Автор: инфодеск
Post Views: 16 На 14-ти јули(петок) во 20:30 часот К-2 Ѕвездичките и водителот Ка Двојче ќе настапат на малото плоштадче “Мини маркет” со своите детски хитчиња.Концертот е дел од проектот за потикнување на авторска музика и трибјут за охридскиот бенд “Вентолин”.Настанот е поддржан од Сектор за култура – Општина Охрид и Витаминка.
ЦЈЗ ги потсетува граѓаните на препораките за заштита од топлотен бран
Post Views: 15 Топлотниот бран и високите температури кои го зафатија нашиот повод Центарот за јавно здравје да ги потсети граѓаните на општите препораки за заштита од топлотен бран. Воедно од Центарот апелираат за сериозно почитување и придржување кон истите.За време на топлотен бран избегнувајте, колку што е можно, излегување во надворешна средина во периодот од 10:00-17:00часот. Неопходните работи завршувајте ги пред 10:00 часот или после 17:00 часот.За време на топлотен бран во периодот од 10:00-17:00часот, да се избегнуваат напорни физички активности,...
Сончево и топло време со температура до 30 степени
Post Views: 15 Денеска во Охрид сончево и топло време со слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Максималната дневна температура ќе се искачи до 30 степени. UV=9Под влијание на топол бран следува период на стабилно и многу топло време со значителен пораст на температурата. Од среда дневната температура во поголемиот дел од земјава ќе биде над 35 степени, а понекаде ќе надмине и 40 степени и ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури.
Казнети 15 лица кои во Охрид возеле под дејство на алкохол
Post Views: 16 На 09.07.2023 година во периодот од 16.00 до 22.00 часот на подрачјето на СВР Охрид, реализирани се засилени сообраќајни контроли.Притоа, полициските службеници во Охрид затекнале и од сообраќај исклучиле 15 возачи кои, управувале моторни возила под дејство на алкохол и 72 возачи кои управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената (Струга – 41, Кичево – 29 и Дебар – 02), информираат од СВР Охрид.
Одземени 126 мрежи, 219 парчиња риба, уапсени две лица за рибокрадство во мај и јуни
Post Views: 15 Во текот на мај и јуни 2023 година, полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро” при Регионален центар за гранични работи „Запад”, самостојно, но и во соработка со СВР Охрид и инспектор по рибарство од Државниот инспекторат за земјоделие, во водите на Охридското Езеро и на копно, реализираа околу 100 патролни контроли и мерки по Закон за рибарство и аквакултура, со цел пронаоѓање лица кои вршат незаконит риболов.„Притоа, полициските службеници во водите на езерото пронајдоа и одзедоа 126 рибарски мрежи во должина од 2800 метри, со 219...
Охридски гимназијалци во видео спот на НАТО за подигнување на еколошката свест
Post Views: 14 НАТО објави видео спот за покренување на свеста за еколошките проблеми и климатските промени во која учесници се и ученици од ОСУ „ Св Климент Охридски“ Охрид, кои беа наградени за нивниот проект за покренување на еколошката свест под менторство на проф. Марија Чанова.Меѓународниот воен совет за клима и безбедност (IMCCS) со поддршка од мисијата на САД во НАТО ги повика младите луѓе низ Арктикот, Медитеранот, Источна Европа и пошироко да ги споделат своите лични приказни за влијанијата на климатските промени во нивните заедници.На видеото, младите...
Судењето за родилката од Дебар се враќа на почеток, судијата и обвинителот заминуваат во пензија
Post Views: 18 Повторно одложено судското рочиште за родилката од Дебар, Јилдз Веапоска, која при породување во 2020 година во струшката болница, остана без три органи: бубрег, матка и јајник. На денешното рочиште требаше да сведочи вештак од Клиниката за гинекологија и акушерство но тој не дојде поради годишен одмор.Веапоска видно вознемирена и разочарана, рече нема никакви очекувања од струшкиот суд но најави дека нема да се откаже од правда.„Јас правдата колку години ќе ја барам, бидејќи сум физички оштетена а овде во ходниците судски и психички ќе се...
Поскапува дизелот
Post Views: 14 Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ се зголемува за 0,5 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе биде 70,5 денари, а на Екстра лесното масло за домаќинство 70 денари за литар.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат. Литар ЕУРОСУПЕР БС – 95 се продава за 80, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 82 денара за литар.За 0,755 денари поскапува Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини...