Автор: инфодеск
Post Views: 481 Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи огорчен од бранот поскапувања во последните три дена. Тој смета дека трговците и останатите дејности во голем дел се служат со манипулации со цените и дека ќе мора да реагираат инспекциските служби.„Со особен интерес ги следниме цените во последните три дена на слободниот пазар и има некоректно, неетичко и неморално однесување на одредени компании кон зголемувањето на цените, што ќе наиде на одговор на институциите. Не може цената да порасне за 24 часа за 20 отсто, кога производствената цена не пораснала за...
Намален водостојот на Охридското езеро
Post Views: 418 За по еден сантиметар е намален водостојот на Охридското и Преспанското Езеро, а нивото на Дојранското Езеро е исто како вчера.Со тоа, согласно последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), водостојот на Преспанското Езеро е за 1,86 метри понизок од повеќегодишниот просек за јуни. Пониско од просечното и тоа за еден сантиметар е и нивото на Охридското Езеро, додека водостојот на Дојранското Езеро е за 2,62 метра повисок од просекот за овој период од годината.Нивоата пак, на поголем дел од реките во земјава се во рамките на...
Осумнаесетта конференција на КОСАП во Охрид
Post Views: 376 Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија од денеска до 5 јуни ќе биде домаќин на 18-тиот состанок на Конференцијата на парламентарните комисии за европски прашања/интеграции на државите опфатени во Процесот за стабилизација и асоцијација од Југоисточна Европа – КОСАП, во рамките на македонското претседавање со Конференцијата.Работниот дел, според најавата, ќе почне во сабота со официјално отворање од претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Македонија Арбер Адеми, кој ќе претседава со конференцијата.На...
Турција официјално го промени името во Туркије
Post Views: 527 Обединетите Нации го усвоија официјалното барање на Анкара, со што за нив, Турција отсега ќе биде Туркије (Türkiye). По оваа одлука, наредно од неколку меѓународни организации ќе се бара да го променат името на земјата, согласно со иницијативата што минатата година ја покрена турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.Промената е направена веднаш – изјави Стефан Дујарик, портпарол на шефот на ОН.Тој истакна дека официјалното писмо на Анкара со барање за промена било примено во седиштето на ОН во Њујорк во средата.Еден ден претходно, турскиот...
Состанок со угостителскиот еснаф
Post Views: 344 Локалниот совет за превенција при Општина Охрид, одржа состанок со претставници на угостителскиот еснаф. На состанокот се разговараше за преземање на превентивни мерки во пресрет на претстојната туристичка сезона.Нагласено беше дека угостителите мора да ги почитуваат законските одреби за рабoтното време, бучавоста и присуството, односно не присуството на малолетни лица. Исто така, претставниците од Територијалната против пожарната единица, апелираа до угостителските објекти да ги извршат законските задолженија во врска со обезбедување на противпожарни апарти...
Денеска е Св. Константин и Елена
Post Views: 387 Според календарот на МПЦ денес се одбележува споменот на Светиот цар Константин и Светата царица Елена.Флавија Јулија Елена (латински: Flavia Iulia Helena Augusta), позната уште ѝ како Света Елена, Елена Августа и Елена од Константинопол (250 – 330) е важна личност во историјата на христијанството поради големото влијание која го имала врз нејзиниот син. Била сопруга на римскиот император Констанциј I Хлор и мајка на императорот Константин Велики.Според христијанското верување, таа го открила Светиот крст, поради кое во Римокатоличката црква и...
Охриѓани сакаат слободни плажи
Post Views: 247 Голем одзив на граѓаните на анкетата што ја спроведе ТВМ за тоа какви плажи сакаат охриѓани.На прашањето дали плажите на охридското крајбрежје треба да се издадат под концесија или треба да бидат слободни, 63 % од испитаниците одговориле дека сакаат плажите да бидат слободни, а за хигиената да се грижи локалната, додека 37% сметаат дека плажите треба да се издаваат под концесија и да бидат уредени.На прашањето дали сакате на плажите да има урбана опрема од типот на лежалки, чадори и шанкови, 51% одговориле негативно, додека 49 позитивно.Поголемиот дел од...
(ОБНОВЕНО) Викендов Охрид трчаТ по шести пат
Post Views: 393 Охрид по шести пат викендов ќе пулсира со спортско рекреативната манифестација „Охрид трчаТ“. Ова е еден од неколкуте препознатливи настани со кои може да се пофалиме и кои гордо ги претставуваме пред светот, истакна денеска градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.Тој упати покана до сите љубители на спортот овој викенд да го посетат Охрид и да бидат дел од публиката.Бројката од над 1300 пријавени учесници од 18 држави, кои викендов ќе трчаат во Охрид ја поставува оваа манифестација високо на листата од врвните спортски настани, не само во нашата...
Нелегална сеча ја пустоши Јабланица
Post Views: 346 Жителите на струшките села Вишни и Радолишта го кренаа гласот против неконтролираната сеча на Јабланица. Обвинуваат за пустошење на шумите и голoсеци од страна на кoнцесионери без дозвoли и приватни лица.Велат шеесеттина камиони деноноќно ја соголуваат шуматa. Мештаните стравуваат дека може да останат без вода за пиење бидејќи има намалување на водостоите во вишенските извори и оштетување на локалните патишта.Дневно околу 60 камиони поминуваат овде натоварени со огревно дрво. Досега не се преземаат никакви активности и покрај нашите барања, а сме се...
Горивата повторно поскапуваат
Post Views: 496 Цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ се зголемува за три денари по литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за 2,5 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,11 отсто.Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 107 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 109, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 97,5, а Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за...
Шесто издание на Охрид трчаТ
Post Views: 544 Врвни атлетичари, спортисти и рекреативци од 18 држави ќе бидат дел од шестото издание на спортската манифестација „Охрид Трчат”, која од утре до недела ќе се одржува во Охрид.Организатор на атлетскиот викенд е клубот „Охрид ТрчаТ“ со поддршка на Општина Охрид и неколку општествено одговорни компании.Градоначалникот Кирил Пецаков смета дека „Охрид Трчат“ е еден од неколкуте препознатливи настани со кои може да се пофалиме и кои гордо ги претставуваме пред светот.Бројката од над 1300 пријавени учесници од 18 држави, кои викендов ќе...
4 лица убиени во Оклахома
Post Views: 472 Најмалку четворица загинале при оружена престрелка во болницата во Тулса, Оклахома, соопшти полицијата. Оттаму потврдија дека во престрелката загинал и вооружениот напаѓач. При престрелката ранети се уште десетина други.Засега има потврдени информации за четири загинати цивили, а воедно и напаѓачот е мртов – изјави заменикот шеф на полицијата Ерик Далгиш.Тој додаде дека напаѓачот кој сеуште не е идентификуван, најверојатно самиот се самоубил. Напаѓачот при нападот користел пушка и пиштол.Засега нема информации за можниот мотив за...
