Skip to main content

Автор: инфодеск

Околу 1000 охриѓанчиња ќе бидат дел од годинашната Бадникова поворка

Post Views: 35 Околу 1000  охриѓанчиња  ќе бидат дел од годинашната Бадникова поворка што по традиција ќе се одржи  на Бадник оваа сабота,  ден пред големиот христијански празник Божиќ.Пеејќи ја возобновената христијанска песна Вечниот Бог, со ѕвезди во рака коледарчињата ќе го најават Христовото раѓање. Поворката тргнува утрото во 10:30ч. од црквата Св. Георги – Горна Влашка Мала и ќе се движи по ул. „Јане Сандански“, булевар „Туристичка“ и охридската чаршија. Во 11:30ч на градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“ кај бадниковата пештера ...

Продолжи со читање

Општина маркица

Најдоцна до 31 јануари правните и физички лица да поднесат даночна пријава за утврдување на данок на имот

Post Views: 81 Општина Охрид ги известува сите правни и физички лица кои поседуваат имот на територијата на Општина Охрид, дека најдоцна до 31 јануари 2024 година, должни се да поднесат даночна  пријава (образец ДИ – линк) за утврдување на данок на имот за имотот што го стекнале или почнале да го користат во текот на годината или ако по некоја друга основа настанала даночна обврска и доколку имале промена во вредноста на имотот (изградба, доградба, надградба, утврдување на правен статус на бесправно изграден објект и сл.).Даночните обврзници кои не ги подмириле...

Продолжи со читање

Општина Охрид обезбеди две изданија на Брајово писмо од книгата „Гоце Делчев“ на Ванчо Николески

Post Views: 37 Со поддршка на Општина Охрид, преку Одделението за култура обезбедени се две изданија на Брајово писмо од книгата „Гоце Делчев“ на Ванчо Николески, кои ќе бидат предадени на Библиотеката „Григор Прличев“ и на Здружението на слепи лица од Охрид.„По повод 4 Јануари-Meѓународниот ден на Брајовото писмо ја искажуваме нашата безрезервна поддршка за поголема инклузија на слепите лица и лицата со оштетен вид во сите сегменти на општественото живеење“, објави Кирил Пецаков – Градоначалник на Општина Охрид.Брајовото писмо им овозможува на слепите лица да имаат...

Продолжи со читање

Славе Ѓорѓо Димоски ја доби наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема

Post Views: 43 За поетското дело „Денес“, Славе Ѓорѓо Димоски е добитник на наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема во 2023 година.Наградата што во чест на славниот македонски поет и преродбеник ја доделува НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид ќе биде врачена на посебна свеченост, а наградената поема ќе биде објавена.Одлуката за доделување на наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема за 2023 година едногласно ја донесе комисија во состав Милован Стефановски – претседател и Елизабета Шелева и Иван Додовски – членови.Од вкупно седум ракописи, кои беа...

Продолжи со читање

boy hugging woman

Повик за еднократна финансиска поддршка на лице згрижено во згрижувачко семејство

Post Views: 37 Градоначалникот на општина Oхрид објави повик за еднократна финансиска поддршка на лице згрижено во згрижувачко семејство на територија на Општина Охрид.Општина Охрид за буџетската 2024 година, согласно програмата за социјална и здравствена заштита предвидува еднакратна финансиска поддршка на лице кое е згрижено во згрижувачко семејство на територијата на општина Охрид. Средствата треба да се наменети исклучиво за поддршка на лица (деца) кои се згрижени во семејства што опфаќа основна заштита и 24 часовна грижа за деца и возрасни лица кои немаат свое...

Продолжи со читање

Повик за еднократна финансиска поддршка на семејство кое има дете во училишна возраст со тешка попреченост

Post Views: 37 Градоначалникот на општина Oхрид објави повик за еднократна финансиска поддршка на семејство кое има дете во училишна возраст со тешка попреченост.Општина Охрид за буџетската 2024 година, согласно програмата за социјална и здравствена заштита предвидува еднократна финансиска поддршка на семејство кое има дете со најтешка форма на попреченост во училишна возраст, кое не е корисник на стипендија или друг вид на поддршка од општина Охрид. Средствата треба да се наменети исклучиво за поддршка на деца кои се на училишна возраст но поради степенот на попреченост не...

Продолжи со читање

Новиот базен во Струга од денеска започна со термини за рекреативно пливање

Post Views: 203 Реконструираниот затворен базен во Струга од денес започнува и со термини за рекреативно пливање.Сите заинтересирани може да го користат базенот за рекреативно пливање во следните термини:Од понеделник до недела – 07:00-16:00;Од понеделник до сабота – 21:00-23:00.Цени за рекреативно пливање:Дневен билет (пливање 1 час) – 200 денари;Месечна членска карта – 2000 денари.Максимален број на пливачи во една стаза е 5. Доколку се исполни капацитетот на базенот во одреден момент, присутните ќе мора да почекаат...

Продолжи со читање

Божик

Продолжен викенд поради божиќните празнувања

Post Views: 51 Викендов што е пред нас ќе биде продолжен викенд поради божиќните празнувања. Согласно Законот за празници, Божиќ (7 јануари) е неработен ден за сите граѓани, а со оглед дека годинава се паѓа во недела, неработниот ден се префрла во понеделник (8 јануари).За граѓаните пак од православна вероисповед, неработен ден е и сабота (6 јануари) поради празникот Бадник.

Продолжи со читање