Автор: инфодеск
Post Views: 36 Катната гаража во Охрид, за министерката за култура не е објект од јавен инстерес. Проектот веќе неколку години е заглавен на одобрение во Комисијата на Унеско.Министерката за култра вели од јавен интерес се детски градинки и училишта а не катна гаража.„ Минатата година точно на 8 март имав прес конференција на која што реагирав на две одлуки кои што ги донесе општина Охрид каде за градба од јавен интерес имаше прогласено катна гаража. Од јавен интерес градби се училишта, детски градинки, спортски терени мегутоа не катна гаража баш не”, вели...
Планинската спасителна служба повторно извлекуваше заглавени лица со возило на Галичица
Post Views: 31 Рано утрово, по повик на 112, во периодот од 05:00 часот до 08:00 се спроведе спасителна акција на планината Галичица. Истата е успешно завршена во координација на Секторот за операции и координација во ЦУК, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).Регионалниот ЦУК Охрид, рано утрово, извести дека има заглавени лица со моторно возило на врвот на Галичица, иако тој патен правец е подолго време затворен за моторни возила. Веднаш се известени од Единицата за спасување на планина во Охрид, коишто, согласно временската видливост, итно се упатиле на...
Водокрст, подготвување за празникот на Светлините – Богојавление
Post Views: 85 Ден пред големиот христијански празник Богојавление – Водици, на празникот наречен Водокрст секоја година се извршува голем Богојавленски водосвет.Празникот е познат под имињата Водокрштение и Водокрст или Водопост, како ден на строг пост, во кој се пости само на вода.Во Светата Црква се воспева силата и моќта на Крстот. Се врши крштевање на водата и таа со силата на Светиот Дух добива лековита моќ. Празникот е востановен во спомен на некогашните обичаи кои се изведувале на тој ден, кога биле крштевани луѓето кои го примиле христијанството.Денот на...
Пецаков: Ги повикувам институциите да проверат било каква злоупотреба, а потоа ќе барам одговорност за изнесените наводи
Post Views: 29 После Филипчо, денес и Левица и СДСМ во ист глас, со ист прес за спортската гордост на Охрид, а тоа е ГРК „Охрид“. Јасна ми е коалицијата, а богами добар ви е и патот, реагира градоначалникот на Охрид по денешните реакции од Левица и СДСМ дека општината исплатила над 250 илјади евра на ГРК „Охрид“.“Јас сум го основал клубот во 2011 година и сум бил капитен на клубот се’ до 2016 година. Во 2013 година со основачки влог од 25.000 евра на Општина Охрид се основа Акционерско Друштво РК „Охрид 2013“, кое понатаму во 2017 година се преименува во ГРК „Охрид“ и...
Пецаков доделил пари на клуб во којшто е основач, реагираат Левица и СДСМ
Post Views: 76 Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, си доделил сам себе 15 000 000 денари општински пари, односно пари на охриѓани, реагираат од охридскиот огранок на Левица. Финансиската поддршка доделена од Општина Охрид на Градскиот ракометен клуб Охрид во износ од 250 илјади евра спорна и за СДСМ бидејќи како основач на клубот се јавува градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.– Имено, Пецаков се јавува како 100 процентен сопственик, односно 250 акции во Градски Ракометен Клуб Охрид АД Охрид 2013 Охрид со ЕМБС 6723136. Така бившиот ракометар Пецаков, а...
Јавен повик за субвенционирање општински линиски превоз на патници
Post Views: 34 Општина Охрид објави Јавен повик за субвенционирање општински линиски превоз на патници на подрачјето на Општина Охрид и линиски превоз на патници кој заеднички го организира со Општина Дебрца.Предмет на јавниот повик е надоместување на дел од трошоците на деловните субјекти кои обавуваат линиски превоз на патници во услови на економска криза односно овозможување одржливост на линискиот превоз преку доделување на субвенции за реализиран превоз на патници за 2023 година.Повикот може да се прочита ТУКА.Дополнителни појаснувања во врска со објавениот...
Со нови подизведувачи ќе продолжи изградбата на затворениот базен во Охрид
Post Views: 127 Цели осум години се влече изградбата на Охридскиот затворен базен. Проектот започна во 2015 година, до денес завршени се 60% од градежните работи. Од Агенцијата за спорт и млади, велат доцнењето е поради проблеми со изведувачот. Од овој месец потпишан е договор со нови подизведувачи кои ветуваат дека објектот ќе биде готов во септември годинава.„Потпишавме договор да почнат и ветуваат дека до септемри ќе биде завршен. Имаше, сопственикот на фирмата која ја доби изградбата во 2015 беше во притвор, му беа замрзнати сметките не можеше да извршува работи. Се...
Во петок ќе се реализира традиционалната крводарителска акција „Водици 2024“
Post Views: 53 Традиционалната крводарителска акција „Водици 2024“ под мотото „ЕДНА КАПКА МОЖЕ ДА ПРОМЕНИ СẺ“ во организација на Црвен крст Охрид ќе се реализира на 19.01.2024 (петок) од 9-15 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“.„Ги покануваме нашите сограѓани и гости да ја покажат својата хуманост дарувајќи крв, а организаторот, со поддршка на Дебарско-Кичевската епархија ќе им возврати со должно внимание и скромни подароци.“ – порачуваат од Црвен Крст Охрид.






