Автор: инфодеск
Post Views: 220 Од утре во трговските центри, продавниците и маркетите граѓаните конечно ќе можат да влегуваат без маски. Исклучок од оваа одлука ќе бидат здравствените установи, домовите за стари лица и аптеките. Маски ќе мора да се носат во јавниот и такси превоз.Од 13-ти април нема повеќе и изолација за контактите, а министрите дадоа зелено светло и за одржување на училишни екскурзии и настава во природа. Во училиште без маски ќе бидат и средношколците иако оваа препорака беше доставена до кризниот штаб уште пред две недели. На владината седница дозволија и...
Пукање во Њујорк
Post Views: 457 Најмалку 13 лица се ранети при пукање во станица на метро во Бруклин, јавуваат американските медиуми. На истата локација најдени се неколку експлозивни направи, соопшти пожарникарската служба.Њујоршките пожарникари одговориле на повикот на граѓаните кои пријавиле дека се гледа чад на станицата во 36-та улица. Кога полицијата и пожарникарите пристигнале на лице место, нашле повеќе лица ранети со огнено оружје.Breaking: The FDNY says at least 13 people injured after shootings at 2 Brooklyn subway stations. pic.twitter.com/Cb01ZYLf4w— PM Breaking News...
Свикана десеттата седница
Post Views: 235 Свикана десеттата седница на Советот на Општина Охрид на ден 18.04.2022 година (понеделник) со почеток во 9 часот.Седницата ќе се одржи во зградата на Општина Охрид.Д Н Е В Е Н Р Е Д Усвојување на Записникот од 7-та седница1. Советнички прашања.2. Предлог-одлука за примање на донација од Државна Видеолотарија-Касинос Аустриа ДОО Скопје во уредување-реконструкција на мултифункционален терен за ракомет, фудбал и кошарка во општина Охрид.3. Предлог-програма за спроведување на општи мерки за заштита на...
Незаконски секој месец си ја зголемувал платата
Post Views: 283 ОВР Струга поднесе кривична пријава против Р.Ч. (58) од струшкото село Драслајца поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување”.Пријавениот, во својство на благајник-вработен во ЈЗУ „Завод за нефрологија” во Струга, во периодот од 2018 до 2022 година, секој месец во различни износи вршел незаконско зголемување на својата плата со што го оштетил буџетот на болницата, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 342.317 денари – информираат од СВР Охрид.
Пораст на социјални случаи во струшко
Post Views: 242 Расте бројот на социјално загрозени во струшко. Првенствено пандемијата, а дополнително и поскапувањето на цените на храната и на електричната енергија придонесе да порасне бројот на граѓани кои се борат за основна егзистенција. Иако официјално и статистички забележан е раст на платите, зголемувањето на трошоците за живот е поголемо, па излегува дека платите всушност се намалени.Од Црвениот крст Струга велат, секојдневно добиваат барања за помош во храна, облека и основни намирници. Најпогодени се многудетните семејства и самохраните родители.„Факт е...
Пронајдена марихуана во домот на охриѓанец
Post Views: 747 На 11.04.2022 година во 22 часот во СВР Охрид приведен е В.Д. (28) од Охрид.При претрес извршен во неговиот дом, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога, пронајдоа и одзедоа марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.
Безживотно машко тело пронајдено кај Св. Наум
Post Views: 240 На 11.04.2022 околу 10 часот во СВР Охрид пријавено е дека во водите на Охридското езеро, кај комплексот „Св. Наум”, забележано е безживотно машко тело.Јавен обвинител и полициски екипи извршија увид, а лекар од итна медицинска помош констатирал дека нема видливи траги на насилство. Безживотното тело е пренесено во Општата болница во Битола каде денеска ќе биде извршена обдукција – информираат од СВР Охрид.СВР Охрид презема мерки за утврдување на идентитетот.
„Крик за љубов“ повторно пред охриѓани
Post Views: 452 Театарската претстава „Крик за љубов“ во петок ќе биде изведена пред охридската публика.„Крик за љубов“ е во режија на Љупчо Ѓоргиевски. Претставата е со почеток од 20:00 часот, а влезот ќе чини 200 денари.Картите се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066. Претставата ќе се одигра според здравствените протоколи со ограничен број на публика.
Србија планира да набави 12 Рафали
Post Views: 355 Србија планира да набави француски борбени авиони од типот „Рафал“. Ова го изјави српскиот претседател Александар Вучиќ за новинската агенција Ројтерс. Тоа се оценува како нов знак дека Белград се дистанцира од традиционалниот снабдувач на оружје и сојузник Русија“.Се преговара за купување на 12 нови авиони, а со друга земја сме во разговори за набавка на дополнителни 12 половни авиони од истиот тип – посочи српскиот претседател.Како што наведува францускиот весник Трибјун, разговори најпрво биле водени за шест авиони, а потоа за 12 нови летала....
Да се укине носењето маски во затворено
Post Views: 260 Кризниот штаб на Владата ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести да се укине носењето на маски во затворен простор.Исклучок ќе биде јавниот и такси превоз, здравствените установи, аптеките и домовите за стари лица. Одлуката треба да помине и на седница на Влада, односно за укинување на оваа мерка за заштита од ковид-19 ќе се расправа на следната владина седница.Меѓу усвоените заклучоци кои Комисијата ги достави до Кризниот штаб се и укинувањето на обврската за носење маски на физичката настава во средните училишта, како и укинувањето на...
Бобан Грнчаров нов тренер на Вардар
Post Views: 731 Откако вчера официјално се раздели со Никола Глигоров, Вардар денес соопшти дека Бобан Грнчаров ќе го води тимот до крајот на сезоната.Грнчаров неодамна повторно се приклучи на тренерскиот тим на „црвено-црните“, а сега добива шанса да биде и прв тренер до крајот на сезоната.Поранешниот капитен и сегашен член на стручниот штаб на нашиот клуб Бобан Грнчаров, од денеска е назначен за вршител на должноста шеф на стручниот штаб до крајот на оваа сезона – соопшти Вардар.Вардарци имаат големо заостанување зад Воска во битката за втората позиција, но...
Два клуба доставиле понуди до Модриќ
Post Views: 410 Лука Модриќ има желба кариерата да ја заврши во Реал Мадрид. Неговиот договор со „кралскиот клуб“ истекува на крајот од сезоната. Двете страни сеуште не разговарале околу новиот договор.Новинарот на „АС“, Серхио Сантос, на „Твитер“, објави дека два клуба доставиле понуди до Модриќ.Го нема продолжено договорот со Реал. Постои некаков договор, но сеуште нема ништо конкретно. Планот на Реал е да разговара со Модриќ во наредните неколку недели. Реал е приоритет на Модриќ, но на маса има две понуди од други клубови – напишал Сантос.Модриќ од...