Автор: инфодеск
Post Views: 35 Нуркачите од Нуркачкиот центар АМФОРА од Охрид со подршка на волонтерите на Црвен Крст Охрид во Музејот на вода традиционално и оваа година ја накитија подводната новогодишна елка и на сите граѓани на Република Македонија им ја честитаат новата 2024 година.Како и секоја и оваа нова 2024 година нуркачите од Амфора им ја посветуваат на децата со ретки болести со желба за здравје, успех и срќно детство.Посетителите на Музејот на вода елката ќе можат да ја видат од денес па се до крајот на јануари.
Исполнети новогодишните желби на 50 дечиња во хуманитарната акција „ВОЛШЕБНА ЕЛКА“
Post Views: 60 На 50 дечиња што живеат во социјален ризик од Охрид и Дебрца им беа исполнети новогодишните желби во традиционалната хуманитарна акција „ВОЛШЕБНА ЕЛКА“ која во организација на Црвен крст Охрид и во партнерство со KAM Village, се организира секој декември, месецот на дарување. На завршниот настан распеаните дечиња од детскиот хор при Културно-уметничкото друштво ЃЕРДАН ОД БИСЕРИ и дечињата од Распеано рибарче и К2 продукција, со прекрасни изведби на новогодишни и божиќни песни, ја „оживеаја“ Волшебната елка поставена во комплексот KAM Village....
Вандали ги искршиле прозорците на реконструираниот затворен базен во Струга
Post Views: 59 Пред самото отворање на реконструираниот затворен базен во Струга, непознати вандали ги искршиле прозорите.„Еве како некои личности се среќни и благодарни за новиот пливачки базен кој сеуште не е ни официјално отворен и пуштен во употреба. Два-три дена пред големото отварање, денес имаме скршени прозорци со камен, и камења во базенот.“ – коментираат стружани на Фејсбук.Се надевам дека овај вандалски чин за момент предизвика радост кај некого, напиша Сашо Коркутоски на Фејсбук директорт на подружницата ЕЛЕМ Струга.
Честитка од градоначалникот Пецаков по повод Божиќ
Post Views: 74 Во свое лично име и во името на Општина Охрид, градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, на сите сограѓани од католичка вероисповест им го честита големиот христијански празник Раѓање Христово-Божиќ.„Овие празнични мигови нека ги исполнат вашите домови со неизмерна љубов и радост, а вербата во Бога нека ви донесе спокој за вас и вашите најблиски. Во духот на христијанските пораки посакувам заедно да создаваме подобро општество, во кое ќе ги издигнуваме вистинските животни вредности. Толеранцијата и хуманоста се две силно соединети сили кои го збогатуваат...
Здружението „Бадникови поворки“ го доби највисокото признание „Вељо Манчевски“
Post Views: 47 Здружението „Бадникови поворки“ го доби највисокото признание „Вељо Манчевски“ за особен придонес во создавањето на трајни вредности“.Признанието им го врачи Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи на свечен предновогодишен прием во Македонска филхармонија.„Здружението Бадникови поворки веќе 14 години како народен, духовен и културен проект на граѓаните од православна вероисповед успеа во над 60 населени места ширум Републиката да ја возобнови древната традиција за Бадник да се пеат божиќни каланди, создавајќи празнична и топла...
Денеска е Божиќ според Грегоријанскиот календар
Post Views: 111 Римокатоличката црква, протестантската и англиканската црква, како и некои православни цркви кои го прифатија новото сметање на времето, денеска го слават Божиќ.Според евангелската традиција, Исус Христос е роден на 25 декември во Витлеем, па и покрај разликите во календарите, тој датум се почитува во целиот христијански свет како почеток на нова ера и нова историја на човештвото.Во христијанството се верува дека раѓањето Христово ја донело светлината на вистината на човечкиот род и дека овој настан го исполнил старозаветното пророштво за раѓањето на...
Едукативната кампања „Петарди не, безбедност пред се”
Post Views: 38 Полициски службеници од отсекот за превенција при СВР Охрид, на плоштадот „Крушевска Република” во Охрид, викендов ја реализираа превентивно-едукативната кампања „Петарди не, безбедност пред се”.„Полициски службеници остварија контакти и кратки разговори со граѓаните, посебно со помладата популација за штетните последици од употреба на пиротехнички средства по здравјето на луѓето, пред се од повреди на рацете, очите и другите делови на телата. Накратко, беа презентирани законските импликации од набавување, продажба и од активирање на петарди и...
Државен натпревар во шах во организација на Федерацијата на училишни спортови
Post Views: 76 Во ООУ „Св. Климент Охридски“ се одржа државниот натпревар по шах во организација на Федерацијата на училишни спортови на Република Македонија. Во натпреварувачкиот дел учествуваа 95 шахисти од земјава. На отворањето на настанот во име на градоначалникот Кирил Пецаков присутните ги поздрави раководителот на Секторот за образование и култура при Општина Охрид, Димитар Спасески.„Дозволете ми да го изразам моето огромно задоволство што Охрид е домаќин на државниот натпревар во шах. Тоа значи дека денес меѓу нас се најголемите умови од земјава затоа што...







