Автор: инфодеск
Post Views: 1.214 Во склоп на рубриката „Ти си твојот град“ ни пристигнаа слики од граѓани на Охрид кои се жалат на узурпирани тротоари пред нивната зграда, бучава и голем метеж на нивната улица. Ова е нивниот коментар:Имаме проблем со узурпирани тротоари од страна на карго комбиња со пакети на улица, паркирани автомобили на тротоар, на пешачки премин не може да се помине нити пешки, нити со количка. Сите жители на ул. „Никола Карев“ кај музичкото училиште се соочуваме со неподнослива гужва и бучава. Многу пати сме реагирале до МВР, доаѓаат, опоменуваат и си заминуваат и...
Пет дена меѓународен натпревар Охридски бисери
Post Views: 352 Започнува 21вото издание на Меѓународниот натпревар на млади музичари „Охридски бисери“. Од денеска 14ти јуни, во наредните пет денови до 18-ти јуни, седумдесетина млади уметници од шеснаесет држави ќе се натпреваруваат во дисциплините виолина, пијано и камерна музика.Младите музичари од Србија, Бугарија, Црна Гора, Словенија, Хрватска, Германија, Полска, Австрија, Чешка, Грузија, Италија, Литванија, Шпанија, Турција, Украина, ќе настапуваат во акустичниот амбиент на црквата Св. Софија.Поради олеснување на ковид-мерките, годинава натпреварот е отворен за...
Нарушена автентичноста на старото градско јадро
Post Views: 629 Потребен е посериозен пристап во заштитата на културното наследство во Охрид, апелираат експертите.Мора да отпочне спроведувањето на препораките на Унеско, во однос на нарушувањето на автентичноста на старото градско јадро. Една од забелешките е несоодветна реставрација на староградските куќи. Недостатоци се нотирани и во реконструкцијата на крововите, кои наместо со ќерамиди, покриени се со современи материјали.Друга забелешка е поставување на антени, клими, соларни системи, кои што ќе мора да бидат отстранети.„Не можеме да дозволиме несоодветно да...
Се издава урбана опрема во нас. Пештани
Post Views: 513 ЈП Градски Пазар Охрид издава урбана опрема за комерцијално користење во нас. Пештани. Урбаната опрема се издава за следната намена:1. Урбана oпpeмa за продажба на храна и сувенириНас. Пештани –вкупно 2 куќарки, локација 1 и 2Графички приказ со нумерички ознаки на урбана опрема се дадени во изводот од годишната програма за поставување на урбана опрема за 2022 година бр.19-329/2 од 17.05.2022.Урбаната опрема ќе се издава период на времетраење од 20.06.2022 до 20.10.2022 година.2. Почетна цена за издавање на урбана опрема на месечно ниво...
Вечерва и утре се слави Свети Еразмо
Post Views: 597 Вечерва и утре се одбележува споменот на Свети Еразмо Охридски. Верниците по традиција масовно го посетуваат манастирот, посветен на светителот. Свети Еразмо е пештерна црква во близина на Охрид. Црквата посветена на антиохискиот архиепископ Еразмо, се наоѓа на околу три километри од Охрид, во карпите, десно од патот што води од Охрид кон Струга. Оваа пештерна црква, со својата долга историја, е повеќепати преправана. Добро е сочуван ликот на Византискиот император Андроник II – Палеолог, кој датира од 18. век.Осаменоста на оваа пештерна црква на...
Се издава урбана опрема за комерцијално користење
Post Views: 551 ЈП „Градски Пазар“ Охрид издава урбана опрема за комерцијално користење. Урбаната опрема се издава за следната намена:1. Урбана oпpeмa за продажба на храна и сувенириУлица Кеј Македонија – Вкупно 6 куќарки, и тоа куќарка бр.4,5,6,8,13,14Графички приказ со нумерички ознаки на урбана опрема се дадени во изводот од годишната програма за поставување на урбана опрема за 2022 година бр.19-3264/2 од 15.03.2022.Урбаната опрема ќе се издава период на времетраење од 20.06.2022 до 20.10.2022 година.2. Почетна цена за издавање на урбана опрема на...
Издавање на простор за поставување мобилна опрема
Post Views: 412 ЈП Градски Пазар Охрид издава простор-локација за поставување мобилна опрема до 2м² за намена продажба на пченки.1. Урбана oпpeмa за продажба на храна и сувенириПлоштад Крушевска Република-Вкупно локација 1,2,3Кеј Македонија – Вкупно 3 локации, локација 4,5,6Графички приказ со нумерички ознаки на локациите се дадени во изводот од годишната програма за поставување на урбана опрема за 2022 година бр.19-328/2 од 17.05.2022.Локациите за поставувње мобилна опрема ќе се издаваат за период на времетраење од 20.06.2022 до 20.09.2022 година.2....
Пронајдена марихуана кај двајца тетовчани во Охрид
Post Views: 277 СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Ѓ. (62) и Ѓ.Ѓ (70), двајцата од Тетово, со живеалиште во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.При претрес во нивниот дом и помошни простории, извршен по судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана и семки од растението канабис – се вели во соопштението на СВР Охрид.
Пожар во објект зафати и патничко возило
Post Views: 435 На 13.06.2022 година во 05:20 часот во СВР Охрид пријавено е дека настанал пожар на помошен објект во кој било зафатено и патничко возило „Рено”, во кој нема повредени лица, сопственост на С.Н. (34) од Охрид.Интервенирала Територијалната противпожарна единица Охрид – информираат од СВР Охрид.
Уметност наместо говор на омраза
Post Views: 607 Млади индивидуи вклучени во процесот на уметничко покривање натписи со говор на омраза цртаа нов мурал посветен на Браќата Миладиновци.Аква Здружение заедно со своите партнери и соработници остава пример за Струга и вложува во нови генерации кои ги разбираат различностите, ја сакаат заедницата и сакаат да бидат дел од нејзиниот развој.Низ долгиот процес на учење за мултикултурализам, радикализација и креативни алатки како дел од проектот “Мултикултуралиам и радикализација – нови пристапи кон старите проблеми”, го одржавме...
Светски ден на крводарителството
Post Views: 439 14-ти јуни насекаде во светот се одбележува како Светски ден на крводарителството.На овој ден Црвен крст Охрид искажува искрена благодарност, признание и почит на сите оние хумани луѓе, крводарители кои несебично и без резерва ја покажале својата хуманост дарувајќи крв, но и до екипите на Трансфузиолошката служба, вработените и волонтерите на Црвен крст Охрид и сите оние поединци, фирми, институции кои вложија труд, креативност и средства за поддршка и помош во реализација на крводарителските акции. На сите овие чинители ги поврзува една иста, многу...
Целовечерен концерт Етно Ноктурна
Post Views: 583 Во изложбениот салон на НУЦК ” Глигор Прличев” во Охрид на 15-ти јуни со почеток во 20 часот ќе се одржи целовечерниот концерт “Етно Ноктурна”. Ќе се претстават нашите реномирани музичари Александра Коцевска (мецосопран), Билјана Петровска (пијано) и Петар Колевски (кларинет)Програмата на овој концерт ќе содржи концертни композиции кои се преработки на изворни македонски фолклорни песни.Аранжманите за овие композиции – Етно ноктурна се на Сашо Ливрински–Лаврод кој интересно ги претставува македонските изворни песни во една...