Автор: инфодеск
Post Views: 122Врз основа на член 22 став 1 точка 7, член 50, став 1 точка 16 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр 5/02), член 15 став 1 точка 7, член 34 став 1 точка 15 од Статутот на општина Охрид, како и програмата за социјална и здравствена заштита на општина Охрид за 2025 година, Градоначалникот на општина Oхрид објавува јавен повик за доделување на еднократен паричен надоместок – образовен додаток за студенти кои потекнуваат од семејства со социјален ризик и студираат надвор од општина Охрид за академската 2025/2026...
Дејвид Бекам прогласен за витез од кралот Чарлс
Post Views: 145 Поранешниот англиски фудбалски ас Дејвид Бекам, вчера беше официјално прогласен за витез за неговите заслуги во спортот и добротворните организации на церемонија одржана во замокот Виндзор.Бекам призна дека денот на доделувањето на орденот е еден од најпосебните во неговиот живот.-Не можам ни да опишам колку е посебен овој ден за мене, момче родено во Источен Лондон, кое денес добива витешка титула од Кралот. Навистина сум понизен и благодарен за оваа чест, напиша Бекам на својот Инстаграм профил.Придонесот на Бекам во фудбалот, со 25 освоени...
Свети апостол Јаков, брат Господов
Post Views: 151 Се нарекува брат Господов затоа што му беше син на праведниот Јосиф, свршеникот на Пресвета Богородица. Кога праведниот Јосиф беше на умирање, па сакаше да Му остави еден дел и на Господ Исус, синот на Пресветата Дева Марија, сите браќа се спротивставија на ова, не сметајќи Го Исус за свој брат. Јаков многу Го љубеше Исуса и изјави дека тој ќе го подели својот дел со Него. И затоа се нарекува брат Господов. Од самиот почеток Му беше приврзан на Господ Исус. Според преданието тој и во Египет одеше со Пресветата Дева и со Јосиф, кога Ирод бараше да Го убие...
УХМР: Променливо облачно со сончеви периоди
Post Views: 88 Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Минималните температури во Охрид од 6, а максималните до 15 степени Целзиусови.Од УХМР во нивното соопштение додаваат дека под влијание на влажна воздушна маса, од четврток од вечерните часови па се до понеделник, следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, наместа пообилни.
Јавен повик за финансирање на предлог идеи од социјална и здравствена заштита
Post Views: 144 Општина Охрид заради остварување на јавните потреби и јавниот интерес, на Јавниот повик за финансирање на предлог идеи од јавен интерес на Општина Охрид за 2026 година, ќе поддржи предлог идеи на правни лица кои вршат дејност од јавен интерес од областа на социјалната заштита, како и здруженија на граѓани, фондации и слично, регистрирани на територија на општина Охрид кои се занимаваат со активности од областа на здравствената и социјалната заштита, со цел намалување на социјалниот ризик и подобрување на условите за живот на лицата со посебни потреби чии...
СВР Охрид поднесе кривична пријава против охриѓанец за узурпација на државно земјиште
Post Views: 267 СВР Охрид поднесе кривична пријава против 59-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“.– Пријавениот, на катастарска парцела узурпирал земјиште во државна сопственост, при што поставил ограда и монтажна барака, без да поседува решение за изведба и одобрение за поставување на времени објекти на земјиште во државна сопственост, информираат од СВР Охрид.
Турнир во баскет 3×3 Охрид 2025 – спортски спектакл во декември
Post Views: 191 Градот Охрид повторно ќе биде домаќин на спортски спектакл, турнир во баскет 3×3 Охрид 2025, кој ќе се одржи од 6 до 8 декември во спортската сала „Билјанини Извори“. Настанот е организиран од ЈП „Билјанини Извори“ и КК „Колибри“ Охрид, со поддршка од Општина Охрид.Целта на турнирот е да се промовира баскетот како динамичен, модерен и урбан спорт кој ги поврзува генерациите, и да се понуди вистинско уживање за сите љубители на кошарката.Право на учество имаат сите играчи кои имаат наполнато 18 години и постари, а бројот на пријавени екипи е...
Во вторник ново, ноемвриско издание на „Импровокација“
Post Views: 131 Во вторник, 11 ноември, со почеток во 20:00, на сцената на Народен театар Охрид, ќе се одржи ноемвриското издание на театарската импровизација „Импровокација“, а кое ќе биде во знакот на “Мовембер”.-Мовембер е годишен настан што се одржува во текот на ноември, за подигање на свеста и собирање средства за здравствени проблеми кај мажите, како ракот на простата и тестисите, менталното здравје и спречување на самоубиства. Најчестиот начин за учество е да се пуштат мустаќи во текот на целиот месец почнувајќи со избричано лице на 1 ноември, велат...
2 сребрени и 1 бронзен медал од “Плевен Опен 2025” за младите таеквондисти
Post Views: 178 Македонска Традиционална Таеквон-до Федерација викендов учествуваше на Меѓународен Таеквон-до ИТФ натпревар „Плевен Опен 2025″. Натпреварот кој беше за деца до 14 години оваа година боите ги бранеа пет натпреварувачи, еден натпреварувачи од Таеквон-до клуб “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид,и четири натпреварувачи од Таеквон-до клуб “СОНКАЛ” Мислешево-Струга. Натпреварувачите се бореа под водство на Марјанчо Лазаревски, а се натпреваруваа само во една дисциплина -спаринг/борби. И покрај силната конкуренција, тие постигнаа одличен успех,...
Одиграно прво коло на V Општинско првенство во шах
Post Views: 198 Оваа недела во просториите на ШК Ласкер Охрид, во ООУ Братство Единство Охрид, се игра V Општинско првенство во шах, каде учествуваат 24 шахисти од Охрид и Струга, а се игра по Швајцарски систем во 7 кола со темпо 30 минути со додаток од 30 секунди на секој потег.Турнирот е во чест на 7 Ноември, ослободувањето на Охрид.Првото коло се одигра вчеа. Резултатите во прилог:V Општинско првенство во шах 7 Ноември 2025 се оирганизира во согласност со Годишната програма за работа на ШК Ласкер Охрид, финансирана од Општина Охрид.
Детскиот фонд на охридската Библиотека збогатен со литература на англиски јазик
Post Views: 142 Од НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид информираат за нивната последна, но многу значајна донација на книги за деца на англиски јазик од волонтерска организација Darien Book Aid од САД, која инаку е посветена на унапредување на писменоста и образованието ширум светот.-Оваа вредна донација е дел од проектот Storybook Studio, во кој активно се вклучени Дени Хамилтон, волонтер од Мировниот корпус на САД и Елена Станкоска од нашата библиотека, кои заеднички работат на развивање на нови и креативни активности за описменување и учење англиски јазик за најмладите...
Свети Аверкиј Рамноапостолен
Post Views: 107 Во времето на царот Антонин, свети Аверкиј беше епископ во градот Јерапол Фригиски. Во тој град огромното мнозинство беа незнабошци, а свети Аверкиј управуваше со своето малечко стадо и тагувајќи во срцето заради толкавото мноштво незнабошци и идолопоклоници, па усрдно Му се молеше на Бога да ги обрати кон светлоста на вистината. Во времето на едно значајно идолско празнување, Аверкиј се разгоре со ревност по Бога, па влезе во идолскиот храм и ги испокрши сите идоли. Кога разјарените незнабошци сакаа да го убијат, припаднаа пред него тројца бесни млади луѓе со...