Skip to main content

Автор: инфодеск

Расте бројот на заболени од мултипла склероза

Post Views: 253 Бројот на новодијагностицирани пациенти со мултипла склероза постојано расте, бидејќи секоја година се дијагностицираат нови 80 до 120 пациенти. Во Република Македонија боледуваат околу 1.500 лица. Во светот има повеќе од 2,8 милиони лица.Многу е веројатно дека стотици илјади лица остануваат недијагностицирани и многу животи се индиректно зафатени. Повеќе од 50 пациенти се на листата на чекање за примање на високоефикасна терапија.Лицата кои се на листата за чекање за терапија се млади, работоспособни и сè уште можат да го дадат својот придонес во...

Продолжи со читање

Загинаа сите патници од исчезнатиот авион во Хрватска

Post Views: 310 Авионот кој вчера исчезна по полетувањето од Сплит е пронајден на неколку стотини метри од Броќанска коса, а надлежните истакнуваат дека нема црна кутија.Во падот на авионот Цесна, кој денеска беше пронајден кај Раковица, загинаа сите четворица патници, изјави директорот на хрватската цивилна заштита, Дамир Трут.Имаше 400 трагачи и тие ја завршија задачата и го пронајдоа леталото. Веднаш штом беше забележано од воздух, беа испратени копнени сили. За жал, беше потврдено дека сите патници на Цесна загинаа и во тек е полициска истрага – кажа...

Продолжи со читање

Дизелот поскапува од полноќ

Post Views: 318 Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,36 % во однос на одлуката од 23.05.2022 година.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит.Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,323 ден/кг и изнесува 54,640 ден/кг.Од 31.5.2022 година од 00:01...

Продолжи со читање

КУД Дримкол Вевчани на Смотра на фолклор во Задар

Post Views: 469 КУД ,,Дримкол” од Вевчани овие денови ја претставува нашата земја на 20-тата Смотра на фолклорот во Задар, Р. Хрватска. Смотрата е во организација на Музејот за заштита на споменици на град Задар и на Туристичката организација на Задар.Со своја изворна и автентична програма КУД „Дримкол“ се претстави пред Хрватската публика во рамки на официјалната програма на големата летна сцена, а со едночасовна програма ,,Дримкол” ја претстави вевчанската и македонска фолклорна традиција на плоштадот во Задар.Многу убава манифестација, одличен пречек...

Продолжи со читање

Организирање повторена јавна анкета и презентација

Post Views: 264 Врз основа на член 50 од Законот за локална самоуправа („Сл. весник на РМ“ бр. 05/02) и член 34 од Статутот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр. 08/07 и 01/08), а во врска со член 35 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Сл. весник на РМ“ бр.199/14, 44/15, 193/14, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18) и член 93 од Законот за урбанистичко планирање („Сл. Весник на РСМ“ бр. 32/20), Градоначалникот на општина Охрид, донесе:СООПШТЕНИЕ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ ПОВТОРЕНА ЈАВНА АНКЕТА И ЈАВНA ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА ПРЕДЛОГ ДУП ЗА УЗ 15, УБ 15.7, ОПШТИНА ОХРИД...

Продолжи со читање

Казнети возачи на мопеди кои не носеле заштитен шлем

Post Views: 427 На 29.05.2022 година од 15 до 21 часот, при извршени сообраќајни контроли кон возачи на мопеди и моторцикли, евидентирани се вкупно 14 прекршоци (Охрид-04, Кичево-08, Дебар-02) од кои, најчест е некористење заштитен шлем-кацига за време на управувањето.Против прекршителите, изречени се соодветни прекршочни платни налози. Целта на сообраќајните контроли е доследно придржување на законската обврска за задолжително носење заштитна опрема при управување со мотори и мопеди – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Горан Андоновски повторно тренер на ГРК Охрид

Post Views: 675 Горан Андоновски се враќа на позицијата тренер на ГРК Охрид, информираат од охридскиот ракометен клуб.Некогашниот репрезентативец на Република Македонија кој го има најголемиот успех со овој клуб во ЕХФ купот, потпиша двегодишен договор – велат оттаму.Наум Бабачев пак, ќе биде помошник тренер. Бабачев е дел од клубот од почетоците и како играч и како тренер на дел од младинските категории. 

Продолжи со читање

Тепачка во Куратица

Post Views: 501 На 29.05.2022 година во 23.50 часот во СВР Охрид приведен е З.Р.(38) од охридското село Куратица.Тој, претходно, пред продажен објект во селото физички го нападнал Д.Ј.(35). Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава – се вели во соопштението на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Цветни балкони-Цветен Охрид

Post Views: 409 Општина Охрид традиционално и годинава во рамки на одбележувањето на 5-ти јуни-Светскиот ден на животната средина ќе го реализира проектот „Цветни балкони – Цветен Охрид“.Во рамките на овој проект ќе бидат поделени 400 жардиниери со саксиско цвеќе на жителите кои живеат во :-с. Велгошти-с.Лескоец-с. Косел-с. Долно Лакочереј-с. Горно ЛакочерејАкцијата ќе се реализира на 2-ри јуни (четврток) и 3-ти јуни (петок) 2022 година.Граѓаните од гореспоменатите населени места кои се заинтересирани за жардиниери со цвеќе истото ќе можат да го...

Продолжи со читање

Охрид домаќин на натпревар во спортско едрење

Post Views: 918 Во организација на едриличарскиот клуб „Меч Рејс“ од Охрид, а со поддршка на Општина Охрид, Едриличарска Федерација на Македонија и Агенција за млади и спорт, од 28-ми до 29-ти мај беше одржана првата етапа од третиот по ред Меч Рејс Куп – Охрид 2022.Се натпреваруваа четири тимови од 3 клубови: „Нов Ветер“ од Скопје, „Акватика Јахтинг“ и „Меч Рејс“ од Охрид.Победник на првата етапа е тимот од „Акватика Јахтинг“, во состав Стефан Ставрев, Марко Пројчески и Евгенија Огненова. Со оваа победа, тие обезбедија учество на финалето на овогодинешниот Меч Рејс...

Продолжи со читање

Казнети 10 возачи во Охрид

Post Views: 327 На 28/29.05.2022 од 23 до 04 часот, при извршени сообраќајни контроли, полициските службеници затекнале 16 возачи кои управувале моторно возило под дејство на алкохол (Охрид-10, Струга-02, Кичево-04).Тие веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни пријави – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Пронајдена марихуана кај жител на Долно Лакочереј

Post Views: 287 Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.А.(35) од охридското село Долно Лакочереј.При претрес во неговиот дом и помошни простории што ги користел, извршен со судска наредба, полициските службеници пронашле и одзеле 8 тегли со марихуана, саксија со засадено растение канабис сатива и две отсечени растенија канабис, како и мешавина од марихуана и тутун – се вели во соопштението на СВР...

Продолжи со читање