Автор: инфодеск
Post Views: 40 Во Охрид денес сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе се искачи до 7. степени.Следува период на стабилно време во Македонија со ниски утрински температури и услови за појава на утринска магла по одделни котлини. Во петок ќе има зголемена облачност и ќе дува засилен ветер од северен правец. Дневните температури ќе бидат во пораст, особено за време на викендот и во почетокот на новата седмица, информираат од УХМР.фото: Ѓоко Симјаноски
Родителите од Струга бараат да се реши статусот на вработените во детските градинки
Post Views: 41 Силна поддршка од родителите за негувателките и воспитувачките од струшките градинки, кои со години работат за надомест од 10 000 денари, без пензиско и здравствено осигурување. Велат секој заслужува достоинствени услови за работа. Родителите се загрижени, доколку дваесеттината ангажирани со договори на дело во струшките градинки од следниот месец не одат на работа, ќе нема кој да се грижи за нивните деца.„Тука сме денес и ние родителите да ја дадеме нашата поддршка за негователките кои максимално се грижат за нашите дечиња, максимално се професионални и...
Познати резултатите од јавните повици од социјалната сфера
Post Views: 35 Општина Охрид ги објави резултатите од јавните повици за финансиска поддршка за семејствата кои имаат деца со тешка попреченост на училишна возраст и лице кое е згрижено во згрижувачко семејство на територијата на општина Охрид.Имињата на граѓаните корисници на еднократната финансиска помош може да се погледнат ТУКА.
Советот на Општина Охрид ја одржа 37-та седница
Post Views: 38 Советот на Општина Охрид денеска ја одржа 37-та седница со 11 точки на Дневен ред.Советниците дадоа согласност за зголемување на вредноста на бодот за за 10% за пресметка на бруто плата на вработените во ЈП „Водовод“ и ЈП „Нискоградба “кои имаат статус на административни службеници за 2024 година. Беа изгласани и измени на ценовникот на услуги на ЈП Нискоградба Охрид – Охрид.Поминаа и одлуките за определување на просечна цена за утврдување на пазарна вредност на градежно и земјоделско земјиште земјиште за календарската 2024 година утврдена врз основа...
Осум години мајката бара правда за убиството на 26 годишниот Димитар Матилоски
Post Views: 39 Осум години по убиството на 26 годишниот Димитар Матилоски од Охрид, убиецот- српскиот турист Бојан Угреновиќ од Кралјево се уште е на слобода. Мајката на момчето кое беше претепано до смрт, после банална расправија во кафуле на Новогодишната ноќ 2016 година, бара правда. Вели, поминаа осум тешки години, исполнети со неизмерна болка и тага, а убиецот, кој е осуден на 16 години затвор е недостапен за органите на прогонот.Таа, обвинува за низа пропусти во судскиот процес.„Убиецот Бојан Угреновиќ од Кралјево како што прочитав во предметот огласен за...
Комедијата „Несфатената цивилизација“ во петок на репертоарот на Народен театар Охрид
Post Views: 41 Одложената претстава НЕСФАТЕНАТА ЦИВИЛИЗАЦИЈА од Добри Војников / гротескна комедија во два чина се презакажува во ПЕТОК 02.02.2024 година Играат: Горан Стојаноски, Стрезо Стаматовски, Павел Маслов, Филип Кипровски, Никола Тодороски и Ивица Цонев.Претстава за културолошкиот и социолошки идентитет на човекот. Претстава за глобализацијата и традицијата, како и за ефектите од нив врз целокупното општествено живеење. Комедија, што преминува во ГРОТЕСКА И ИРОНИЈА, и што прави детална и болна дисекција на нашата целокупна колективна свест.Почеток 20.00...
Започнаа уписите за пролетниот циклус на програмата „ПОЛЕТАРЧЕ“
Post Views: 61 Црвен крст Охрид започнува со уписи за пролетниот циклус на програмата „ПОЛЕТАРЧЕ“ преку која деца на возраст од 3-5 годинипреку игра, забава и дружење ќеја развиваат и јакнат самодовербата, ќе стекнуваат вештини важни за успешно извршување на училишните задачи преку креативни вежби за броење, помнење и концентрација, вежби за размислување, вежби на графомоторика, вежби на фина моторика, вежби за осознавање и разбирање на просторните и временските односи, вежби за говорот и речникот, јазична и математичка писменост, социо-емоционални вежби, вежби за насочување и...
Жена од охридско пријавила во полиција дека двајца малолетници ја допирале нејзината малолетна ќерка
Post Views: 37 На 25.01.2024 година во 14.20 часот во СВР Охрид, 32 – годишна жена од едно охридско село пријавила дека во селото двајца малолетници ја допирале по телото нејзината малолетна ќерка.„За настанот се известени Центарот за социјални работи Охрид и јавен обвинител, по чии насоки се преземаат мерки за негово расчистување.“ – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.







