Skip to main content

Автор: инфодеск

Пиштол пронајден кај охриѓанец

Post Views: 268 На 15.03.2022 во 12.25 часот на улицата „Партизански одреди” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Т.А.(36) од Охрид. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол марка „Бровинг” калибар 7.65 милиметри и 40 куршуми. За настанот е запознаен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против Т.А. ќе биде поднесена пријава по член 396 од Кривичниот законик – информира Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.

Продолжи со читање

Се преврте автобус со бегалци од Украина

Post Views: 286 Едно лице загина откако автобус со околу 50 украински бегалци се преврте во северна Италија, соопштија италијанските пожарникари.Како што пренесуваат медиумите во несреќата има неколку повредени.Несреќата се случила на автопатот во близина на Форли, град во регионот Емилија-Ромања во североисточна Италија.  Автобусот излетал на страна на тревна падина веднаш зад заштитната ограда на автопатот.Италијанското Министерство за внатрешни работи соопшти дека возилото тргнало од Украина и се движело на југ кон Пескара, пристанишен град на Јадранот.

Продолжи со читање

Прошетка крај Охридското езеро

Post Views: 749Прошетката покрај брегот на нашето убаво Охридско езеро, охриѓанката Елена Шешова ја искористила да направи неколку фотографии кои ги испрати до рубриката „Ти си твојот град“. ОХРИДСКО ЕЗЕРО-УБАВИНА КОЈА НЕ СЕ ОПИШУВА СО ЗБОРОВИУбавината на нашето езеро кое важи за најстаро природно езеро во Европа, не се опишува со зборови, тоа само се доживува. Затоа сите кои имате можност да го посетите, уживајте во секој поминат миг покрај него.Да потсетиме, сите вие кои испраќате слики до рубриката „Ти си твојот град“, станувате добитници на...

Продолжи со читање

Центар за деца со церебрална парализа

Post Views: 939 Охрид добива Дневен центар за децата со церебрална парализа. Градските советници едногласно ја усвоија предлог одлуката за доделување на простор за формирање на ваков центар. Просториите се во поранешната касарна во Охрид.Конечно децата со церебрална парализа ќе добијат катче за социјализација, анимација и дружба, бидејќи во недостиг на ваков центар, тие со години живеат во изолација. Охрид покажа дека има волја, има слух, има желба. Ова е еден многу убав гест кој што општината го прави кон овие деца и семејства и покажува дека Охрид сака да им помогне на овие...

Продолжи со читање

Се намалува наталитетот во струшко

Post Views: 308 Се намалува бројот на новороденчиња во струшко. Споредбено со пред десетина години, наталитетот бележи пад од 20-тина проценти.Во 2020 година на струшкото гинеколошко одделение имало 680 породувања, но во 2021-580, односно точно сто новороденчиња помалку.И покрај намалениот наталитет на одделението има зголемен обем на работа, бидејќи поради недостиг на гинеколози во Дебар, 90% од родилките од дебарско се породуваат во Струга, каде има седум специјалисти по гинекологија. Досега годинава имаме 71 раѓање, како што може да се види и ние како во Цела Македонија...

Продолжи со читање

Нови воздушни напади на Мариупол

Post Views: 268 Воздушните напади врз Мариупол продолжуваат и понатаму, соопштија градските власти.Хуманитарниот конвој се обидувал да стигне до градот, но поради бомбардирањето морал да се врати назад.Градот е мета на жестоки борби. Вчера беше бомбардирана болница при што загинаа три лица, меѓу нив и едно дете, велат украинските власти. Денеска во телевизиско обраќање претседателот на Украина Володимир Зеленски, рече дека е лажно тврдењето на Русија дека во болницата немало пациенти. Како и секогаш, тие лажат самоуверено – рече тој. Хуманитарните агенции велат дека...

Продолжи со читање

Македонија има резерви на нафтени деривати и жито

Post Views: 294 Република Северна Македонија има задоволителна количина прехранбени производи и нафтени деривати во стоковните резерви. Граѓаните не треба да се грижат, нафтени деривати во државата има, трговците редовно набавуваат гориво согласно побарувачката, соопштуваат од Владата.Владата апелира дел од трговците на мало со нафтени деривати да не ја ограничуваат количината, односно сумата до која го продаваат горивото што се точи во автомобилите, а потрошувачите да не чекаат во колони на бензинските пумпи и да не прават залихи од гориво поради безбедносни причини....

Продолжи со читање

Контроли врз автобуси за јавен превоз

Post Views: 251 При засилени сообраќајни контроли во сообраќајот, полициските службеници од СВР Охрид извршиле контрола на 12 автобуси кои вршат јавен превоз на патници во нашиот град. Притоа, не констатирале технички и други неисправности. Истовремено, затекнале и санкционирале 6 пешаци кои преминале коловоз на необележан пешачки премин – се вели во соопштението на СВР Охрид.

Продолжи со читање

ЕУ воведува нови санкции кон Русија

Post Views: 558 Нови санкции против руските лидери и олигарси.На состанокот биле одобриле санкциите, а договорено е тие официјално да бидат усвоени на самитот на Европската Унија во четврток и петок во Версај.Француското претседателство со Европската Унија објави дека новите мерки се однесуваат на криптовалутите. Од Свифт ќе исклучат три белоруски банки, а последиците ќе ги почувствува и поморскиот сектор.

Продолжи со читање

„Ти си твојот град“ лоцира диви депонии

Post Views: 346Десетици пријави од граѓани за постоење на диви депонии во регионот пристигнаа на повикот на ТВМ телевизија преку рубриката Ти си твојот град за нивно лоцирање.Голем број нестандардни депонии ја загадуваат животната средина, но и го нагрдуваат ликот на општините.Денес нашата екипа повторно регистрира неколку диви депонии во охридско.На патот за Велестово во НП Галичица затекнавме грда слика , расфрлана пластика дотраена покуќника,градежен шут, делови од автомобили и секако вид на отпад.Истата слика од расфрлан отпад ја затекнавме на кружниот тек кон Горица...

Продолжи со читање

Тепачка помеѓу охриѓанки на ул. „Железничка“

Post Views: 794 На 14.03.2022 година околу 09.30 часот пред деловен објект лоциран на булевар „Железничка” во Охрид нарушен е јавниот ред и мир, при што Е.В.(34) физички ја нападнала И.Н.(31), двете од Охрид. По целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава – информираат од СВР Охрид.

Продолжи со читање

Во Охрид денес сончево време

Post Views: 441 Во Охрид денес по студеното утро, во текот на денот претежно сончево време со појава на локална облачност и потопло време со измерени максимални 10.Во текот на ноќта вторник кон среда умерено облачно и потопло време со пораст на ноќните температури.Во Охрид во среда умерено облачно време со сончеви периоди и потопло време. Минималната температура од 1 степен, додека пак дневната ќе достигне до 12 степени. Во четврток и петок умерено облачно време со услови за сосема слаб и локален дожд. Минималната температура од 1 односно -2 степени, додека пак дневната до...

Продолжи со читање