Skip to main content

Автор: инфодеск

Ламбе Алабаковски пуштен во домашен притвор

Post Views: 509 По поднесената жалба од адвокатот на Ламбе Алабаковски, Судскиот совет од Основен суд Битола ја преиначил одлуката за осумдневен притвор во мерка куќен притвор, објави Телма.Алабаковски, кој е осомничен дека го подметнал пожарот во клубот „Ванчо Михајлов“ денеска го напуштил одделението во затворот во Битола и бил спроведен во неговиот дом.Пејачот е осомничен дека го предизвикал пожарот во бугарскиот културен клуб во саботата, кога изгоре влезната врата на објектот.Инцидентот предизвика силни реакции во јавноста, а вчера во Битола се одржа...

Продолжи со читање

Лазаров како крал на испраќањето во Нант

Post Views: 586 Ракометната македонска легенда и играч на францускиот клуб Нант, нашиот Кирил Лазаров вчеравечер беше испратен со сите почести, како крал, во играчка пензија.Лазаров вчера го одигра претпоследниот натпревар, а последен пред фановите на Нант, додека последниот натпревар во кариерата на Лазаров ќе биде викендов на финалето на Купот меѓу ПСЖ и Нант.Спектакуларното шоу што му го приреди клубот Нант синоќа, е дефинитивно едно незаборавно испраќање на Кралот на ракометот и баш онакво какво што тој заслужува.Го седнаа на престол, му ставија круна на...

Продолжи со читање

Реконструкција на Градскиот базен Атина Бојаџи

Post Views: 452 Започна реконструкцијата на Градскиот базен „Атина Бојаџи“ во Охрид. Согласно проектот се изврши расчистување и уредување на целиот простор на Градскиот базен.Со проектот предвидено е да се изврши подготовка, односно пескарење на површините пред нанесување на заштитна обвивка. Понатаму следува премачкување со специјализирана боја за оваа намена во два слоја. Трибините кај големиот базен кои се уништени ќе бидат санирани и оспособени за користење. Просторот околу малиот и големиот базен дополнително ќе биде хортикултурно уреден, а ќе бидат поставени и клупи и...

Продолжи со читање

Артроскопска хирургија на рамен зглоб во Св. Еразмо

Post Views: 745 Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ од Охрид воведе нов оперативен зафат – артроскопска хирургија на рамен зглоб. Во изминативе два дена успешно беа оперирани пет пациенти на возраст од 17 до 73 години со застарени комплексни повреди.За прв пат во јавното здравство се користеа нови современи импланти кои пружаат подобра рехабилитација на пациентите.Користевме за прв пат во јавните здравствени установи вид на импланти направени исклучиво од сутори од конец, со помал дјаметар од оние кои се стандардно користени. Со тоа...

Продолжи со читање

Монтажни куќички да или не?

Post Views: 1.058 Денес ни пристигнаа слики за рубриката „Ти си твојот град“ од наш сограѓанин кој вели дека не му се допаѓаат типизираните куќарки поставени на Кеј Македонија. Ова е неговиот коментар:Мене лично не ми се допаѓаат овие куќарки, но има охриѓани на кои што им се допаѓаат. Па посебно и овие кои што си ставиле и лим од лани, значи ги доизмениле. Ај што Општината пробала унифицирани да ги направи, ама секој што доаѓа си прави што сака – вели Петар за „Ти си твојот град“.

Продолжи со читање

Комуналец ја исчисти депонијата на влезот од Охрид

Post Views: 597 По 12 години барање до Локалната и ЈП „Охридски Комуналец“, конечно се реши проблемот на граѓаните кои живеат на самиот влез на Охрид.По налог на Општина Охрид, се реши долгогодишниот проблем со дива депонија и обраснатиот појас на Бул.Туристичка (на самиот влез на градот кај Плавобели згради) – велат од ЈП „Охридски Комуналец“.Во акцијата беа вклучени 2 машини, 1 камион, 2 трактори и 14 луѓе, а истата траеше две недели.

