Skip to main content

Автор: инфодеск

Со забава на плоштад и огномет охриѓани и гостите ја дочекаа 2024 год

Post Views: 50 Туристи од земјава, регионот и светот заедно со охриѓани во прекрасна атмосфера на градскиот плоштад во Охрид  ја испратија старата и ја дочекаа новата 2024 та година. Со греано вино,  музика и огномет си посакаа желби за здравје, среќа и бериќет .„Очигледно Охрид станува се поатрактивен за дочек на новата година па одлучивме тука да дојдеме.“ – вели во анкетата за ТВМ, гостин од Скопје.„Супер е атмосферата. Многу е убаво. Не сум била досега за Нова година тука. Изненадена сум.“ – вели скопјанка.„Само што се вративме до Бразил. Таму...

Продолжи со читање

sleeping baby on white textile

Прво па машко бебе во Охрид

Post Views: 39 Во новата година првото новороденче во Охрид е здраво машко бебе,родено во 01:54 мин, информираа од Општа болница Охрид.Среќната мајка на 27 годишна возраст, роди здраво машко бебе тешко 2730 гр, а ја породи дежурниот гинеколог д-р Горан Маркоски со екипата. Ова е трета рожба на мајката, предходно имала 2 женски деца.Во тек се и други раѓања на Одделот за гинекологија.Денеска во 13:30 минути Градоначалникот Кирил Пецаков ќе ги посети новороденчињата и мајките на првиот ден во новата 2024 та година.

Продолжи со читање

(видео) Новогодишна честитка од градоначалникот Кирил Пецаков

Post Views: 39 Во Новата 2024 година ви посакувам да имате пред сѐ добро здравје, неизмерна радост и многу незаборавни доживувања, порачува градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков во Новогодишната честитка до граѓаните.„Нека ви биде година исполнета со бескрајна убавина и благососотојба! Уживајте во овие празнични мигови на семејна љубов и пријателство! Да прославуваме заедно уште многу весели моменти за Охрид и Македонија! Нека ни е среќна и бериќетна Новата 2024 година!„ – вели градоначалникот Пецаков во празничната честитка.

Продолжи со читање

„Донирај компјутер“- хуманитарна акција на охридските гимназијалци

Post Views: 34 Ученици од ОСУ „Св Климент Охридски“, по иницијатива и со помош на проф. по информатика Дарко Цветкоски, од старо направија ново т.е. многу стари компјутери ги претворија во нови и истите ќе им се донираат на оние кому им се најмногу потребни како Новогодишни подароци.„Ова е само прв дел од акцијата која ќе се спроведува во тек на целата 2024 година и во која секој ќе може да се вклучи донирајќи ИТ опрема која подоцна ќе биде средена и на крај донирана! Каков крај на старата година! Големо браво за учениците и за професорот!“ – велат од охридската...

Продолжи со читање

Охрид подготвен за Новогодишниот празничен викенд

Post Views: 49 Главниот туристички центар ќе биде преполн со туристи. Хотелите се потполно резервирани, а најбројни ке бидат гостите од регионот Србија, Бугарија, Албанија, Црна Гора. Најбарани се тродневните аранжмани со свечена вечера и вклучен дочек на Новата година.„За новогодишните празници, поголемиот дел од хотелите ке бидат добро исполнети, со оглед на тоа дека неколку хотели се реновираат во овој период и не работат. Но тоа е мал број останатите се веќе добро исполнети , се бара место повеќе, онаму каде што е преполно каде и понудата е подобра. Странски гости имаме...

Продолжи со читање

Запленети 4.100 пиротехнички средства во струшко, приведена жена од Подгорци

Post Views: 43 На 28.12.2023 во 16.00 часот во струшкото село Подгорци, полициски службеници од ОВР Струга лишиле од слобода 56 годишна жена од истото село.„При претрес во нејзиниот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 4.100 парчиња разновидни пиротехнички средства.“ – информираат од МВР.По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од полицијата.

Продолжи со читање

Приведен 19 годишен стружанец кај кого бил пронајден пиштол

Post Views: 41 На 28.12.2023 во 21.15 часот на улица „Партизанска“ во Струга, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при ОВР Струга лишиле од слобода 19 годишен стружанец, информираа од МВР.„Кај него бил пронајден и одземен пиштол „Екол“ калибар 9 милиметри. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.“ – се вели во полицискиот билтен.Извор: МВР Фото: илустрација

Продолжи со читање

Прекин вода

Неколкучасовен прекин во водоснабдувањето на „Богомилска“ ,„Ѓорче Петров“, бул. Туристичка и комплекс згради Христо Узунов

Post Views: 34 Поради настанат дефект на водоводната мрежа , денес од 10:30 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улиците: „Богомилска“ ,„Ѓорче Петров“, дел од Бул. Тустистичка и „Даме Груев“ (комплекс згради – Христо Узунов).Екипи на ЈП Водовод работат на отстранување на дефектот.

Продолжи со читање