Skip to main content

Автор: инфодеск

Светите апостоли Прохор, Никанор, Тимон и Пармен

Views: 155 Четворицата беа од бројот на Седумте ѓакони и од Седумдесетте апостоли. Останатите тројца ѓакони беа: Стефан, Филип и Николај. Првомаченикот Стефан се празнува одделно на 27 декември, а Филип на 11 октомври. Николај не влезе меѓу светителите заради ерес. А првите четворица немаат посебен ден за празнување, туку сите се спомнуваат на денешен ден. Прохор беше ракоположен од светиот апостол Петар за епископ Никомидиски. Извесно време беше на служба кај свети Јован Богослов и на островот Патмос ги забележа откровенијата што ги слушнал од устата на светиот Јован. Потоа се врати во...

Продолжи со читање

Сончево и многу топло, температурите во Охрид до 33 степени

Views: 159 Сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието повремено засилен, ветер од северен правец.Денес во Охрид температурите во интервал од 20 до 33 степени Целзиусови.Од УХМР информираат дека продолжува периодот на сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Дневната температура во некои места ќе достигне до 40°C. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови. Во четврток и петок ќе има...

Продолжи со читање

Доделена Светската награда за хуманизам во Охрид

Views: 216 Охрид денеска беше средиште на хуманистичката мисла. На празникот на патронот на градот, Свети Климент Охридски, се одбележаа 20 години од доделувањето на Светската награда за хуманизам. Годинава признанието му припадна на австрискиот проф. д-р Кристоф Бенедиктер.„Денес, на 9 август 2026 година, во Охрид – Светиот град, се одбележува единствен меѓународен јубилеј – 20-годишнината од доделувањето на Светската награда за хуманизам, која го возвеличува и чествува името на Свети Климент Охридски на сите меридијани, токму на празникот што го носи неговото име“, рече Јордан...

Продолжи со читање

ЕУ вечерта на „Охридско лето“  го носи концертот „Последната роза  на летото“

Views: 266 „Последна роза на летото“ е насловот на програмата што вечерва ќе биде изведена на  Вечерта на Европската унија која традиционално се одржува секоја година како дел од  фестивалот „Охридско лето“.Во црквата „Света Софија“ од 21 часот концерт  ќе имаат ирскиот виолинист Дејвид Тобин, пијанистот Фингин Колинс, исто така од Ирска, како и унгарско-ирската флејтистка Јохана Кезеи.На програмата ќе бидат изведени: Соната за виолина и пијано e-moll оп. 82 од Едвард Елгар, Соната „Ундине“ за виолина и пијано од Карл Рајнеке, Ноктурно бр. 18 „Пладне“ за соло пијано...

Продолжи со читање

Научниците открија колку денови одмор се идеални за здравјето

Views: 248 Должината на одморот може значително да влијае врз здравјето и психичката состојба, но позитивните ефекти не траат долго по враќањето на работа. Истражување на научници од Универзитетот Радбауд во Холандија покажало колку време му е потребно на телото и умот навистина да се опорават од секојдневниот работен стрес.Истражувачите од Универзитетот Радбауд следеле вработени лица постари од 40 години кои, во рамките на истражувањето, одморале во просек 23 дена.Научниците ги анализирале психолошките процеси поврзани со подолгото отсуство од работа, како и промените во...

Продолжи со читање

Денеска се празнува споменот на Свети Климент Охридски

Views: 181 Денеска се празнува споменот на Свети Климент Охридски почитуван како заштитник на Македонија, градот Охрид и Македонската православна црква.Св. Климeнт архиeпископ Oхридски – Учeник на свeтитe Мeтoдиј и Кирил. Пo смртта на св. Мeтoдиј, Климeнт, пoд притисoк на Гeрманитe, тргнал oд Мoравија на југ. Сo Гoразда, Наума, Сава и Ангeларија – ситe заeднo нарeчeни “Пeттoчислeници” гo пoминал Дунав, какo гoстин oстанал кај царoт Бoрис Михаил и пoтoа дoшoл вo oхридскиoт крај. Првo oснoвал манастир вo Бeлица, кадe штo му билo и нeгoвoтo првo eпискoпскo сeдиштe. Пoдoцна сe...

Продолжи со читање

Се одржа културната манифестација „Деца сме на Климента“

Views: 191 Со настапи на охридски уметници, во предворјето на црквата „Света Богородица – Перивлепта“ се одржа културната манифестација „Деца сме на Климента“, во рамки на чествувањата посветени на Свети Климент Охридски. Манифестацијата се одржа по повод 1.110 години од упокојувањето на Свети Климент Охридски и 1.140 години од основањето на Охридската книжевна школа.Пред присутните се обрати советничката во Советот на Општина Охрид, Билјана Коталески, која истакна дека манифестацијата претставува оддавање почит на светецот и просветителот, кој оставил трајно наследство во...

Продолжи со читање

Ренесансниот хор „Готик Војсис“ вечерва на програмата на „Охридско лето“

Views: 491 Репертоарот на дваесет и седмата фестивалска вечер на 66. „Охридско лето“ ќе понуди класична музика. Вечерва од 21 часот во црквата „Света Софија“ концерт ќе има ренесансниот хор „Готик војсис“ од Велика Британија.Ќе настапат мецосопранот Кетрин Кинг, тенорите Стивен Харолд и Џулијан Поџер, како и баритонот Симон Вајтли.Повеќе од 45 години ансамблот „Готик војсис“ е препознатлив по неговиот висок квалитет, рафинираност и спиритуалност во изведбата на средновековна музика.Формиран е во 1980 година од музичарот Кристофер Пејџ. Ансамблот има снимено 30 носачи на звук за...

Продолжи со читање