Автор: инфодеск
Post Views: 543 Поднесено Барање за покренување Кривична постапка до Јавно Обвинителство на РСМ-ОЈО Струга за сторено кривично дело:Загадување на животна средина и природата (Член 218 став 1 и Член 234 став 5), од Кривичниот Закон на Република С. Македонија.Државниот инспекторат за животна средина на ден 17.03.2022г. изврши вонреден инспекциски надзор по претходно добиена медиумска информација за опожарување на трските во Охридското Езеро во близина на с.Калишта, Струшко.Во надзорот учествуваа Државен Инспектор за заштита на природата и Државен Инспектор за...
Нова депонија во Рамне
Post Views: 904 Старо нова депонија во с. Рамне. Видео во рубриката „Ти си твојот град“ ни испрати Бранко Тасески а ова е неговиот коментар:Една депонија се чисти, друга се отвора. Ова е патот за Рамне, каде секојдневно пешачам – вели Тасески за „Ти си твојот град“.Изгледа на некој му пречел стариот мебел, па си го оставил тука. До каде ќе оди човечката несовесност за природата и екологијата?!Погледнете го видеото во продолжение!
ГРК Охрид ќе ја пречека екипата на Бутел
Post Views: 560 Во сабота 26-ти март, ГРК Охрид ќе ја пречека екипата на РК Бутел од Скопје во второто коло од Супер лигата.Ова ќе биде прв натпревар на домашен терен во плеј-офот од Супер лигата.Натпреварот ќе се одигра во Спортската сала „Билјанини извори“, со почеток во 18 часот.Влезот ќе чини 50 денари.
Градежни активности во населбата Христо Узунов
Post Views: 549 Градежни активности од утре (четврток) во населбата „Христо Узунов“. Активностите ќе се одвиваат на кракот кон кулите и кон ординација „Д-р Алексиески“.Се замолуваат жителите на населбата и граѓаните кои гравитираат на овој потег да ги отстранат паркираните возила заради непречено и безбедно одвивање на градежните активности.Градежните активности ќе ги изведува ДООЕЛ „Маркоски“.
Исчезна охриѓанец
Post Views: 1.112 На 22.03.2022 година во СВР Охрид пријавено е дека В.Ќ. (63) од Охрид се оддалечил од семејниот дом. Се преземаат мерки за негово пронаоѓање, информираат од СВР Охрид.Ќосески бил излезен на пешачење, облечен во темно сина јакна, темно сиви фармерки, плави патики, носел плетено капче. Виден е на градскиот кеј, во близина на хотел „Тино“.Се замолуваат сите граѓани, доколку го виделе или имаат информации кои можат да помогнат за негово пронаоѓање, веднаш да се јават на телефонскиот број 075/424-255.
Асфалтирање на велосипедска патека на Туристичка
Post Views: 603 На Булеварот „Туристичка“ од кружниот тек со улицата „Јане Сандански“ во правец на охридските плажи, започнаа активности за асфалтирање на велосипедската патека.Должината на патеката изнесува околу 500 метри.Активностите се реализираат во рамки на програмата за подигнување на урбаната мобилност од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици.Изведувач на градежните зафати е АД „Илинден“.
Регионална депонија во Новаци
Post Views: 558 На повидок решавање на проблемот со депониите во Југозападниот плански регион во земјава. Заедно со Пелагонискиот, двата региони ќе градат една меѓурегионална депонија во општина Новаци.Советот на Југозападниот регион донесе одлука да се формира ново, Јавно меѓуопштинско претпријатие за транспорт на сметот.Современата санитарна депонија ќе има горилник за депонискиот гас, пречистителна станица и простор за складирање на рециклабилни материјали.Овие диви депонии, еднаш засекогаш ќе исчезнат од секојдневна употреба и напад и критики...
Нема финансиска поддршка за Вевчански карневал
Post Views: 641 Вевчанскиот карневал, за првпат не доби финансиска поддршка од Министерството за култура. Карневалската манифестација е бренд во земјава со вековна традиција и секогаш се одржувала под покровителство на министерството.Според градоначалникот, одбивањето на финансии кои редовно изнесувале околу 1 200 000 денари е со образложение дека карневалот се одржал пред да се донесе одлука за негово финансирање, што и изминатите години било пракса.Образложението во решението е дека Комисијата се состанала, односно настанот се случил пред да заседава комисијата...
Расфрлано ѓубре околу школото во Далјан
Post Views: 767 На што ли газат децата кои учат во подрачното училиште „Св. Климент Охридски“ во населба Далјан?!Расфрлан отпад, пластични шишиња на патот Пештани-Св.НаумРодителите преку рубриката „Ти си твојот град“ се жалат дека нивните деца секојдневно на голем одмор или кога си одат од школо, приморани се да газат на еден куп ѓубре кое зад себе го оставаат несовесни граѓани. Ова е нивниот коментар:Од училиштето и од родители повеќе пати е реагирано. Не знам точно каде, но никој нема слух за проблемот. Се работи за проблем кој се провлекува со години. Во...
Таеквондо ИТФ ќе учествува на Европското првенство
Post Views: 739 Таеквондо ИТФ Македонија од 25.03 – 02.04 ќе учествува на Европското Таеквондо ИТФ првенство во Пореч, Хрватска.Под водство на претседателот Марјанчо Лазаревски, боите на нашата земја ќе ги бранат пет искусни натпреварувачи. Христијана Парулеска, Давид Крстески, Елена Јанеска, Давид Велковски и Божидар Димитриевиќ.Подготовките течеа последните 2 месеци секојдневно, го дадовме сиот наш максимум и се надеваме на солидни резултати, иако поради ситуацијата со ковид 19 го изгубивме континуитетот на натпревар. Сепак според нивниот историјат...
Дигитална водна книга
Post Views: 567 Промовирани резултатите од спроведувањето на проектот за изработка на Дигиталната книга и методологијата за мониторинг на водите.Проектот е финансиран од Британската Амбасада во Скопје и менаџиран од Институтот за комуникациски студии преку кампањата „Разбистри се“.Резултатите кои се обезбедија преку проектот имаат за цел да и помогнат на Владата на Северна Македонија, а пред се на МЖСПП и на другите институции во процесот на усогласување со европските барања за управување со водите. Но, истовремено, ќе ги зајакнат административните капацитети за...
Портал ТВМ со редизајниран изглед
Post Views: 869 По повод 30 години од своето постоење Телевизија ТВМ го ребрендираше својот веб сајт tvm.mk.Новиот веб сајт имплементира нови технологии, со цел приближување на помладата публика, како и трансформација на телевизијата на повеќе платформи кои се лесно достапни.Редизајнираната веб страна е прилагодена на денешните трендови и стандарди за изглед, оптимална брзина и сигурност. Целта е формат кој е разбирлив, лесен за пребарување, прилагоден за социјалните мрежи и мобилни уреди.Новиот веб сајт е креиран за да биде покорисен за нашите гледачи, читатели...