Skip to main content

Автор: инфодеск

Концерт на светски познатиот пијанист Јаковлев

Post Views: 449 Во организација на Општина Охрид, а во рамки на Програмата за одбележување на 21-ви јуни – Денот на Охридското Езеро, во вторник во црквата Св. Софија со почеток во 19 часот ќе се одржи солистички концерт на познатиот пијанист Алекандар Јаковлев.Јаковлев дипломирал на Државниот конзерваториум во Ростов, каде што завршил и постдипломски студии. Во 2006 година победник е на натпреварот Шопен во Рим. Тој редовно учествува на музички фестивали како што се „Големите мајстори на Сарагоса“ во Шпанија, фестивалот на пијанистот Артуро Бенедети Микеланџели во...

Продолжи со читање

Светски ден на борба против сушата и опустинување

Post Views: 460 Генералното собрание на Обединетите нации во 1994 година го прогласи 17-ти јуни за Светски ден на борба против дезертификација односно опустинувањето и сушата.Голем број региони низ светот страдаат од суши, се претвораат во пустини, а екосистемите исчезнуваат. Водните и влажни екосистеми се особено чуствителни кон оваа појава засилена од климатските промени.Мотото на овогодинешниот Светски ден на борба против сушите и опустинувањето е „Да се издигнеме од сушата заедно“.Нашите водни капацитети не се имуни на глобалните влјанија, а таквата состојба е...

Продолжи со читање

Денот на Охридското езеро

Post Views: 403Во организација на Едриличарската федерација на Република Македонија, а со поддршка на Општина Охрид, подготвена е пригодна програма по повод Денот на Охридското Езеро, 21-ви јуни.Од општината информираат дека програмата е поделена во два дела и тоа 20 јуни, понеделник и 21 јуни вторник.20.06.2022 година (понеделник)12.00 часотПанел- дискусија: „Запознај го едрењето – заштити го езерото “ – Проект на Едриличарска федерација на Македонија, поддржан од Европската УнијаОпштина Охрид – мала салаПанелисти:Кирил Пецаков,...

Продолжи со читање

Се свикува Собир на граѓани во УЗ 3 Кошишта

Post Views: 417 На 17.06.2022 (петок) со почеток во 19 часот се свикува Собир на граѓани за Урбана Заедница-3 „Кошишта“. Собирот ќе се одржи во големата сала на општина Охрид.Заради вршење избор на членови на совет на урбана заедница, се повикуваат сите полнолетни лица кои според лична карта имаат живеалиште во следните улици: -ул. „Гоце Делчев” – од бр.111 лева страна и 118 десна страна- пресек со ул. „Пирин Планина” до пресек со ул. „Бистрица” бр.229 лева страна и бр.250 десна страна, ул. „Кирил и Методи” – дел од бр.42 до крај десна страна и од 19 до крај лева...

Продолжи со читање

Прва ДМ дрогерија во Струга

Post Views: 1.498 Се отвори ДМ дрогерија и во Струга. Ова е 22 та филијала во земјава за десет години од нивното присуство на Македонскиот пазар со богат асортиман на производи.Од компанијата се горди затоа што од денес брендот е поблиску до стружани, Дрогеријата ДМ е општествено одговорна компанија која помага на заедницата, а исклучок нема да биде ни градот Струга.„Традиционално помагаме на секое локално отворење во градот или населбите. Помагаме на најранливата категорија граѓани или онаму каде што тоа е потребно. Овде се одлучивме да помогнеме на ОУ Јосип Броз...

Продолжи со читање

Помалку кариес, но друг орален проблем кај најмладите

Post Views: 440 Охриѓанчињата имаат се поздрави запчиња. Оралното здравје се издига на повисоко ниво од порано. Подигата е свеста за зачувување на забите и кај децата и кај родителите.Д-р Владимир Новакоски од стоматолошкиот центар д-р Баткоски напоменува дека тоа се постигнува со стоматолошкото знаење и технологија, но и со соодветното внимание и грижа кон оралното здрвје при што најмалите имаат се помалку кариес на забите.„Новиот начин на живеење, исхраната , можностите за одржување на подобра орална хигиена на забите и усната шуплина, како и достапните технологии...

