Автор: инфодеск
Post Views: 35 Пред крајот на 2023 година заврши изградбата на уште едно детско игралиште во Охрид.Во дворот на ООУ „Братство Единство“ заврши изградбата на детското игралиште на кое се поставија соодветни детски реквизити и подлога.“Продолжуваме и понатака да инвестираме во инфраструктура која придонесува за здраво население и детска дружба.” – објави градоначалникот Кирил Пецаков.
Поради дефект без вода корисниците од ул. “Никола Карев” и Бул. “Туристичка”
Post Views: 39 Поради настанат дефект на водоводната мрежа , денес од 09:30 часот, неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улиците : „Никола Карев“ и дел од Бул.”Туристичка”.Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен до целосно завршување со санацијата.
ООУ „Кочо Рацин“ Охрид создава Мостови на пријателство
Post Views: 49 Пополнувајќи ги последните страници од 365 страни во 2023 година основното училиште „Кочо Рацин” – Охрид раскажа уште една успешна приказна. Учебната година ја започнаа со стартување на проектот „Мостови на пријателство” и реализација на првата мобилност во Охрид, а крајот на првото полугодие го краси реализираната втора средба во рамките на овој проект која овојпат се реализира во Белград, Република Србија.Домаќин на втората средба беше ОУ„Веселин Маслеша” од Белград каде 11 ученици од училиштето заедно со директорката и две наставнички беа гости...
Кривична за 42 годишен охриѓанец во чиј дом била пронајдена марихуана
Post Views: 33 СВР Охрид поднесе кривична пријава против 42 годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори” и „овозможување употреба на наркотични дроги”.„При претрес во неговиот дом, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, пронајдоа и одзедоа марихуана. Исто така, при претресот било констатирано дека пријавениот на лице од Охрид овозможил да користи марихуана во неговиот дом.“...
Успешните жени се доказ дека не треба да има родови предрасуди
Post Views: 48 Жените полека но сигурно докажуваат дека не постојат машки и женски професии. Се надминуваат стереотипите, родовите бариери, а успешните жени се доказ дека не треба да има предрасуди.Важно е да се напомене дека расте и свеста во јавноста, се повеќе се признава и вреднува женскиот труд, а тоа го прават здруженијата на граѓани и меиумите. ТВМ телевизија 2023 година ја заокружи со дебатна емисија посветена на успешни жени од Охрид.Сите во различни професии, амбициозни жени кои не се откажуваат од соништата. Успешни жени има во секое поле, во секоја...
Предновогодишна „Импровокација“ во четврток
Post Views: 43 На малата сцена на Народен театар Охрид во Центарот за култура „Григор Прличев“, во четврток, 28 декември, предновогодишна „Импровокација“. Настанот почнува во 20:00 часот.Добро познатиот тим Никола Тодороски, Стрезо Стаматоски, Филип Кипровски, потпомогнати од Филип Ангеличин – Жура и Никола Јосифоски ветуваат уште една незаборавна вечер.Традиционалната пред новогодишна Импровокација, каде ние ве смееме, а нашите пријатели-помагаели ве наградуваат, велат од тимот.Резервации на карти на 075 283 066.
Утревечер традиционален Новогодишен концерт на ОМУ „Методи Патче“
Post Views: 77 Основното музичко училиште „Методи Патче“ од Охрид утревечер ќе го одржи традиционалниот Новогодишен концерт.Годинава учениците со своите професори ментори ќе ја почастат публиката со изведба на безвремените хитови од најубавите анимирани класици на Дизни. Темата на концертот е по повод 100 години од основањето на студиото Дизни со чии ликови, приказни и музика израстеа и растат низа генерации.Музичките таленти од ОМУ „Методи Патче“ ќе ја оживеат магијата на Дизни преку најубавите теми од Снежана и седумте џуџиња, Пепелашка, Убавицата и ѕверот, Аладин,...
STEM образованието е иднината – ОЕМУЦ „Св Наум Охридски“ го одбележа патронатот
Post Views: 88 Општинскиот електро-машински училишен центар „Св наум Охридски“ го прослави својот патронат.На прагот на петтата индустриска револуција, СТЕМ образованието, вештините и знаењата за новите технологии, роботика или вештачка интелигенција се клучни за продуктивноста и ефикасноста во новото време. СТЕМ образованието значи наука, технологија, инженерство и математика и е многу повеќе од учење факти, истакна во своето обраќање пред присутните на свеченоста, директорот, Сашо Недески.„ Тоа е образование што го подготвува детето за живот во дигиталниот век....







