Skip to main content

Автор: инфодеск

Дојава за бомба во Сплит

Post Views: 427 Утринава непознато лице пријавило дека во зградата на Жупанискиот суд во Сплит е поставена бомба.Сите вработени и странки биле евакуирани, а полицијата ја проверува зградата.Дојавата за бомба била во 8:45 часот, а евакуирани се 250 лица.На лице место службеници од противексплозивна заштита ќе направат увид – изјавиле од полицијата.

Продолжи со читање

Тепачка пред угостителски објект на ул. Кленоец

Post Views: 440 На 01.06.2022 година во 18.45 часот пред угостителски објект на улицата „Кленоец” во Охрид нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Н.С.(48) врз А.М.(42), двајцата од Охрид.Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Утре без вода жителите на ул. Гоце Делчев

Post Views: 392 Поради санација на дефект на водоводната мрежа на улицата „Гоце  Делчев”, на ден 03.06.2022 година (петок) од 08:30 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улицата „Гоце Делчев”, (на потегот од улицата „Македонски Просветители” до Здружение на возачи-Далјан).Вклучени се и сите споредни улици од улицата „Гоце Делчев”, во населбите: Кошишта, Воска и Далјан.

Продолжи со читање

Голем интерес за Цветни балкони-Цветен Охрид

Post Views: 568 Мештаните од селата Велгошти, Лескоец, Косел и Долно и Горно Лакочереј, каде се спроведува акцијата „Цветни балкони – Цветен Охрид“, претпладнево покажаа голем интерес и дојдоа да подигнат жардиениери со саксиско цвеќе од расадникот на ЈП „Охридски Комуналец“ Охрид.Граѓаните при прием на цвеќето со себе треба да понесат копија од лични документи (лична карта или пасош) за идентификација од кои ќе биде видлива адресата на живеење.Во рамките на акцијата ќе бидат поделени 400 жардиниери со саксиско цвеќе, а истата се реализира денес и во текот на...

Продолжи со читање

Се расчистува низ Охрид и околината

Post Views: 423 Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ со голем број активности за одржување на јавната хигиена на високо ниво низ Охрид и околината.Се чисти, шпаклира и коси зеленило во стариот дел на градот до црквата Св. Јован Канео, како и самиот брег на езерото во тој дел. Акција има и во с. Трпејца за чистење и остранување на зелени површини. Се средува зелениот појас на ул. Петрино. Се коси трева и се уредува зелениот појас на повеќе локации во Охрид. На бул. „Македонски Просветители“ се посади и украси цел потег на средината на булеварот – информираат од Јавното...

Продолжи со читање

Летна ликовна школа за деца во Вевчани

Post Views: 360 Оваа година во рамките на програмата на Вевчанската ликовна колонија „Вевчански видувања” ќе се реализира летна ликовна школа за деца, којa што ќе им овозможи на младите слободно да ја изразат својата креативност и истовремено да ги развијат своите уметнички вештини.Со почеток на 27 јуни, понеделник, летната школа ќе ја води реномираниот уметник Лара Ташковска и ќе трае една недела, односно до 4 јули, во паркот на Ресторанот „Виа Игнација“ – Вевчани. Учеството ќе биде бесплатно, а организаторите ќе ги обезбедат сите потребни материјали и услови за...

Продолжи со читање

Времен режим на сообраќај на ул. Кеј Македонија

Post Views: 385 Општина Охрид ги известува граѓаните и сите останати учесници во сообраќајот дека од 02.06.2022 година, се забранува секаков вид на моторен сообраќај на улица „Кеј Македонија“ на потегот од пресек со улица „Македонски Просветители“ (кружна крстосница плоштад) до пресек на улица „Кеј Македонија“ со улица „Ванчо Николески“.Погоре наведениот дел од улицата од 02.06. (четврток) 2022 година ќе се користи за движење на пешаци и велосипедисти.

Продолжи со читање

Охриѓанец физички ја нападнал својата сопруга

Post Views: 358 На 31.05.2022 година во 11:15 часот во СВР Охрид пријавено е дека на 28.05.2022 година околу 21 часот, И.М. од Охрид во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга.Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Недостасуваат сместувачки капацитети

Post Views: 304 Струга во сенка на Охрид. Градот на две води заостанува во туристичкиот развој. Една од причините е тоа што недостасуваат сместувачки капацитети. За разлика од охридското, на струшкото крајбрежје нема доволно луксузни хотели. Во градот има само неколку поголеми современи хотелски капацитети и мора да се размислува за инвестиции. Без инвестиции не може да се очекуваат поелитни гости.„Секогаш Струга ни каскала позади Охрид, тоа е поради тоа што има помали сместувачки капацитети. Да се вложува во дестинацијата, можеби има убави ресторани, но кога се во прашање...

Продолжи со читање

Зголемен број карциноми и мозочни удари

Post Views: 534 Зголемен број на мозочни удари во регионот кој го покрива Здравствениот дом „Д-р Светозар Чочороски“. Од Велешта, преку Вевчани до Лабуништа забeлежително е зголемување и на бројот на карциноми. Лекарите велат, засега нема студии дали има поврзаност на овие здравствени проблеми со корона вирусот.„Имаме зголемена инциденца на мозочни удари. Не можеме да донесеме заклучок, бидејќи уште немаме релевантни студии, барем јас немам такви информации. Последниве две години симптоматично е, дали короната беше причината, овде во мојот регион да има зголемен број и на...

Продолжи со читање

Какви плажи сакате?

Post Views: 571 Повеќе од извесно е дека и оваа туристичка сезона нема да има уредени плажи на брегот на Охридското Езеро. ТВМ телевизија на оваа актуелна тема организира дебатна емисија во која ќе гостуваат градоначалникот на општина Охрид Кирил Пецаков, претставници на поранешните концесионери на плажите, поканети се и претставници од министерство за транспорт и врски. За потребите на емисијата важно е да се слушне гласот на народот. Затоа, ве замолуваме, да ја одговорите оваа кратка анкета. Анкетата е анонимна, а резултатите од истата ќе бидат јавно презентирани во најновото...

Продолжи со читање

По 100 евра помош од државата за младите во Србија

Post Views: 613 Денеска започна исплатата на 100 евра помош за младите. Министерот за финансии Синиша Мали, изјави дека Управата за финансии утрово веќе префрлила средства за 400.000 млади луѓе.Пари ќе добијат вкупно 1.105.196 лица, а исплатите како што рече, продолжуваат и утре и задутре.Под слоганот „Да кликнам од среќа“, државата го даде правото за аплицирање за помош од 100 евра, за граѓаните на Србија кои се на возраст од 16 до 29 години.Аплицирањето за еднократна помош на младите во износ од 100 евра започна на 16 мај, а последен ден за пријавување до Трезорот...

Продолжи со читање