Автор: инфодеск
Post Views: 441 Потрагата на Ентони Бриџертон по жена во втората сезона на „Bridgerton“ ја стави серијата на првото место на листата на Netflix на 10 најгледани серии на глобално ниво.До изминатата недела, серијата има скоро 252 милиони часа гледање. Интересно е што првата сезона на серијата моментално е во Топ 10 во дури 89 земји во светот и моментално е втората најгледана серија на Netflix, со дури 53 милиони часа гледање во текот на изминатата недела.Серијата е инспирирана од романите на Џулија Квин. Првата сезона ја следеше најстарата ќерка на семејството...
Се самоуби српскиот актер Бојан Лазаров
Post Views: 471 Српскиот актер Бојан Лазаров (50) трагично почина во Белград. Актерот скокнал од мостот на Ада, а на самото место на трагедијата бил оставен неговиот автомобил, во кој било пронајдено проштално писмо.Лазаров на многумина им е познат по улогите во „Белградски фантом“, „Мирисот на дождот на Балканот“, „Вистина и лаги“, „Тајните на лозата“, „Црвена месечина“ и „Викенд со тато“. Зад себе остави десетици улоги во театарот и филмот.Од 1996 година глумеше во театар, филм и телевизија. Беше постојан член на Малиот театар „Душко Радовиќ“, а беше и во ансамблот на...
Ново поевтинување на горивата
Post Views: 228 Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги одлучи да ги намали цените на горивата.Малопродажните цени на бензините се намалуваат за 1 ден/лит, додека малопродажната цена на дизелот се намалува за 2 ден/лит. Од полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: 80,00 денари/литар ЕУРОСУПЕР БС 95, ЕУРОСУПЕР БС 98 ќе се продава за 82 (денари/литар), а дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС за 80 (денари/литар). Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство не се менува.Малопродажната цена на Мазутот се намалува за 1,127 ден/кг и сега...
Редовна настава во СОУ„Нико Нестор“ во Струга
Post Views: 596 Во средното училиште „Нико Нестор“ во Струга денеска се одржува редовна настава. Половина од професорите не го поддржаа генералниот штрајк на СОНК. Од 126 професори, штрајкуваат 66, а останатите ги згрижуваат учениците и предаваат во две смени.„Тие што држат настава ги згрижија учениците. Се држеше настава до четврти, петти час. Од вкупно 126 наставници, штрајкуваат 66. Имаме настава сабајле и попладне, така да, попладне продолжуваме со настава“ – вели Кети Јанкоска директорка на СОУ „Нико Нестор“ Струга.Од регионалниот одбор на СОНК велат,...
Нарушен јавниот ред и мир пред казино во Охрид
Post Views: 237 На 09.04.2022 година околу 16 часот, во казино лоцирано на улицата „Партизанска” во Охрид, нарушен е јавниот ред со карање, викање и непристојно однесување од Р.К.(45) и С.Ѓ.(42), двајцата од Охрид.Против нив, ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
Пациент скокнал од втор спрат
Post Views: 285 Пациент синоќа скокнал од вториот спрат на Клиниката за неврохирургија во комплексот клиники „Мајка Тереза“.Тој нападнал друг пациент и болничар, по што скокнал од вториот кат.Од МВР за Курир потврдуваат дека ваков настан кај нив е пријавен вчеравечер околу 21 часот.Пријавено е дека Б.З. (62) од Свети Николе кој бил пациент во болницата со тврди предмети кои ги нашол во собата фрлал кон пациентот С.В. (66) од с.Колари, кичевско. Потоа болничарот Н.Б. (23) влегол во собата со цел да ја смири ситуацијата, но Б.З. и кон него почнал да фрла со предмети по...
Субвенционирање на трошоци за комунални услуги
Post Views: 240 Општина Охрид врши обезбедување на правото на остварување на социјална заштита на граѓаните, од средствата на Буџетот на Општина Охрид, во облик на спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за граѓаните кои се изложени на социјални ризици.За таа цел беше објавен јавен повик за поднесување на барања за субвенционирање на трошоци за комунални услуги.Донесените решенија може да ги видите на следниот линк
Управувале возило под дејство на алкохол
Post Views: 210 На 09/10.04.2022 година од 22 до 04 часот, спроведени се акциски контроли.Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале вкупно 13 возачи кои, управувале моторно возило под дејство на алкохол (Охрид-03, Струга-02, Кичево-08). Во Охрид, 7 пешаци се затекнати при преминување коловоз на необележан пешачки премин. Против нив, поднесени се прекршочни платни налози – информираат од СВР Охрид.
Младите да се вклучат во кампањата „Предизвик“
Post Views: 263 Националното здружение „Храбро срце” ги повика сите подмладоци да се вклучат во нивната кампања „Предизвик”.Апелираме до сите политички подмладоци, посебно до политичките како најдобро организирани во државава да ја поддржат нашата кампања и да се вклучат со што би дале свој допринос за што по успешно одвивање на истата, а целта е заедничка и за сите. Нашата цел е да ја подигнеме свеста за органодарувањето како највисок хуман чин што може да се направи за да се спаси туѓ живот. Се што треба да направите е да снимите селфи-видео со поддршка за...
Битолчанец се заканувал на гостиварчанец во Охрид
Post Views: 205 На 08.04.2022 година околу 16 часот, на булеварот „Македонски просветители” во Охрид нарушен e јавниот ред и мир со викање и закани упатени од Т.Н од Битола кон Б.А.(61) од Гостивар.По целосно документирање, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.
Едно лице загина, 17 000 ги напуштија домовите
Post Views: 243 Најмалку едно лице загина во тропска бура на Филипините. Повеќе од 17.000 мораа да ги напуштат своите домови поради поплавите и лизгањето на земјиштето.Тропската бура Меги, локално наречена Агатон, во неделата го погоди источниот брег на земјата.Осумдесет и тригодишен маж се удави во поплавите во провинцијата Давао Де Оро. Две жени се повредени во блиската провинција Букиднон, соопшти Националната агенција за катастрофи.Имаме извештаи за повеќе жртви, но го чекаме официјалниот попис и извештаите на нашите регионални колеги – изјави Марк...
Временските услови поволни за земјоделството
Post Views: 230 Позитивните утрински температури и температурите во текот на денот од околу 18 – 20 степени, неделава ќе овозможат работа на отворено во овоштарниците и лозовите насади, меѓуредова обработка и заштита од болести и штетници, велат агрометеоролозите.Временските услови се поволни и за активности во градинарството, како и во тутунопризводството, нега на леите за производство на расад.Времето е поволно и за подготовка на површините за пролетна сеидба – истакнуваат од УХМР.Според агрометеоролозите и утринските температури кои на некои места е можно да...