Skip to main content

Автор: инфодеск

Вечерва премиера на детската претстава Хајди

Post Views: 808 Вечерва со почеток во 20 часот, Драмското студио „Миладин“ од Струга премиерно ќе ја изведе детската театарска претстава „Хајди“. Претставата ќе се одржи во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“.Улогите ги толкуваат:Хајди – Матеја Миладинова,Дедото – Милан Блажески,Дета – Дафина Дејкоска,Мина – Адријана Клечкароска,Петре – Христо Дејкоски,Бабата – Бранкица Петковска,Клара – Емилија Спасеска,Таткото – Даниел Спироски,Гувернантата – Михаела Касниоска,Силва – Атанасија Дејкоска иНараторот – Даниел...

Продолжи со читање

18-годишник усмрти пешак во Враништа

Post Views: 462 Тинејџер на 18-годишна возраст усмрти пешак во струшко во уште една сообраќајна несреќа со трагичен исход.Сообраќајката се случила на регионален пат во Враништа, струшко, а возачот кој управувал „фолксваген пасат“ прегазил 54-годишен маж од Струга.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот и бил пренесен во болницата „Св.Еразмо” во Охрид, каде што подоцна починал – потврдува МВР.Увид на местото извршила екипа на ОВР Струга.

Продолжи со читање

Најмалку 15 загинати во поплавите во Кина

Post Views: 344 Најмалку 15 луѓе загинаа во поплавите и одроните за време на поројните дождови во јужна Кина, објавија државните медиуми.Според државната новинска агенција Ксинхуа осум лица загинале при уривање на две згради во провинцијата Фуџиан во близина на источниот брег на Кина.Државната телевизија CCTV објави дека пет лица загинале, додека три се водат како исчезнати во провинцијата Јунан.Властите соопштија дека водата однела три деца во округот Ксинченг, Гуангкси. Две деца загинале, а едно е спасено, јави Асошиејтед прес (АП).Невремето оштети патишта,...

Продолжи со читање

Невреме во Хрватска

Post Views: 425 Невреме со грмотевици го погоди северозападниот дел на Хрватска, а дуваше силен ветар и паѓаше пороен дожд, јавија утринава хрватските медиуми.На подрачјето на Бјеловар и Копривница, пожарникарите синоќа имаа технички интервенции за отстранување на дрвја и гранки од сообраќајниците, а имаше и повремени прекини во снабдувањето со електрична енергија, пренесува Хина.Во Копривница и околината пожарникарите цела ноќ беа на терен и ги отстрануваа последиците од невремето. Бидејќи ветрот скрши многу дрвја, дел од патиштата беа привремено непроодни.

Продолжи со читање

СДСМ Охрид : Каде се уредените плажи на Пецаков?

Post Views: 418 Помина скоро една година од одлуката на УНЕСКО со која Општина Охрид доби втора шанса и рок од две години да ја исполни долгата листа на обврски, ама исто така поминува скоро една година откако сегашниот ни Градоначалник се сликаше со стопанствениците на плажите и гласно ја обвинуваше тогашната локална власт, реагираат од ОО на СДСМ Охрид.„Помина скоро еден месец откако истиот тој Градоначалник изјави дека и оваа сезона плажите ќе функционираат без концесионери и ќе останат неуредени, но овој пат бидејќи не може да се обвинува себеси, виновна му е централната...

Продолжи со читање

Ширење на бранот од лаги, воена инвазија и инвазија од дезинформации

Post Views: 2.321 Во текот на месец февруари, во периодот пред инвазијата на Русија врз Украина, кај редица медиуми во Северна Македонија преовладуваше збунетост за тоа колку сериозно треба да се земаат најавите за агресија на Руската Федерација врз својот југозападен сосед. Оние медиуми кои веќе имаа претходно изградени ставови во однос на НАТО и Русија, известуваа според претходно зацртаните уредувачки политики. Арно ама, кај не мал број медиуми, од начинот на покривањето на настаните се забележуваше дека владее збунетост за тоа како да се третираат спротивставените информации...

