Автор: инфодеск
Post Views: 360 Сојузот на синдикати на вработените на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје соопшти дека на 30 јуни од 19 часот ќе организира мирен протест пред Владата за да го изрази своето незадоволство од како што наведува во соопштението, „драматично влошената материјална состојбата на вработените на Универзитетот“.Платите на вработените на УКИМ се исклучително ниски и се неколкупати помали од платите на универзитетите во регионот. Никогаш во својата историја вработените на УКИМ не биле во потешка материјална состојба од денес – соопшти Сојузот на синдикати...
Повторно дојави за бомби ширум Србија
Post Views: 417 Голем број училишта утрово во Белград, Мајданпек, Ниш, но и други градови добија дојави за бомби. Дел од нив ги известија децата да не доаѓаат на училиште, а наставата денеска ќе се одржува онлајн.Корисници на социјални мрежи ја потврдиле таа информација, објавувајќи дека пријави стигнале и до училишта во општините Ада, Кикинда и Врбас. Во Мајданпек во тек се проверки, а на лице место излегле пожарникари и Итна помош, јави Бета.Дојави за бомби пристигнале и во неколку основни училишта во Ваљево. Исто така во две основни училишта во Нови Пазар, а...
УНХЦР : Се зголемува бројот на бегалци
Post Views: 425 Глобалното присилно раселување достигна уште еден рекорд, ограничувајќи го деценискиот растечки тренд, се наведува во денеска објавениот извештај на Агенцијата за бегалци на ОН, УНХЦР. Во извештајот се оценува дека и покрај некои знаци на напредок, брзината и обемот на принудното раселување ги надминуваат решенијата за бегалците.На крајот на 2021 година, 89,3 милиони лица ширум светот беа принудно раселени како резултат на прогон, конфликт, насилство, кршење на човековите права или настани кои сериозно го нарушуваат јавниот ред. Тоа е за 8 отсто повеќе во...
Пецаков го пречека амбасадорот на БиХ
Post Views: 432 Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков денеска оствари работна средба со Н.Е. Aмбасадорот на Република Босна и Херцеговина во земјава, Драган Јакимовиќ.На средбата се разговараше за статусот на Охрид во УНЕСКО при што градоначалникот Пецаков укажа дека се работи на надминување на забелешките што претходно беа дадени од националната комисија на организацијата, а беше упатена и благодарност до амбасадорот за досегашните негови заложби градов да не биде тргнат од листата на Светско природно и културно наследство.На средбата се разговараше за обновување...
Медитеранска конференција на ИПА национални секции
Post Views: 422 Во организација на Интернационалната полициска асоцијација-секција Македонија и ИПА регион Охрид, од 17-ти до 19-ти јуни 2022 година во Охрид, ќе се одржи 27-та Медитеранска конференција на ИПА национални секции на тема „Предизвиците во секојдневното полициско работење, физичка, ментална и правна заштита”.Своето учество на конференцијата го потврдија високи делегации од следниве 16 држави: Австрија, Малта, Италија, Шпанија, Португалија, Босна и Херцеговина, Израел, Грција, Кипар, Бугарија, Хрватска, Словенија, Србија, Црна Гора, Албанија и Романија и...
Собир на граѓани за Урбана заедница 2 Центар
Post Views: 480 На 16.06.2022 (четврток) со почеток во 19 часот се свикува Собир на граѓани за Урбана заедница-2 Центар. Собирот ќе се одржи во големата сала на општина Охрид.Урбаната заедница-2 Центар го зазема источниот дел од крајбрежјето и се граничи со: од Исток булевар „АСНОМ”, од Запад булевар „Македонски Просветители”, од Север булевар „Туристичка” и од Југ Охридско Езеро.Поради вршење избор на членови на совет на урбана заедница, се повикуваат сите полнолетни лица кои според лична карта имаат живеалиште на следните улици:-Бул. „Туристичка” – лева страна...
Јавен повик за користење туристички инфо центар
Post Views: 410 Општина Охрид објави Јавен повик за пројавување на интерес за користење на недвижен имот-Туристички инфо центар.Повеќе информации на следниот линк
Туристички сектор да се подобрува
Post Views: 468 Туристичкиот сектор треба постојано да се развива и подобрува. Знаењето и примената на дигиталната технологија во туристичкиот пазар носат подобри резултати во работата.Покрај правилното користење на дигиталната технологија, во одредени сегменти се наментува и потребата од нови законски измени. Треба да сe подига свеста за начините на унапредувње на домашниот туризам. Залудно е ако постои најсовремена технологија која не се користи или не се знае како да се употреби.„Она што недостасува е обработка на дневни информации. Сите хотели користат резервациски...
Исцрпени средствата за субвенции за велосипеди
Post Views: 393 Се известува јавноста дека поради целосно исцрпување на предвидените средства од буџетот на општина Охрид, се прекинува Јавниот Повик за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на општина Охрид за купување велосипеди во 2022 година, информираат од Локалната самоуправа.Јавниот повик беше објавен на 30-ти март 2022 година, согласно Програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2022 година.
Посебни безбедносни мерки кај каналот Студенчишта
Post Views: 511 Секторот за внатрешни работи Охрид ги известува граѓаните дека од денеска до 17-ти јуни, поради реализација на петнаесеттата Конференција на началниците на Генералштабовите (НГШ) на армиите од балканските земји што ќе се одржи во Охрид, на подрачјето на Охрид ќе спроведе соодветни безбедносни мерки.Како дел од активностите на конференцијата, денеска (15 јуни 2022), во периодот од 15 до 16 часот, околу просторот кај каналот „Студенчишта”, Центарот за обука на вода и крајезерскиот брег околу тој потег, ќе се реализираат армиски показни вежби во кои...
Од денес посебен режим на сообраќај во Охрид
Post Views: 529 Секторот за внатрешни работи Охрид ги известува граѓаните на Охрид дека од 16-ти до 18-ти јуни 2022 година, поради реализација на самитот „Преспа форум дијалог 2022″ што се одржува во Охрид, на подрачјето на СВР Охрид се преземаат соодветни безбедносни мерки со цел зголемување на степенот на мобилност во обезбедување на делегациите.Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид интензивно презема мерки за сообраќајно обезбедување, контрола и регулирање на сообраќајот, пред се по булеварот „Туристичка”, но и по другите патишта и...
Двајца гинеколози обвинети за смртта на новороденче
Post Views: 350 Двајца лекари-специјалисти вработени во клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ во Битола се обвинети за несовесно постапување при укажување лекарска помош – породување на пациентка, родилка од село Смилево, Општина Демир Хисар, поради што настапила смрт на новороденче.Родилката била примена за породување на 12.10.2019 година околу 17 часот во Одделот за гинекологија и акушерство при Клиничка болница Битола, каде дежурни лекари биле обвинетите. Тие не ја следеле и навремено не ги регистрирале промените во здравствената состојба кај родилката. Иако сите...