Skip to main content

Автор: инфодеск

Торнадо уништи град во Кина за само една минута

Post Views: 398 Силно торнадо вчеравечер го погоди градот Фошан, во провинцијата Гуангдонг во Кина. Торнадото кое траело околу 1 минута, предизвикало штета во областа Нанхаи, објави државната ЦЦТВ.Во градот имало прекин на електрична енергија, бидејќи торнадото ги скинало електричните кабли.Тамошните жители на социјалните мрежи објавија снимки и фотографии на кои се гледаат превртени автомобили, паднати стебла и електрични столбови.Торнадото предизвикало и пожари, а итните служби работеле на локализирање на пожарите. Не се наведува колку интервенции биле направени и...

Продолжи со читање

РКЕ ја одзеде лиценцата на БЕГ

Post Views: 397 Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за престанок на лиценцата за вршење на енергетска дејност производство на топлинска енергија на компанијата БЕГ, информираше денеска претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски.Тој тврди дека нема да има никаков прекин со топлинска енергија во градот Скопје бидејќи оваа компанија ќе ја врши дејноста се додека не се избере нова.Најави дека по завршувањето на главната седница, РКЕ ќе ја информира Владата.Владата понатаму во соработка со Министерството за економија е должна да организира тендер...

Продолжи со читање

Санација на коловозот на улицата 7 ноември

Post Views: 337 Како дел од предвидените програмски планови за одржување и уредување на сообраќајниците во градот, во текот на наредните денови, Општина Охрид ќе реализира градежни активности за санација на ударни дупки и асфалтирање на оштетени делови од коловозите на повеќе улици во градот.Денеска започнаа активности за санација на коловозот на улицата „7-ми ноември“ од крстосницата со булевар „Туристичка“ до пресекот со булевар „Железничка“. Се упатува апел до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сигнализација, а доколку немаат неодложна потреба да...

Продолжи со читање

Санкционирани 21 возач во Охрид

Post Views: 349 На 19.06.2022 година од 15 до 21 часот, на подрачјето на СВР Охрид преземени се засилени контроли во патниот сообраќај.Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 81 возач на патнички моторни возила кои ја надминале дозволената брзина на движење (Охрид-21, Струга-35, Кичево-19, Дебар-06). Апелираме до возачите на моторни возила и до останатите учесници во сообраќајот, доследно да се придржуваат до поставената хоризонтална и вертикална сигнализација и на тој начи, да придонесат за поголема сообраќајна безбедност и подигнување на сообраќајната...

Продолжи со читање

Дизелот поскапува од полноќ

Post Views: 377 Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите цени на нафтените деривати кои ќе важат од полноќ.Како што истакна Марко Бислимовски цената на дизелот ќе се зголеми за половина денар. Бензините пак ќе поевтинат за 1,50 денари.Во текот на денот се очекува да излезе официјалното соопштение со цените на нафтените деривати.

Продолжи со читање

Седмо издание на Вдиши театар

Post Views: 311 Во рамки на своите програми за промоција и негување на хуманите вредности, поттикнување и развивање на креативноста кај младите, Црвен крст Охрид, со големо задоволство Ви го најавува овогодинешното седмо по ред издание на Меѓународниот Аматерски Младински Театарски Фестивал со наслов „Вдиши Театар“.Целта на овој театарски фестивал е поттикнување на младите за искористување на својот театарски потенцијал, креирање театарска игра и прикажување театарски претстави. Фестивалот е можност за промоција на работата на театарски надарените волонтери на Црвен крст...

Продолжи со читање

И новите плажи по терк на постоечките

Post Views: 387 На струшкото крајбрежје ќе се уредуваат нови плажи. Ќе има шанкови, лежалки, чадори и урбана опрема.Ќе се издаваат локации по теркот на постоечките, со договори за закупнина која ја инкасира општината. Првиот човек на градот вели, додека се чека Агенцијата да го изработи Планот за охридското крајбрежје не смее да трпи туризмот, уредени современи капалишта мора да има за туристите.„Има дополнителни места кои ќе бидат плажи, мислам дека во целост сите плажи ќе бидат во функција на сите гости кои ќе дојдат во Струга за летните одмори и имаме направено добра...

Продолжи со читање

Тепачка во близина на Пештани

Post Views: 726 На 20.06.2022 година во 04:45 часот во СВР Охрид пријавено е дека во близина на населбата Пештани нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Д.(75) од една и М.Ѓ.(77) и А.Ѓ.(75), од друга страна, сите од Скопје.Против нарушителите ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Патријархот Порфириј во посета на Охрид и Струга

Post Views: 566 Утре, понеделниk, 20-ти јуни 2022 година, во манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Калишта ќе пристигне делегација на СПЦ предводена од Неговата Светост, српскиот Патријарх г.г. Порфириј,  во чија чест ќе биде отслужена и Доксологија (Славословие), информира Дебарско – кичевската епархијаВо вторник, на 21-ви јуни 2022 година, г.г. Порфириј, од 10:00 часот ќе го посети храмот„ Св. Богородица – Перивлепта“, Галеријата на икони како и другите цркви и културно историски споменици во Охрид и манастирот „Св. Наум Охридски“, соопштуваат од канцеларијата...

Продолжи со читање

Конечно пад на цената на нафтата на берзите

Post Views: 386 Се намали цената на нафтата на светските берзи.На Лондонскиот пазар утрово таа чини 113 долари, а тоа е значително намалување на цената во однос на претходниот период кога чинеше 121 долар за барел.На домашниот пазар последното поскапување на цената на горивата беше пред само два дена, проследено со неколкукратно поскапување во кратко временски период.Според последната состојба се очекува нивелирање на цените од страна на РКЕ со што би се намалиле истите на банзинските станици ширум Македонија.

Продолжи со читање

Запознај го едрењето заштити го езерото

Post Views: 774 По повод денот на езерото Едриличарската федерација на Северна Македонија, во склоп на проектот „Запознај го едрењето, заштити го езерото“ финансиран од делегацијата на ЕУ во РСМ, организира отворен едриличарски ден, односно бесплатни тури со едрилици по Охридското езеро.На 21 јуни, со почеток во 10 часот, на градските пристаништа во Охрид и Струга, сите заинтересирани ќе имаат можност да се запознаат со едрењето . Турите се организирани на секој еден час, со времетраење од по 45мин.Пријавување на официјалната ФБ страна на едриличарската федерација или на...

Продолжи со читање

Snapchat наскоро воведува претплата

Post Views: 429 Со цел да ги зголемат своите приходи некои социјални мрежи воведоа претплата, како што се Твитер и Телеграм. Твитер ја воведе услугата „Blue“, додека од Телеграм неодамна потврдија дека наскоро ќе покренат премиум претплатнички сервис.„Snapchat“ истотака планира да воведе претплата, со тоа што ќе имате опција за бесплатна верзија како досега.Се размислува и за дополнителни опции на „Snapchat Plus“. Можност за корисниците да одберат еден корисник, како и својот најдобар пријател.Ќе има можности за промени „Snapchat“, увид во поголем број на аналитички...

Продолжи со читање