Автор: инфодеск
Post Views: 69 Денес екипите на ЕВН Хоум повторно ги исклучија од напојување со електрична енергија пумпните станици за водоснабдување во Дебрца и без вода во зимски услови ги оставија повеќето граѓани на општината.Општината го презеде долгот на ЈП за електрична енергија од 19 милиони денари и редовно го сервисира, вели градоначалникот Зоран Ногачески. Додава дека за долгот понудиле спогодба, а од другата страна не добиле одговор.„Добивме толкување од Регулаторна комисија на член 44 од Правилата за снабдување со електрична енергија,во кој меѓу другото стои дека...
Голем дефект на водоводната мрежа, делови од Охрид без вода
Post Views: 64 Поради настанат голем дефект на водоводната мрежа имс прекин во водоснабдувањето на поголема територија од централното градско подрачје на Охрид.Од ЈП Водовод информираат дека пукната е главната цевка со профил ф300 мм на кружниот тек кај бензиската пумпа Макпетрол – Билјанини Извори). Најавуваат дека за краток временски период водоснабдувањето ќе се нормализира а прекин ќе има само на улиците: „Кеј Македонија„, „Партизанска“ и дел од АСНОМ.Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се излезени на терен и додека дозволуваат временските услови ќе се работи...
Вработените со договори на дело во струшките градинки од 01 ви февруари на протест
Post Views: 105 Дваесеттина воспитувачки и негователки од двете струшките градинки денес го кренаа гласот. Велат со години се ангажирани со договори на дело без здравствено и пензиско осигурување, за 10 000 денари месечно.Разочариани и револтирани бараат итно да им се реши статусот, да добијат редовно вработување, или минимална плата со здравствено осигурување, во спротивно од следниот месец во знак на протест нема да одат на работа, а градот ќе се соочи со проблем за згрижување на децата.„Работиме со договор на дело, земаме до 10 000 денари. Од први февруари ни...
Општина Дебрца утре ќе ја реализира петтата форумска сесија од проектот ” Зајакнување на општинските совети“
Post Views: 54 Општина Дебрца во рамките на проектот “ Зајакнување на општинските совети“-фаза2 кој го реализираат Програма за развој на Обединети Нации – УНДП, Швајцарска влада, Министерство за локална самоуправа, во соработка со Општина Дебрца, ќе ја реализира петтата форумска сесија од проектот.На петтата форумска сесија учесниците на форумот ќе имаат можност да се запознаат со постигнатите резултати и реализацијата на избраниот проект – Изградба на парк со детско игралиште во село Требеништа и останатите проекти и препораки од форумот кои...
Просечната нето плата во ноември изнесува 38.359 денари
Post Views: 50 Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември 2023 година изнесува 38.359 денари, додека просечната бруто-плата за истиот месец изнесува 57.609 денари, соопшти Државниот завод за статистика.Според податоците на ДЗС, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември 2023 година, во однос на ноември 2022 година, изнесува 116,2.Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување...
Објавен најновиот труд на Пандев и Ѓорѓо Димоски, „Охридски поети“
Post Views: 33 Во рамки на годинашните „Прличеви беседи“ ќе биде промовирана книгата „Охридски поети“ од авторите Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски, а во издание на Општина Охрид.Во овој труд на 250 страници се сместени стихови и песни на познати охридски поети кои остануваат поврзани со охридското поднебје, но и пошироко со македонската , словенската, балканската, медитеранската, европската и светската поезија.Најновиот труд на Пандев и Ѓорѓо Димоски „Охридски Поети“ е дел од едицијата „Охридско книжевно наследство“ што ја издаде Општина...
Цените на основните прехрамбени производи замрзнати до крај на февруари
Post Views: 65 Основните прехранбени производи ќе се продаваат со ограничени цени до крајот на февруари.Продолжениот рок се однесува на оризот, брашното, лебот и други пекарски производи, бисквити, наполитанки, тестенини, месо и производи од месо, млеко, јајца, сирење, кашкавал и други млечни проиводи. Ограничувањето на цените се однесува и на минерална негазирана и газирана вода и негазирани и газирани пијалаци, а во определени пакувања и светлото пиво.Одлуката првично беше донесена со важност до 31 јануари, но по предлог на Министерството за економија, Владата донесе...
Сончево со температура до 4 степени
Post Views: 34 Во Охрид денес ќе имаме сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе се искачи до 4. степени.Денес и утре во најголем дел од земјава ќе се задржи стабилно време со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во четврток ќе има локални врнежи со слаб интензитет, а температурите ќе бидат во постепен пораст. Ќе дува засилен северен ветер, информираат од УХМР. фото: Ѓоко Симјаноски







