Skip to main content

Автор: инфодеск

Се урна ирански борбен авион

Post Views: 365 Поради технички дефект денеска во централниот регион Исфахан се урна воен авион Ф14 на иранската војска, објавија иранските новински агенции. Пилотот и копилотот безбедно се катапултирале и се здобиле само со полесни повреди.Воен авион Ф14 на воздухопловните сили претрпе технички дефект за време на мисија утринава при слетувањето во базата Шахид Бабаеи во Исфахан – соопшти Иранската новинската агенција.Расул Мотамеди, началникот на воениот оддел за односи со јавноста во Исфахан, за новинската агенција Фарс изјави дека воениот авион од американско...

Продолжи со читање

Најмалку 41 загинат во поплави во Бангладеш и Индија

Post Views: 340 Во монсунските бури во Бангладеш и Индија загинаа најмалку 41 лице. Невремето предизвика разорни поплави кои оставија милиони домови под вода и ги прекинаа транспортните врски, соопштија денеска властите.Поплавите се редовна закана за милиони луѓе во нискиот Бангладеш, но експертите велат дека климатските промени ја зголемуваат нивната фреквенција, жестокост и непредвидливост.Немилосрдните дождови во текот на изминатата недела поплавија огромни делови од североисточниот дел на Бангладеш, при што војници беа распоредени за да ги евакуираат домаќинствата...

Продолжи со читање

Улицата Кленоец преполна со вода и фекалии

Post Views: 971 Во склоп на рубриката „Ти си твојот град“ слики испрати Христијан Атанасов кој реагира на проблем на улицата „Кленоец“ пред Касарната. Ова е неговиот коментарКога врне дожд целата улица е преполна со вода, шахтите излеваат и сите фекалии завршуваат на улицата. Повеќепати се имаме обратено до надлежните, но никој не превзема ништо и проблемот сеуште не е решен. Проблемот постои до години наназад и секогаш кога врне имаме поплави, езера по сите дворови. Се надеваме дека ова ќе допре до надлежните – вели Атанасов за „Ти си твојот град“.

Продолжи со читање

Планински фестивал Магаро 2022

Post Views: 275 Авантуристичкиот клуб Mountain Madness по трет пат организира викенд со многу авантура, планинарење, велосипедизам, логорување, забава и уживање.Денес 18 јуни започнува оваа авантура со велосипедска тура и логорување во месноста Корита. Главниот настан, искачување до врвот Магаро ке биде на 19 јуни(недела) од 08 часот. Акцијата започнува со стартна точка од месноста Липова Ливада на 1 600мнв.Патеката е во должина од 9км и во време траење од 5часа во двата правци.После завршувањето ке се организира забава на плажата Св.Наум. Галичица е...

Продолжи со читање

Охрид работи на развој на спортски туризам

Post Views: 554 Се подобруваат условите на спортската инфраструктура на СРЦ „Билјанини извори“.На терените на подготовки, моментално тренираат фудбалски тимови од Албанија и Косово.Јавното претпријатие планира подобрување на условите. Изградба на дополнителни терени за потребите на спортистите и подобрување на спортската инфраструктура. Како град, кој има идеална клима и надморска височина, треба да се стремиме кон развој на спортскиот туризам, затоа што бенефит има целиот град, вели директорот Теодор Андоноски.Најави од спортски екипи за припреми имаме. Моментално...

Продолжи со читање

Свикан Собир на граѓани за Урбана заедница Воска

Post Views: 336 На 20.06.2022 (понеделник) со почеток во 19 часот се свикува Собир на граѓани за Урбана Заедница-4 „Воска“.Урбана заедница – 4 „Воска“ го завзема најголем дел од западното крајбрежје и се граничи со: од Исток со ул. „Бистрица”, од Запад река „Даљан”, од Север булевар „Туристичка” – клучка, и од Југ „Охридско Езеро”, реката „Грашница”.Заради вршење избор на членови на совет на урбана заедница, се повикуваат сите полнолетни лица кои според лична карта имаат живеалиште во следните улици:-ул. „Гоце Делчев” – од бр.231 до крај и од бр.252 до крај пресек...

