Skip to main content

Автор: инфодеск

Одложен Собирот за избор на МЗ во Трпејца и Косел

Post Views: 420 Согласно статутот на општина Охрид член 105, став 4, мандатот на членовите на советот на месната самуправа трае 4 (четири) години.Мандатот на сегашниот состав на советот на месната заедница Трпејца истекува на ден 30.10.2022 година, а мандатот на сегашиот состав на месната заедница Косел истекува на ден 07.09.2022 година.Поради тоа, Општина Охрид го одложува закажаниот собир на граѓани за овие две месни заедници. Изборот на Совет на месна заедница за овие две населени места ќе се изврши по истекот на мандатот на сегашиот состав.Активен мандат на совет...

Продолжи со читање

Најдобри млади математичари од Охрид

Post Views: 426 Градоначалникот Кирил Пецаков на пригоден настан ги додели дипломите и признанијата на најдобрите млади математичари од Охрид. Во своето поздравно обраќање пред присутните градоначалникот упати честитки до сите наградени ученици со желби за уште поголеми успеси во иднина. Тој истакна дека Општина Охрид секогаш ќе биде подготвена да ги поддржи и да ги мотивира сите ученици кои остваруваат исклучителни образовни успеси, како и сите активности кои придонесуваат за подобрување на условите во наставниот процес.Дипломите и признанијата се доделуваат од...

Продолжи со читање

Распоред за Собир на граѓани за избор на Совети на УЗ

Post Views: 284 Градоначалникот на општина Охрид свикува СОБИР НА ГРАЃАНИ.На Собирите ќе се врши избор на членови на Совети на Урбани Заедници.Собирите на граѓани се свикуваат по следниот распоред:На ден 16.06.2022 година ( четврток ) со почеток во 19:00 часот се свикува Собир на граѓани за Урбана Заедница -2 “Центар”, Собирот ќе се одржи во зградата на општина Охрид сала 1.Урбаната заедница -2 “Центар” го завзема источниот дел од крајбрежието и се граничи со: од Исток булевар “АСНОМ”, од Запад булевар...

Продолжи со читање

Стоп за каменоломите во Белица

Post Views: 513 Жителите на струшко Белица го кренаа гласот против каменоломите во селото. Се жалат, камионите им ги уништуваат улиците, експлозиите им ги оштетуваат куќите, а тие секојдневно се гушат во прашина.Во селото се активни пет каменоломи на кои редовно се вршат ископи. Мештаните обвинуваат дека се издаваат дозволи без стандарди.„Пет каменоломи има овде, многу лошо. Вода 2 месеца немаме, а сега слушаме ќе ни носат и нови каменоломи“ – вели жител на Белица.„Тие нека се богатат, ние ќе страдаме. Ние со наши камења се удираме по глава, бидејќи одиме и...

Продолжи со читање

Жител на Белчишта кршел шишиња на ул. Винковачка

Post Views: 329 На 30.05.2022 година во 16:40 часот во продажен објект лоциран на улицата „Винковачка” во Охрид, Ж.Н.(44) од селото Белчишта, општина Дебрца, го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување и кршење на шишиња.Против него ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Се асфалтира улицата Спас Банџов

Post Views: 379 Започна асфалтирањето на улица „Спас Банџов“ во центарот на Охрид. Се реконструира целата улица со должина од 160 метри и ширина од 5 метри. Претходно се реализираа подготвителни активности, гребење и чистење.Проектот е дел од Годишната програма за работа на Секторот за комунални дејности сообраќај и улици и се реализира со средства од буџетот на Општина Охрид. 

Продолжи со читање

Во петок реприза на претставата Енергични луѓе

Post Views: 616 Народниот театар од Охрид, слави 11 години од првата изиграна премиера. По тој повод во петок на 3-ти јуни, со почеток во 20 часот, ќе ја одигра претставата „Енергични луѓе” – според Василиј Шукшин, а во режија на Александар Ивановски. Во претставата играат: Никола Тодороски, Биљана Билаловиќ Вељаноска, Горан Стојаноски, Стрезо Стаматовски, Павел Маслов и Адријана Билаловиќ Тодороска.Картите по цена од 200 денари се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК „Григор Прличев” – Охрид. Телефон за резервации 046/261-063,...

Продолжи со читање

Пронајдена марихуана пред селото Орман

Post Views: 359 На 30.05.2022 година во 22:15 часот во СВР Охрид приведен е Н.М.(47) од Охрид. При извршен пеглед во патничко возило „Oпел Зафира” пред охридското Орман, кај него била пронајдена марихуана.По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Пријавување штети на земјоделски насади

Post Views: 337 Општина Дебрца ги повикува граѓаните кои имаат материјални штети на овошните насади предизвикани од атмосферската непогода – град која ја зафати територијата на општината на ден: 28 мај 2022 година да ја пријават штетата на своите насади до Комисијата за проценка на штети на општина Дебрца.Барањето за пријавување на штета на земјоделските насади може да се преземе на од веб страната на www.debrca.gov.mk и пополнето со бараните податоци се доставува до архивата на општина Дебрца.Покрај барањето секој барател треба да достави:копија од лична карта со...

Продолжи со читање

Чистејќи плажа пронашле 2,5 килограми кокаин

Post Views: 356 Волонтери кои чистеле плажа на грчкиот остров Скијатос откриле две пакувања во кои имало околу 2,5 килограми кокаин, објавија локалните медиуми. Волонтерите ја препознале содржината на еден од пакетите како недозволена супстанца и ја предале на пристанишната полиција, јавува германската новинска агенција ДПА.Првично на полицијата и дале еден пакет, а вториот завршил во ѓубре, но подоцна при проверка, полицајците го пронашле и вториот пакет.Според полицијата, најверојатно пакетите биле фрлени во море до наркодилери кои биле под закана од полиција, па...

Продолжи со читање

Одобрени проекти во рамки на Reload 2

Post Views: 1.075 Општина Охрид ги известува граѓанските организации кои учествуваа на јавниот повик за поднесување предлог проекти во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан2 (ReLOaD2) спроведен во партнерство со Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) дека е донесена конечна одлука, односно предлог проектите кои ги поминаа сите прагови на евалуација се одобрени за финансирање.Одборот на партнери на ReLOaD2, составен од претставници на Делегацијата на ЕУ во Македонија, УНДП, Министерството за локална смоуправа, ЗЕЛС и претставник на...

Продолжи со читање

Избор на Совети на месните заедници

Post Views: 440 Општина Охрид свикува собир на граѓани. На собирот ќе се врши избор на Совет на месните заедници.Собирите на граѓани се свикуваат по следниот распоред :На 06.06.2022 (понеделник) со почеток во 19.00 часот се свикува Собир на граѓани  за месната заедница Велгошти, с Велгошти. Собирот ќе се одржи во основното училиште.На 06.06.2022 (понеделник) со почеток во 19.00 часот се свикува Собир на граѓани  за месната заедница Косел, с Косел. Собирот ќе се одржи во основното...

Продолжи со читање