Skip to main content

Автор: инфодеск

Намирници и пијалаци кои ја саботираат апсорпцијата на магнезиумот

Views: 360 Магнезиумот е важен минерал за нормалното функционирање на мускулите и нервниот систем, но начинот на кој се земаат суплементите може да влијае врз неговата апсорпција. Еве со кои намирници и пијалаци треба да се внимава.Магнезиумот во форма на додаток во исхраната најчесто може да се зема со или без храна. Сепак, кај некои луѓе земањето со оброк може да помогне да се избегнат стомачни тегоби.Одредени компоненти во храната можат да влијаат врз искористувањето на минералот. Тоа не значи дека треба да се исфрлат здравите намирници од исхраната, туку дека, доколку користите...

Продолжи со читање

Празнични литургии на Плаошник по повод Св Климент Охридски и Пантелејмон

Views: 283 Со празнична богослужба и света архиерејска Литургија во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник, Охрид, ќе биде одбележан празникот Свети Климент Охридски – Летен.На 9 август се празнува споменот на Свети Климент Охридски, патронот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и закрилник на Охрид. На истиот ден се одбележува и споменот на Светите Седмочисленици, светите рамноапостоли Климент, Кирил, Методиј, Наум, Сава, Горазд и Ангелариј, како и на Светиот великомаченик Пантелејмон.Вечерва, 8 август, ќе се служи Вечерна богослужба во...

Продолжи со читање

Денес се одбележува денот на Света преподобна маченица Параскева – Света Петка

Views: 215 Денеска православните верници ја слават Света Петка летна.Света преподобна маченичка Петка Римјанка се празнува на 26 јули /8 август и меѓу народот е позната како летна Света Петка. Во нејзиното житие се вели дека нејзините родители биле Римјани и дека и дека таа како единствена ќерка им се родила по долги и искрени молитви кон Бога. Рано се замонашила а подоцна како и многумина други настрадала за верата Христова за време на царувањето на Антонин. На нејзиното мачење присуствувал и самиот император, но кога била фрлена во котел со врело масло и катран таа останалаа...

Продолжи со читање

Продолжува топлотниот бран: До 35°C во Охрид, до 40°C во земјава

Views: 197 Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.Денес во Охрид температурите од 17 до 35 степени Целзиусови.Под влијание на топла воздушна маса од југ продолжува периодот на сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност во текот на денот. Дневната температура во некои места ќе достигне до 40°C. Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови.

Продолжи со читање

Зграда општина Охрид

Општина Охрид објави Јавен повик за еднократна финансиска поддршка за лице кое е згрижено во згрижувачко семејство

Views: 293 Општина Охрид за буџетската 2026 година, согласно програмата за социјална и здравствена заштита предвидува еднакратна финансиска поддршка на лице кое е згрижено во згрижувачко семејство на територијата на општина Охрид. Средствата треба да се наменети исклучиво за поддршка на лица (деца) кои се згрижени во семејства што опфаќа основна заштита и 24 часовна грижа за деца и возрасни лица кои немаат свое семејство или немаат услови за живот во сопственото семејство. Предвидената финансиска поддршка изнесува 10.000,00 денари по згрижено дете.Повеќе информации на линкот.

Продолжи со читање

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер е добитник на Светската награда на хуманизмот за 2026 година

Views: 233 Проф. д-р Кристоф Бенедиктер, претседател на Европската асоцијација на истражувачи и професори (АЕРЕР), е годинашен добитник на Светската награда на хуманизмот за 2026 година, признание што Охридската академија на хуманизмот го доделува во чест на делото и духовното наследство на Свети Климент Охридски, како симбол на знаењето, просветителството и универзалните цивилизациски вредности.Одлуката на Меѓународното жири е донесена како израз на признание за долгогодишната научна, образовна и културна дејност на проф. д-р Бенедиктер, неговиот придонес во јакнењето на европската...

Продолжи со читање

Суд

Еден кривичен судија во Струга, тројца во Охрид, македонското судство се соочува со сериозен недостиг на судии, јавни обвинители и стручен кадар

Views: 266 Еден кривичен судија во Струга и тројца во Охрид. Оваа слика, според адвокатот Александар Новаковски, најдобро покажува дека македонското судство се соочува со сериозен недостиг на судии. Новиот Предлог-закон за судови, вели, содржи неколку позитивни решенија, меѓу кои се реорганизацијата на судската мрежа и можноста судиите да ја продолжат својата работа до 70-годишна возраст. Но, предупредува дека без нов судиски кадар тешко може да се очекува поголема ефикасност.„Мислам дека новиот закон нуди решенија кои можат да ја подобрат ефикасноста во судството… Имаме судови...

Продолжи со читање

Мозаичната икона „Исус Христос на престол“ повторно изложена пред јавноста во Охрид

Views: 177 Во Галеријата на икони во Охрид денеска беше претставена мозаичната икона „Исус Христос на престол“, еден од највредните споменици на византиската уметност, по повод 75-годишнината од основањето на НУ Завод и Музеј – Охрид.На свечената презентација присуствуваше и Неговото Високопреосвештенство, митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј.Станува збор за пренослива мозаична икона од XIV век, откриена во 1960 година во црквата „Света Богородица Перивлепта“ во Охрид. Таа претставува исклучително редок примерок од византискиот период и има голема уметничка, историска и...

Продолжи со читање