Продолжи со читање

Промоција на Луѓенца од Лилјана Пандева

Post Views: 432 Збирката раскази „Луѓенца“ ќе биде промовирана пред охриѓани во Сабота на 18.6.2022 г. од 18:00 часот во кафе и бар „Шила“ во Охрид.„Луѓенца“ од Лилјана Пандева е книга составена од седумнаесет исклучително впечатливи (навидум едноставни) мајсторски раскажани необични приказни за навидум „обични“ ликови.Читајќи ги овие раскази се наоѓате среде еден исклучително богат универзум во кој човековата историја е ткаеж од насмевки и солзи и долг од двете точки: раѓањето и смртта.Тука ги гледате сите оние луѓе што минале покрај вас, што истовремено се...

Продолжи со читање

Комуналец секојдневно се соочува со неред по улиците

Post Views: 410 Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ повторно на терен со низа активности низ Охрид, Лескоец и Трпејца.Секојдневно соочување со неред по охридските улици. Несовесни граѓани депонираат отпад насекаде. Расчистени само денес 6 локации со кабаст отпад. Чистење, шпаклирање и косење во с.Лескоец и с.Трпејца – велат од ЈП „Охридски Комуналец“.

Продолжи со читање

Загинаа две лица при пукање во Алабама

Post Views: 365 Две лица загинаа при пукање во црква во американската држава Алабама. Напаѓачот е уапсен, соопштија денеска властите.Пукањето се случило за време на собир на мала група луѓе во епископската црква „Свети Стефан“ во Веставија Хилс, град со околу 34.000 жители.Уапсениот влегол во црквата и пукал, при што повредени се три лица, од кои две им подлегнале на повредите.Ова не би требало да се случи никогаш ниту во црква, ниту во продавница, ниту во градот, ниту каде било – изјави гувернерката Кеј Ајви.

Продолжи со читање

Градоначалникот на Ракалмунто во посета на Охрид

Post Views: 378 Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков оствари протоколарна средба со неговиот колега, градоначалникот на општината Ракалмунто, Винченцо Маниглиа.На средбата градоначалниците разговараа за воспоставување на соработка во повеќе области. Бидејќи и двата градови изобилуваат со културно – историски знаменитости се отвораат можности за соработка во областа на зачувување и нивно промовирање.Соговорниците разговараа и за предизвиците со кои Охрид се соочува во насока на зачувување на статусот на УНЕСКО и за ЕРАЗМУС + програмата и за размена на искуства.

Продолжи со читање

Kонференција за општа и семејна медицина во Охрид

Post Views: 382 Со свое обраќање вчеравечер Градоначалникот Кирил Пецаков свечено ја отвори 7-та конференција на лекарите од општа и семејна медицина на Југоисточна Европа, која до 19-ти јуни ќе се одржува во Охрид.Овој академски собир е еден од најголемите во областа на општа и семејна медицина на Југоисточна Европа и затоа верувам дека од него ќе произлезат значајни податоци и научни заклучоци, кои ќе дадат нов импулс во третманот и негата на пациентите во примарното здравство– истакна Градоначалникот Пецаков.Се надевам дека преку заедничка заложба и размена...

Продолжи со читање

Кина со трет носач на авиони од свое производство

Post Views: 391 Кина официјално го пушти во пловидба својот трет носач на авиони на церемонија организирана на бродоградилиштето во Шангај, јавува кинеската новинска агенција.Ова е втор носач на авиони кој е целосно изграден во Кина и е технолошки подобрен во однос на претходниот. Тој ќе ѝ биде предаден во употреба на воената морнарица по воената проба на море.Засега не се објавени информации кога е предвидено овој носач на авиони да почне да се користи, но најверојатно тоа ќе се случи наредната година.Бродот е именуван „Фуџијан“ по име на една кинеска...

Продолжи со читање