Skip to main content

Автор: инфодеск

Снегот и ниските температури го отежнуваат сообраќајот

Post Views: 41 Остатоците од снег и ниските температури го отежнуваат сообраќајот. Повеќето патишта во охридско струшкиот регион  се проодни. Од вчера укинати  се забраните  за сообраќај на тешки возила кон Ѓавато и граничниот премин Ќафасан. Но, поради ниските температури на повеќето патни правци има појава на голомразица и лизгав коловоз, се препорачува  внимателно возење, особено на патот Струга- Дебар поради појава на одрони.Екипите на Македонија пат и Јавните комунални претпријатија на терен, се расчистува и се посипува со абразивни средства.„Сите правци се...

Продолжи со читање

Аеродром Охрид

Над 3 милиони патници во 2023 год опслужени на скопскиот и охридскиот аеродром

Post Views: 34 Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид, двата македонски аеродрома, ја завршија 2023 година со значително закрепнување на патничкиот авиосообраќај со што достигнаа приближно 3,15 милиони патници или вкупно 3.149.274 патници и 23.949 летови биле опслужени.Вкупниот број на патници, 3.149.274, постигнат во 2023 година е значајна пресвртница за двата македонски аеродрома, а значи и две истовремени достигнувања – надминување на рекордниот број на патници од 2019 година од речиси 2,7 милиони патници и за првпат опслужени се 3 и над 3...

Продолжи со читање

Во НУ Библиотека „Григор Прличев“ профункционираа обработката на периодиката и книговезницата

Post Views: 50 По повеќе од 15 години пауза во НУ Библиотека „Григор Прличев“ профункционира во целосна смисла на зборот одделот за обработка на сериски публикации.Наталожената со години периодика библиотекарот  Владимир Куциноски, по поминатите стручни обуки започна да ја селектира и внесува во COBISS 3 системот. На COBISS 3 можат да се побараат податоци, но и да се користат во читалната 1350 библиотечни единци.„Паралелно со обработката одеше и средувањето на депото во кое најбројни се: дневниот печат, годишните, полугодишните и месечните публикации од сите...

Продолжи со читање

Пецаков: Министерката за култура со непознавање на законите ја кочи катната гаража

Post Views: 42 Деновиве е актуелна една несреќна изјава од страна на министерката за култура, дека изградбата катната гаража во Охрид не била од јавен интерес и затоа е блокирано односно нема приоритет кај нив како министерство, напиша во објава на својот личен профил на Фејсбук, градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.Катната гаража во Охрид со години чека одобрение од УНЕСКО | Портал ТВМ (tvm.mk)„За нештата да бидат појасни, година и пол не малтретираат и мене како градоначалник и граѓаните на Охрид, со милион забелешки,препораки и измени. Иако по сите тие е...

Продолжи со читање

Уписи на нови деца во Центарот БРЕИНОБРЕИН на Црвен крст Охрид

Post Views: 79 Центарот за развивање на животни вештини БРЕИНОБРЕИН-Црвен крст Охрид започнува со уписи на нови деца од 4-14 годишна возраст, заинтересирани да ја следат интернационалната Бреинобреин едукативна програма  преку која ќе имаат можност да ги стекнуваат, развиваат и потврдуваат своите способности: концентрација, меморија, нумерички и вербални вештини, способности за учење, креативност и имагинација, лидерство, самодоверба, визуелизација, решавање на проблеми.„Ги покануваме родителите со своите деца, да се уверат во уникатните, проверени и ефикасни техники и...

Продолжи со читање

Сончево и студено време со температура до 3 степени

Post Views: 40 Во Охрид денес по ведрото и многу студено утро со температура од -7 степени, преку денот ќе имаме сончево време со мала до умерена локална облачност. Максималната температура ќе се искачи до 3 степени.До среда времето во Македонија ќе биде стабилно со услови за појава на магла по котлините и со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни и наместа ќе се спуштаат и под -15 степени. Од четврток ќе дува засилен северен ветер, а температурите ќе бидат во пораст, информираат од УХМР. фото: Ѓоко Симјаноски

Продолжи со читање

Дарко Паскоски е среќниот фаќач на крстот во Струга

Post Views: 51 43 годишниот стружанец  Дарко Паскоски, по  четврт пат го извади Светиот краст од водите на реката Црн Дрим во Струга. Тој беше најсреќен мегу стотиците капачи кои денес пливаа во ладните речни води.Осветувањето ан водите во Струга и годинава беше масовно. Илјадници верници беа распослани од двете страни  на кејот на реката Црн Дрим.  Стотина капачи скокаа од кејот и Чаршискиот мост. Мегу нив имаше и деца и возрасни , но и девојки.Паскоски вели пресреќен е што и годинава ја има честа Светиот крст да биде кај него.„Секоја...

Продолжи со читање

Безбедносни мерки и посебен режим на сообраќај за Водици во Охрид

Post Views: 47 Со цел безбедно и непречено одвивање на манифестациите по повод верскиот празник Богојавление-Водици, Секторот за внатрешни работи Охрид ги презема сите неопходни безбедносни мерки на превентивен и оперативен план.Мерките се насочени кон зачувување на стабилната безбедносна состојба на целото подрачје во областа на јавниот ред и мир, за спречување на казнени дела и безбедност во сообраќајот.“Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај ги известува сопствениците на патнички и други моторни возила за дислокација на возилата од паркинг...

Продолжи со читање