Продолжи со читање

Мишел : Македонија и Албанија да почнат со преговори

Post Views: 336 „Се надевам дека следната недела во Брисел, лидерите на Европската Унија конечно ќе го исполнат своето ветување од март 2020, кога Советот за општи работи едногласно донесе одлука во најбрз можен рок да почнат пристапните преговори со Северна Македонија“, истакна претседателот на државата Стево Пендаровски на заедничката прес-конференција со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел во претседателската вила во Охрид.Шефот на државата смета дека посетата на Мишел во овој турбулентен период за Европа и за светот на само неколку дена пред јунскиот самит...

Продолжи со читање

Вевчани доби Офталмолошка амбуланта

Post Views: 990 Во Здравствениот дом „Д-р Светозар Чочороски“ во Вевчани започна со работа и Офталмолошка амбуланта. Доктор Владо Спировски е лекарот кој во април специјализираше офталмологија.Адаптирани се соодветни простории, набавена е и потребната медицинска опрема. Пациентите во регионот од Велешта до Дебар нема веќе да патуваат до Струга за офталмолошки прегледи.Во нашата амбуланта ќе се вршат прегледи на видот одредување на рефракција, диоптрија. Ќе се врши дијагностика на заболувања на предниот дел на окото, ќе се вршат прегледи во смисла на дијагностика и...

Продолжи со читање

Разлеана материја во езерото, инспекторатот негира

Post Views: 468 Откако во текот на вчерашниот ден, сограѓани на социјалните мрежи споделија фотографии на социјалните мрежи на кои се гледа дека кај еден од објектите кои се наоѓаат во изворите кај Свети Наум, се разлева непозната материја во чистата вода, од страна на Државниот инспекторат за животна средина истиот ден е извршен вонреден инспекциски надзор во Друштво за угостителство трговија и услуги ОСТРОВО Б.Д.Б. увоз-извоз Охрид ДООЕЛ св.Наум-Охрид во присуство на овластен инспектор за животна средина од општина Охрид.„Надзорот е извршен од страна на Државен...

Продолжи со читање

Амбасадорката на Израел на средба со Пецаков

Post Views: 285 Н.Е. Симона Франкел, денес во рамки на посетата на Охрид, оствари средба со градоначалникот Кирил Пецаков. На средбата се разговараше за одличната соработка во повеќе области која Охрид ја негува со Израел и заеднички беше констатирано дека таа ќе продолжи и во иднина.Соговорниците зборуваа и за прогресот што Општина Охрид го прави во спроведување на препораките од УНЕСКО за зачувување на статусот на светско природно и културно наследство.Амбасадорката го поздрави напорот што Општина Охрид го вложува во насока на зачувување на статусот....

Продолжи со читање

Отворени балкански игри во Охрид

Post Views: 473 Димитар Ковачевски, претседателот на Владата на РМ учествуваше и се обрати на официјалното завршување на Отворените училишни балкански игри во Охрид.На официјалното затворање на игрите кои се одржуваа во изминатите 4 дена беа доделени благодарници на седумте земји учесници од Балканот со околу 450 ученици.Премиерот Ковачевски од негово лично им посака на учесниците да се почитуваат меѓусебно и да си помагаат, како што премиерите и претседателите од Балканските земји меѓусебно си помагаа и не дозволија во зимски денови на криза да останеме без храна и...

Продолжи со читање

Турска делегација во посета на Општина Охрид

Post Views: 470 Градоначалникот Кирил Пецаков оствари протоколарна средба со турска делегација предводена од Амбасадорот на Република Турција, Н.Е. Хасан Мехмет Секизќок. Во турската делегација беа и претседателот на македонско-турската бизнис комора (МАТТО), Ајдован Адемоски, сопственикот на туристичката агенција „Бадем Тур“ Џихангир Бадем, како и почесниот конзул на Република Турција во Охрид, Абдураман Бајрактар.На средбата беше потенцирана добрата меѓусебна соработка и беше констатирано дека таа во иднина ќе се продлабочува. Соговорниците разговараа за интензивирање на...

Продолжи со читање