Автор: инфодеск
Post Views: 36 Поради настанат дефект на водоводната мрежа (пукната цевка со профил ф300 мм), денес од 09:30 часот, без вода ќе бидат корисниците во населбата Црногорци, информираат од ЈП Водовод Охрид.Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен, до завршување со санацијата.
Три дена „Прличеви беседи“ во чест на големиот поет и преродбеник
Post Views: 42 Богата програма на годинешните „Прличеви беседи“. Носители на културната манифестација се НУ “Центар за култура”; НУ Градска библиотека “Григор Прличев”; ООУ “Григор Прличев”; Завод и музеј – Охрид и Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделувања награди и признанија.На 03.02.2024 година (сабота) со почеток во 18.00 часот во Кафе бар „Шила“ ќе се одржи поетски караван: „Добри гости“ од Серијата книжевни гостувања низ Македонија. На 05.02.2024 година (понеделник) во 11.45 часот во НУЦК „Григор Прличев“ ( изложбен салон) ќе биде отворена...
За намалување на дивите депонии Комуналец ќе поставува видео надзор
Post Views: 60 Ќе се поставува видео надзор за намалување на бројот на дивите депонии во охридксиот регион. ЈП Охридкси Комуналец започна постапка за поставување на камери со цел да се спречи несоодветното одлагање на отпадот. Изминативе години комуналното претпријатие се соочува со голем предизвик, диви депонии никнуваат на разни локации. И покрај тоа што се преземаат напори за нивно расчистување после тоа несовесните граѓани повторно одлагаат отпад. Со триесеттина камери се очекува да се воспостави ред.„Може да кажам дека постојано сме на терен еколошката светс кај...
Сончево со температура до 8 степени
Post Views: 65 Во Охрид денеска сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе се искачи до 8. степени.Утре во Македонија ќе има зголемена облачност и ќе дува засилен ветер од северен правец. Потоа следува период на стабилно и суво време со пораст на температурите, информираат од УХМР. фото: Ѓоко Симјаноски
Високо признание за претседателот на ИПА Охрид од OIDE за промовирање на принципите на Обединетите нации
Post Views: 71 Изминатиов викенд (26-28 јануари), во Охрид се одржа јубилејно Собрание на Националната секција на Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) Македонија, по повод 10 години од нејзиното полноправно членство во светското ИПА семејство и 13 години од формирањето на ИПА, оддел Македонија.На собранието, учествуваа претседателот Игно Стојков и членови на Управниот одбор на ИПА Македонија, делегатите од сите ИПА региони во Македонија како и претседатели и членови на делегации од Албанија, Романија, Бугарија, Грција, Кипар, Хрватска, Словенија и Австрија. Со...
Без вода се корисниците во населба Христо Узунов и дел од Бул. Туристичка
Post Views: 49 Поради настанат дефект на водоводната мрежа (пукната е цевка со профил ф 160 мм), денес од 10:30 часот без вода се корисниците на улиците: „Богомилска“ ,„Ѓорче Петров“, дел од Бул. Туристичка и „Даме Груев“ (комплекс згради – Христо Узунов), информираат од ЈП Водовод Охрид.Екипи на претпријатието се на терен до целосно завршување на санацијата, велат од ЈП Водовод.
Левица Охрид: Среде учебна година локалната врши реновирање на охридската гимназија
Post Views: 44 Охридските гимназијалци станаа жртви на предизборната кампања на ДПМНЕ. Второто полугодие за гимназијалците започна во несоодветни и неподносливи услови за изведување на наставата, обвинуваат од Левица Охрид.„Наместо за време на летниот распуст, среде учебна година локалната врши реновирање на охридската гимназија, а директорката Светлана Велкоска послушно ги следи партиските директиви. Деновиве наставата во гимназијата се одвива во неподнослива бучава, а учениците и наставниот кадар се гушат и дават во прашина.“ – се вели во партиското...
Прекин на водоснабдувањето на улиците „7ми Ноември“ и „15ти Корпус“
Post Views: 48 Неколкучасовен прекин во водоснабдувањето на дел од улиците „7ми Ноември“ и „15ти Корпус“ на потегот од автобуската станица до фабриката Езерка, информираа од ЈП Водовод Охрид.Поради интервенција на водоводната мрежа денес од 10:00 часот, ќе има неколкучасовен прекин во водоснабдувањето кај корисниците на наведените улици, велат од јавното претпријатие.






