Автор: инфодеск
Post Views: 69 Ј.П.Охридски Комуналец активно вклучен во подготовките на културно-верската манифестација Богојавление-Водици.Оперативните служби, традиционално со активности пред најмасовната манифестација посветена на христијанскиот празник Богојавление-Водици, за достојно одбележување како што му доликува на Охрид.Се расчистува делот од градското пристаниште од каде верниците влегуваат во езерските води по Светиот крст, ангажирана е и специјална механизација, информираат од јавното претпријатие.Се украсува централното градско подрачје и градското...
Повеќе од 300 капачи се пријавиле за скокање по крстот на Водици во Охрид
Post Views: 116 Голем интерес од страна на капачите за учевство во најголемата црковно народна манифестација во земјава Богојавление Водици во Охрид. Досега во Дебарско кичевската епархија пријавени се над 300 капачи. Интересно е што покрај охриѓани има интерес и од верници од други градови. Се пријавуваат млади од Битола, Струмица, Куманово, Прилеп, Ресен.И годинава се очекува околу илјада капачи да пливаат по Светиот крст во ладните езерски води.ч. „Покрај голем број пријави на охриѓани, доста имаме пријавени луѓе и од другите градови. Струмица, Битола...
Во првата недела од годинава удвоен бројот на заболени од грип
Post Views: 43 Во текот на 1-ва недела од 2024 година (01-07.01.2024), во Македонија се пријавени 1.025 случаи на заболени од грип/заболувања слични на грип, што е за 2,5 пати повеќе во споредба со претходната недела. Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со 1-ва недела од минатата сезона е зголемен за 24,8%, а во споредба со бројот за 1-ва недела од типичната епидемиска крива (моделирана од последните 13 сезони) , зголемен е за 68,8% .Во текот на 1-ва извештајна недела, во вирусолошката лабораторија на Институтот за јавно здравје, пристигнале 37 материјали од...
Јавен оглас за прием на 300 професионални војници во служба на Армијата
Post Views: 129 Министерството за одбрана го објави новиот Јавен оглас за прием на 300 професионални војници во служба на Армијата на Република Северна Македонија.Рокот за пријавување е 7 дена, вклучувајќи го и денот на објава на Јавниот оглас.Заинтересираните лица треба да ги исполнат следните услови: да се државјани на Република Северна Македонија, да се полнолетни, да имаат завршено средно образование, да имаат посебна здравствена и физичка способност и да не се постари од 25 години на денот на завршувањето на огласот за прием на професионални војници....
Црвен крст Охрид со препораки и активности за безбедно одбележување на Богојавление-Водици и Денот на рибарите
Post Views: 31 Црвен крст Охрид е вклучен со низа активности од областа на здравствено-превентивната дејност во одбележувањето на големиот верски празник Богојавление-Водици и Денот на рибарите.На 18.01.2024 (четврток) од 19-23 ч., на пунктот на Црвен крст Охрид поставен на платото помеѓу Капетанија и ресторанот „Чун“ медицински тимови на Црвен крст Охрид ќе вршат основни здравствени прегледи на оние кои се одлучиле да „скокаат по крстот“.Од Црвен Крст апелираат и препорачуваат до „скокачите по крстот“ да ја проверат својата здравствена состојба и се информираат за...
Во февруари во Охридскиот регион повторно доаѓа мониторинг мисија на УНЕСКО
Post Views: 36 Мониторинг мисијата на Унеско идниот месец повторно доаѓа на увид во Охридскиот регион.На терен ќе се проверува до каде е спроведувањето на препоркаите. Најголем дел од обврските се на општините, вели министерката за култура. Таму каде не се почитува мораториумот за градба и се изградени дивоградби ќе мора да постапи државниот градежен иснпекторат.„Знаете дека законот за легализација на бесправно изградените градби е повторно повлечен од законска процедура токму поради забелешките на националната комисија на УНЕСКО, каде што реагиравме дека не може се што...
Нови цени на горивата од полноќ
Post Views: 39 Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,64% во однос на одлуката од 9.1.2024 година.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 ден/лит.Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ се зголемува за 1,00 ден/лит.Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 1,50 ден/лит.Малопродажната цена...
Кривична за велгоштанец кај кого била пронајдена марихуана
Post Views: 33 СВР Охрид поднесе кривична пријава против 23 годишно лице од охридското село Велгошти поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори “.„При преглед, извршен на локален пат во селото, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа марихуана.“ – информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.







