Автор: инфодеск
Post Views: 361 Општина Дебрца известува дека рокот за пријавување на материјални штети на земјоделските култури предизвикани од атмосферската непогода –град која ја зафати територијата на општината на ден 28.05.2022, наместо 14.06.2022 година ќе биде продолжен до, заклучно со 17.06.2022 (петок) .Барањето за пријавување на штета на земјоделските култури може да се преземе на од веб страната на debrca.gov.mk и пополнето со бараните податоци се доставува до архивата на општина Дебрца.Покрај барањето секој барател треба да достави:копие од лична карта со...
Промоција на творештвото на Оливера Јовановска
Post Views: 574 Утре во 12 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи поетско – литературна средба со авторката Оливера Јовановска од Мелбурн – Австралија.Во Прличевата одаја промоторите поетесата и познатата поранешна спикерка на МРТВ Лилјана Стоилковска, како и м-р Милчо Јованоски, директор на охридската Библиотека ќе ги промовираат книгите: „Неостварена љубов“, „Магични љубовни зборови“, „Лавиринт на вистината“ и „Одмрзнати чувства“ од авторката Јовановска.Четирите книги (три поетски и еден роман) се во издание на Македонското литературно...
Дезинсекција против комарци во четврток
Post Views: 844 Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести (Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009, 149/2014, 150/2015 и 37/2016), а врз основа на одлуката на Советот на Општина Охрид за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина како општа противепидемиска мерка Општина Охрид информира:Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид дека на ден 16.06.2022 год. (четврток) ќе се спроведе теристичка (од земја) дезинсекција против комарци. Запрашувањето ќе се врши во период...
Сопружници во петок одново пред охриѓани
Post Views: 629 Прекрасен почеток на викендов, овој петок (17.06.2022 г), со почеток во 20 часот, одново пред охриѓани ќе се одигра театарската претстава „Сопружници“ од Вуди Ален, во режија на Драгана Таневска.Во претставата играат: Ивица Цонев како Гејб, Елизабета Стефановска во улогата на Џуди, Никола Тодороски како Џек, Адријана Билаловиќ- Тодороска како Сали и Филип Кипровски како Мајкл.Одново на репертоарот на Нарден театар Охрид е песимистичкото гледиште за романтичната љубов и бракот, а хуморот во претствата произлегува од реалноста на ситуациите, напоменува...
Балканските училишни спортски игри – Охрид 2022
Post Views: 533 Започнаа балканските училишни спортски игри, Охрид 2022.Настанот го организира Федерацијата за училишни спортови на Македонија со поддршка на Агенцијата за млади и спорт.„Средношколци од различни земји, во Охрид ќе го развиваат тимскиот дух, ќе го усовршуваат фер плејот и ќе почувствуваат здрава компететивност“ – потенцира директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски.Ќе учествуваат околу 450 ученици-натпреварувачи од најдобрите средни училишта од Македонија, Србија, Албанија, Косово, Бугарија, Црна Гора и Босна и...
Дефицит на угостителски кадар
Post Views: 1.084 Во хотелско угостителскиот сектор во Охрид и Струга недостигаат над 1000 работници. Проблемот со дефицит на стручен кадар се продлабочува и оваа сезона. Причина е што огромен број вработени заминаа на работа во странство, најголем дел во Хрватска и Германија.Од хотелската асоцијација бараат измени во законот и во земјава да може да се вработуваат странски државјани со минимални документи.„Како што може нашите да отидат странство и да работат со минимални документи, така и ние бараме да може да добиеме странски државјани да работат во Македонија, тогаш...
Речиси осум децении од смртта на Коста Солев Рацин
Post Views: 609 На денешен ден пред 79 години на планината Лопушник, Кичевско, загинал Коста Солев Рацин, книжевник, партизан, еден од основачите на македонската современа поезија.Роден во Велес на 22 декември 1908 година во семејството на Марија и Апостол Солеви.Речиси осум децении од смртта, а сè уште ненадминлив, еден од најистакнатите интелектуалци што ги дала Македонија во периодот помеѓу двете светски војни, најпознат е по својата збирка песни „Бели мугри“, поради која се смета за основоположник на современата македонската литература.Покрај тоа што се...
Уште два дена за пријава на обука за спасители на вода
Post Views: 708 До 15 јуни 2022 трае повикот за кандидати за обука за спасители на отворени води. Обуката која е во рамките на подготовките за претстојната летна сезона ја организира Црвен крст Охрид.Сите оние млади, хумани луѓе кои се на возраст од 18 до 35 години и успешно ја завршат осумдневната обука за спасители на вода, ќе се стекнат со меѓународно признаен сертификат за спасител на вода и ќе бидат дел од Единицата за безбедност на вода при Црвен крст Охрид која се грижи за безбедност на корисниците на капалиштата на Охридското езеро, соопштуваат од Црвен крст...
Дигитализација за доверба во правосудството
Post Views: 473 Денес во Охрид започнува Европски самит за дигитализација на судството.„Придобивките од 4-та индустриска револуција како механизам за враќање на довербата во правосудството” е темата на Европскиот самит за дигитализација на судството кој од денеска во наредните три дена ќе се одржи во Охрид во организација на Министерството за правда, а под покровителство на претседателот на државата Стево Пендаровски.Предвидени се поздравни обраќања на претседателот Стево Пендаровски, министерот за правда Никола Тупанчески, шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадор...
Започнува десеткратниот подвиг на Пејчиновски
Post Views: 627 Денеска во 13:00 од Радожда започнува летниот пливачки подвиг на младиот, но веќе добро познат пливач Марко Пејчиновски.Ова извонредно младо момче денес ќе стартува од Радожда, а целта е охридското пристаниште, при што должината на патеката е 14 километри.Неодамна тој објави дека ова лето ќе има 10 препливувања од различни локации и должини, во 10 викенди и во кои ќе исплива 250 километри.Тој во септември минатата година пливаше во знак на поддршка на Децата со ретки болести. Претходно, на 1-ви август 2021, тој направи уште една авантура, откако по...
Најновото засилување на кралевите
Post Views: 483 Реал мадрид и Монако се договорија за трансферот на Аурелиен Чуамени.Младиот играч за врска на Монако кој изминатиот период беше поврзуван со повеќе европски клубови, става потпис на шестгодишен договор со кралевите.Тоа би значело дека Реал Мадрид обезбедува достојна замена на децениската тројка во средниот ред, а на младите брилијанти Феде Валверде, Едуарно Камавинга се приклучува и Аурелиен Чуамени.Фото: Принтскрин ( Bleacher Report football )Вредноста на договорениот трасфер се проценува на 100 милиони евра, пренесуваат светските медиуми....
Прифати ги поинаквите, нов мурал во Охрид
Post Views: 476 Една недела била доволна за создавање на мурал на инклузивноста во кој едно љубопитно девојче и водата го претставуваат прифаќањето на различностите и емпатијата.Насликан на училиштето „Григор Прличев“-Охрид, на површина од 21 квадратен метар од авторот, уметник Трајче Павлов кој пак се инспирирал од Охридското езеро и водата како елемент.„Едно девојче загазува во вода со желба да истражи и открие дали е ладна, длабока, убава и слично. Така гледам и на инклузијата и на емпатијата со различните од нас, со луѓето кои секојдневно живеат со предизвици...