Автор: инфодеск
Post Views: 75 Пливачкиот клуб „Акваспирит“- Охрид ќе започне со одржување на тренинзите во затворениот пливачки базен во Струга.„Со оглед на специфичноста на целата организација (превоз, термини, делење на базенот со другите клубови итн…), сакаме да Ве информираме дека имаме ограничени временски термини, особено за натпреварувачката група „пливачи“, каде што на располагање имаме три термини во текот на неделата Пон-Сре-Пет од 19:30 часот ( со цел да бидат опфатени децата што се прва и втора смена на училиште) и еден термин утрински за време на викенд почнувајќи од...
Денеска е Свети архиѓакон и првомаченик Стефан
Post Views: 96 Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 27 декември. На третиот ден од празникот Божик светата православна црква го празнува споменот на светиот архиѓакон и првомаченик Стефан.Тој е наречен првомаченик затоа што тој прв настрадал за Христовата вера. Веднаш по слегувањето на Светиот Дух во Ерусалим била формирана христијанска општина, биле избрани седум ѓакони да се грижат за сиромасите, за болните, старите, вдовиците и да ги делат подароците што христијаните ги давале на црквата. Најстар во тие седум ѓакони бил Стефан поради што бил наречен...
Студено и ветровито време
Post Views: 48 Променливо облачно и студено време денеска во Охрид. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер претежно од северен правец. Максималната дневна температура само до 4 степени.Следува период на стабилно и студено време со ниски утрински температури. И во петок ќе дува умерен до засилен северен ветер.фото: Ѓоко Симјаноски
Богослужби за Св. Стефан
Post Views: 47 За празникот Св. Стефан, во манастирската пештерна црква Свети Стефан Панцир во истоимената крајезерска наслеба ќе има богослужби.Понеделник попладне во 16:00 часот ќе се служи вечерна богослужба, а вторник во 7:30 ч. утрена богослужба со света божествена литургија, информираат од манастирот.Божиќ се слави три дена. Додека вториот ден од Божиќ е посветен на Богородица, третиот ден од најрадосниот христијански празник е посветен на светиот архиѓакон и првомаченик Стефан.
За 10% пораснаа цените на угостителските услуги
Post Views: 38 Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во декември 2023 година, во споредба со ноември 2023 година, е зголемен за 0.5 %. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата Храна за 0.5 % и Алкохолни пијалаци за 1.4 %.Индексот на цените на угостителските услуги во декември 2023 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 6.5 %.Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – декември 2023 година, во однос на истиот период од...
Собор на Пресвета Богородица
Post Views: 52 Православните христијани на 26-ти декември (Јулијански календар) го слават Соборот на Пресвета Богородица.На вториот ден од Божик христијанската Црква ѝ оддава слава на Пресветата Божја Мајка, Којашто Го роди Господ и Спасителот наш Исус Христос. Ова празнување се нарекува Нејзин собор затоа што на тој ден се собираат сите верни за да Ја прослават Нејзе, Која е Богородица. Тогаш се служи торжествено, соборно, во Нејзина чест. Во Охрид од древноста беше устроено спроти вториот ден на Божик вечерната да се служи само во црквата на Пресвета Богородица, наречена...
Утре бесплатен паркинг во Охрид во чест на Божиќ
Post Views: 67 Ве чест на големиот православен празник Божик, од ЈП „Билјанини Извори“ информираат дека утре, недела, 7-ми јануари 2024 година, сите паркинг места со кои стопанисуваат ќе бидат бесплатни за сите корисници во текот на целиот ден.На сите православни верници од ЈП “Билјанини извори” им го честитаат големиот празник.
Бадник – предвесник на Рождеството Христово Божиќ
Post Views: 43 Православните христијански верници во земјава го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божиќ.На Бадник, уште од самото утро во секоја куќа се слуша гласот на децата коледари, кои со коледарските песни за здравје и бериќет го симболизираат гласот на ангелите за раѓањето на Исус Христос. Домаќините им даваат костени, ореви, јаболка, круши, за да го зачуваат овој убав обичај кој се пренесува од колено на коленоСемејството на Бадник се собира на заедничка вечера и според обичајот оваа вечер не се оди на гости. Се прави богата, посна...