Продолжи со читање

Лавров во уште една спин офанзива за оправдување на руската агресија врз Украина

Post Views: 2.225 Во својот настап пред неколку српски медиуми шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров искажа повеќе спинови:Спин 1: Во војната со санкции ЕУ ги вовлече балканските влади како Црна Гора, Северна Македонија. Нив ги привлекоа со ветувања за брзо зближување со ЕУ. Тоа не се случи и ги вовлекоа во НАТО во антируски активности и антируски кампањи. Тогаш ги потапкаа по раме и рекоа: „Браво дечки, продолжете во тој дух“.[Извор: Спутник Србија (4 минута од видеото); датум: 30.03.2022]Контраспин: Тврдењето на Лавров...

Продолжи со читање

Контролирани содржини со малку простор за странски медиуми

Post Views: 1.786 Видеоанкета меѓу граѓаните на руските градови Перм и Владивосток покажа дека поголем процент од анкетираните не знаат и не веруваат дека руската војска влегла во Украина.„Никој не го бомбардира Киев. Јас не верувам во тоа“, одговори еден од граѓаните на улица, кога беше прашан од новинарка, која како доказ му покажува и фотографии од бомбардирањата во Украина. Дури еден повозрасен човек рече дека не верува оти има војна.Путин тоа не би можел да го направи. Да ја окупира Украина?! Зошто? Таму живеат наши луѓе – и во Украина и во Белорусија....

Продолжи со читање

Руската инвазија врз Украина не е специјална воена операција, како што спинува Левица

Post Views: 1.841 Политичката партија Левица на 16 март годинава излезе со соопштение дека пратениците Димитар Апасиев и Борислав Крмов оствариле 90-минутна средба со рускиот амбасадор во земјава, Сергеј Баздникин. Во соопштението, кое е објавено на официјалната страница на Фејсбук на партијата, може да се забележат спинови во однос на руската инвазија врз Украина.Спин: На оваа втора официјална средба беше разговарано за актуелните домашни и меѓународни теми, со посебен осврт на специјалната воена операција во Украина и последиците од...

Продолжи со читање

Тоа што во Русија има антивоени протести, не значи дека е демократска држава

Post Views: 1.440 Сафет Бишевац, поранешен пратеник и новинар, во гостување во емисијата Студио 10 на Телевизија 24 искажа најмалку два спина поврзани со руската инвазија врз Украина којашто започна пред три недели.Спин 1: Русија не е така диктаторско и затворено општество како што се обидува светот да го прикаже. Ако во една таква Русија, со таква власт на Путин илјадници луѓе излегуваат на улиците и протестираат против војната, тоа значи дека во таа држава постои демократски капитал кој се ефектуира со протести. Да, ќе кажете и ги апси. Се разбира дека ќе...

Продолжи со читање

Јакнење на капацитетите за искористување на ресурси

Post Views: 545 Денеска во Општина Охрид се одржа првиот состанок во рамки на активностите на проектот „Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите“ кој е имплементиран од страна на УСАИД.На состанокот присуствуваше секретарот на општина Охрид, Александар Китески, претставникот на УСАИД, Кристина Хаџи-Василева и претставници на дел од секторите во Локалната самоуправа. Беше разговарано за управувањето со општинските јавни финансии, за начинот на планирање и извршување на буџетот, фискалната транспарентност и отчетност, за прибирање на приходи од сопствени...

Продолжи со читање

Отворен ден во ОЕМУЦ Св. Наум Охридски

Post Views: 358 Претседателот на Советот на Општина Охрид, Сашо Донев и советникот Наум Јамандиев  присуствуваа на Отворениот ден што денес се организираше во Општинскиот Електро Машински Училишен Центар „Св. Наум Охридски“-Охрид.На настанот се изврши презентација на струките и профилите за упис на ученици во прва година. Се промовира дуалниот начин на образование и соработката со партнер компаниите: „Костал“, „Магна“, „ОДВ – Електрик“ и „Леарница“ кои имаа изложено свои штандови.На отворениот ден во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ присуствуваше и министерот за образование...

Продолжи со читање