Продолжи со читање

Жителите на Дебрца ќе добијат субвенции за велосипед

Post Views: 439 Општина Дебрца, со цел да ги стимулира жителите на општината за користење на велосипеди, како и да го поттикне рекреативниот спорт, на граѓаните кои ќе купат нов велосипед во 2022 година ќе им надомести дел од трошоците направени за купување на велосипед.Согласно Годишната програма за развој на спортот во општина Дебрца за 2022 година, мерка “Живеј здраво – вози точак”, поддршка на рекреативниот спорт, обезбедени се средства за субвенционирање на дел од трошоците за купување на велосипед, во вкупен износ од 200.000 денари. На барателот ќе му се надоместат дел...

Продолжи со читање

Евакуирани 3000 лица поради пожар во Шпанија

Post Views: 364 Над 3.000 луѓе се евакуирани во Шпанија во текот на ноќта, поради шумски пожар во туристичкиот регион Коста дел Сол, јави ДПА.Причината за пожарот, што изби вчера попладне, сè уште не е утврдена. Најзагрозени беа 8.000 жители на Бенахавис и 300 на Пујера, западно од Малага. Повредени се тројца пожарникари.Температурите над 30 целзиусови степени, сушата и силните ветрови го отежнуваат денешното гаснење на пожарот. Се очекува ситуацијата да се подобри во текот на денот, штом стивнат ветровите. Околу 500 членови на Противпожарната единица, цивилна одбрана и...

Продолжи со читање

Летно работно време на Градската Библиотека

Post Views: 348 НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид од понеделник 13-ти јуни до 5-ти септември ќе работи во една смена од 08:30 до 16:30 часот.Во терминот од 08:30 до 16.00 ч. Библиотеката е од отворен тип и ќе работи со читатели кои ќе можат да позајмат нови и да ги вратат веќе прочитаните книги. Како и досега и летово читателите слободно ќе можат да влезат и да одбираат книги од полиците и да побараат помош од библиотекарите. Читалната во одделот за издавање ќе биде отворена од понеделник до петок од 9 и 30 до 14.00 часот, а читалната за дневен печат и периодика во...

Продолжи со читање

Загинаа првите луѓе на рускиот фејсбук

Post Views: 618 Двајцата лидери на социјалната мрежа наречена „руски Фејсбук“ загинаа вчера откако нивното теренско возило (АТВ) се превртело во разбеснета арктичка река.Заменик-извршниот директор 39-годишниот Владимир Габриелјан и директорот за набавка 44-годишниот Сергеј Мерзљаков ги загубија животите по неуспешниот обид да ја преминат реката Бољшој Бугрјанец во областа Аркангелск во северна Русија.Силен порој го превртел нивното возило кое потоа удрило во карпите. Габриелјан и Мерзљаков успеале да излезат од автомобилот, но починале од хипотермија бидејќи носеле...

Продолжи со читање

Прв случај на мајмунски сипаници во Грција

Post Views: 423 Во Грција е регистриран прв случај на инфекција со вирусот на мајмунска сипаница, покажуваат првичните резултати на националната здравствена агенција ЕОДИ.Пациент во Грција, каде што е регистриран вирусот на мајмунски сипаници, неодамна отпатувал во Португалија, пренесува „Ројтерс“.Пациентот е во болница и е во стабилна состојба, соопшти грчката Национална здравствена агенција.

Продолжи со читање

Дизелот од денеска со рекордна цена

Post Views: 420 Од денеска, малопродажната цена на дизелот се зголеми за 2,5 денари и изнесува 104,5 денари за литар, што е рекордна цена.Цените на бензините, според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика од среда, останаа непроменети, односно Еуросупер 98 се продава по 112 денари за литар, а Еуросупер 95 за 110 денари по литар.Иста остана и цената на мазутот, односно 55,5 денари, додека цената на екстра лесното масло се зголеми за 3 денари и изнесува 102,5 денари по литар.

Продолжи со читање