Автор: инфодеск
Post Views: 98 Црвен крст Охрид и Јавната установа Национален парк Галичица остваруваат повеќегодишна плодна соработка во подготовка и во реализација на проекти и други активности поврзани со заштита на природата.–Во насока на јакнење на локалните капацитети за справување со шумски пожари, денес Црвен крст Охрид ѝ предаде на Јавната установа Национален парк Галичица 10 заштитни шлемови, 10 заштитни визири компатибилни со шлемовите и 10 работни одела. Покрај опрема за Паркот, набавена е опрема (шлемови, визири и одела) и за дестчлен тим од Црвен крст Охрид којшто ќе...
,,Најзелени примери од Западен Балкан” – регионален фото натпревар
Post Views: 181 Проектот EU4Green отвори регионален фото натпревар – Најзелените примери од Западен Балкан, наменет за домашни фотографи од целиот регион. Намерата е да се презентираат приказни за природата и заштитата на животната средина и да се прикажат добри практики што водат до зелена трансформација. Мотивите треба да вклучуваат предизвици и проблеми создадени од човековото дејствување, како и да ја покажат важноста на контролата на загадувањето, иновациите и одржливоста.Учесниците треба да испратат серија од 4 до 6 фотографии на следниве теми: циркуларна...
Во Велгошти одбележана 124-годишнината од формирањето на Првата Охридска востаничка чета
Post Views: 105 По повод 124-годишнината од формирањето на Првата Охридска востаничка чета во манастирот ,,Св. Петка” во Велгошти свежо цвеќе положија делегациите на ВМРО- ДПМНЕ ОК Охрид, Пратениците во Собранието на Република Македонија, МК ВМРО-ДПМНЕ Велгошти и МЗ на село Велгошти.На формирањето на четата присуствувале Христо Узунов, Наум Цветинов, Андреј Христов, Наум Златарев и Никола Костојчинов, а според најновите откритија е забележано дека и мајката на Узунов присуствувала на овој настан.Историскиот чин се одиграл во манастирот ,,Света Петка”, во...
Театарската претстава „Чиста куќа“ во продукција на прилепскиот театар ќе биде изведена во Вевчани
Post Views: 211 Во рамки на Вевчанско Лето 2025, во четврток 10 јули, во Домот на култура во Вевчани ќе биде изведена театарската претстава „Чиста куќа“ во режија на Тамара Стојаноска, а во продукција на НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп и Народен театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп.–Оваа современа комедија, дело на славната американска авторка Сара Рул, раскажува приказна за млада Бразилка која сонува да биде стендап комичарка, но животот ја води до позиција на домашна помошничка во домот на успешен брачен пар. Преку духовит и понекогаш горчлив хумор, „Чиста куќа“ го...
УНЕСКО бара охридскиот регион да се впише во листата на светски наследства во опасност
Post Views: 177 Комитетот за светско наследство на УНЕСКО во нацрт-документот усвоен во рамки на годинашната 47. сесија што се одржува во Париз бара Охридскиот регион да биде поместен на Листата светски природни и културни богатства во опасност.По разгледувањето на доставената документација во нацрт-одлуката се посочува дека продолжува деградацијата на атрибутите што го поместија Охридскиот регион како заштитено наследство на УНЕСКО и се бара исполнување на забелешките на Реактивната мониторигн мисија од минатата година.Покрај останатото, во нацрт одлуката се бара од...
Да му помогнеме на 19-годишниот херој Ахмед Фазли во неговата борба со леукемија
Post Views: 213 Ахмед Фазли од Охрид има само 19 години и заедно можеме да му дадеме шанса да се избори со леукемијата. Со навремена терапија, вистинска поддршка и наша помош шансите за победа се реални.Нашите хумани сограѓани на социјалните мрежи започнаа кампања за собирање средства за неговото лекување. Нивната цел е да се обезбедат средства за специјализирани медицински третмани, престој во болница и придружни трошоци и терапии по лекувањето.–Твојот придонес, колку и да е мал, носи огромна вредност. Ахмед има иднина, а ти можеш да бидеш дел од неа, стои во...
Преподобномаченичка Февронија дева
Post Views: 166 Ќерка на сенаторот Просфор од Рим. За да избегне брак со смртен човек, си Го избра себеси Христа за вереник и се замонаши на Исток во земјата Асирска, во манастир каде што тетка ѝ Вриена беше игуманија. Лисимах, син на еден големец, имаше желба да се ожени со Февронија, но затоа што Диоклецијан наѕираше во него потаен христијанин, го испрати на Исток со чичко му Селин да заробува и убива христијани. Селин беше суров како ѕвер, секаде немилосрдно ги убивашe христијаните. Лисимах пак, каде што можеше ги штедеше христијаните и ги засолнуваше пред својот ѕвероподобен...
Денес сончево и многу топло, се очекува ветер од над 60 km на час
Post Views: 90 Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец (над 60 km/h).Од УХМР информираат дека поради продор на посвежа воздушна маса од север и засилен северен ветер (над 60 km/h) во среда, а особено во четврток ќе има значително опаѓање на дневната температура (од 8 до 10 степени). Во среда претежно во северните делови ќе има услови за повремен дожд, а во петок локална нестабилност со пороен дожд и...
Охрид се пријави за мерката за ангажирање на 400 невработени лица во противпожарната заштита
Post Views: 153 Ќе се ангажираат 400 невработени лица кои ќе добијат обука за пожарникари и ќе бидат распоредени во Противпожарните единици на Општините. Месeчниот надоместок кој ќе го добиваат лицата е 24.000 денари, а најдобрите кои ќе покажат особен интерес, посветеност и висока подготвеност ќе бидат трајно вработени.Оваа мерка од владиниот оперативен план за вработување се спроведува за прв пат во нашата држава и предвидено е да опфати 14 општини каде има територијални противпожарни единици.– Пријавувањето ќе се одвива транспарентно преку Јавен повик, кој...
Насилството стана секојдневие во охридско-струшкиот регион, пријавени повеќе случаи
Post Views: 160 На 06.07.2025 година околу 20 часот, при контрола во патниот сообраќај, полициските службеници од СВР Охрид, од сообраќај исклучиле 32 годишно лице од охридското село Велестово, откако бил затекнат дека управува моторно возило „Фиат“ со охридски регистарски ознаки, под дејство на алкохол со 1,60 промили алкохол во крвта. Против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.На 06.07.2025 година во 22 часот, на улицата „Момчило Јорданоски“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со тепачка помеѓу 33 и 50 годишна жени од Охрид. По целосно документирање наа настанот,ќе...
ЈП Охридски Комуналец: Граѓаните од Стар Град да го почитуваат комуналниот ред
Post Views: 162 Ј.П.„Охридски Комуналец”-Охрид со апел до граѓаните и правните субјекти на У.З.Стар Град да го почитуваат комуналниот ред и пропишаната динамика за подигање на комуналниот отпад.-Правните субјекти задолжително имаат обврска отпадот да го депонираат и да го оставаат за подигнување во пластични канти за отпад најкасно до 06:00 часот наутро. Доколку отпадот се остави надвор од пропишаниот термин или несоодветно депониран, согласно законските обврски ќе интервенира и постапи Комуналниот инспекторат при што ќе биде изречена соодветна санкција. Граѓаните...
Охрид нова голф дестинација на Балканот
Post Views: 167 Голф терените во Охрид се повеќе привлекуваат туристи. Јаро Ернека по потекло од Чехословачка, кој живее во Аргентина, патувајќи низ Европа го откри Охрид како нова голф дестинација.Вљубеник во голфот, го избра главниот туристички центар за одмор токму поради голф клубот и терените.-Не сум професионален голфер, но сум луд за голф. Секогаш каде и да одам каде и да патувам барам да има можност да играм голф. Многу сум среќен, барав на интернет и најдов дека во Охрид има голф терени каде може да играм и навистина овде најдов второ семејство...