоплување на своите домови, кои се поекономични, енергетски поефикасни и еколошки прифатливи за околината, Општина Охрид на жителите кои имаат купено посовремен уред за затоплување – инвертер клима уред во 2022 година ќе им надомести дел од трошоците направени при набавка на уредот во висина од 50%, но не повеќе од 15.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство.Повеќе информации на следниот линк
Улица со дупки и кал во строг центар на Охрид
Post Views: 452 Во рубриката „Ти си твојот град“ пристигнаа слики од Јован Блажевски. Тој реагира на неасфалтирана уличка која е во многу лоша состојба, особено кога врне дожд. Ова е неговиот коментар:Станува збор за улицата Даме Груев, поточно второто сокаче од десна страна после старото кино. Во строг центар повеќе од 30 години ниедна локална власт не го реши овој урбанистички срам и голем проблем за нас граѓаните кои го користиме овој пат за пристап до нашите домови. Сите плаќаме улично осветлување, а сијалица нема. Кога врне дожд треба со најлони на нозете да одиме. Се...