Skip to main content

Автор: инфодеск

Во тек е асфалтирање на седум краци од улицата „Момчило Јорданоски“

Views: 210 Во Охрид се реализираат градежни активности за асфалтирање на седум краци од улицата „Момчило Јорданоски“, информира градоначалникот Кирил Пецаков.Проектот се спроведува во рамки на Програмата за уредување на градежното земјиште и се финансира со средства од Буџетот на Општина Охрид.Според Пецаков, со оваа инвестиција ќе се подобрат условите за сообраќај и секојдневното функционирање на жителите од овој дел на градот.Од Општина Охрид посочуваат дека активностите се дел од континуираните вложувања во подобрување на патната инфраструктура, со цел обезбедување...

Продолжи со читање

Пожарот кај Долна Белица ставен под контрола, повредените пожарникари закрепнуваат

Views: 253 Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќира, ги посети пожарникарите кои добија медицинска помош по вчерашната интервенција при гаснењето на големиот пожар кај селото Долна Белица.При посетата во струшката болница, Ќира им посака брзо закрепнување, истакнувајќи дека благодарение на нивната храброст, пожртвуваност и професионалност пожарот бил ставен под контрола и биле спречени уште посериозни последици. Според него, сите пожарникари се надвор од животна опасност.Пожарот избувна вчера во близина на Белица, а според информациите од Општина Струга, огнената стихија...

Продолжи со читање

Ниту летното сонце не го решава недостатокот од Витамин Д, еве која храна може да помогне

Views: 246 Иако витаминот Д е познат како „витамин на сонцето“, ново истражување покажува дека ниту летните сончеви денови не се доволни за многу луѓе да ги одржат неговите вредности во нормала.Истражување на Универзитетот во Њукасл, објавено во European Journal of Clinical Nutrition, покажало дека недостатокот на витамин Д останува чест и во текот на летото. Научниците ги следеле вредностите кај 299 испитаници од декември 2024 до август 2025 година и утврдиле дека кај многумина тие не се подобриле ниту во најсончевиот период од годината.Најризични се лицата постари од 65 години,...

Продолжи со читање

Магична вечер со светски познатиот виолинист Стефан Миленковиќ и камерниот оркестар „Профундис“

Views: 200 Во преполното Предворје на црквата „Света Софија“, светски познатиот виолинист Стефан Миленковиќ и камерниот оркестар „Профундис“ приредија незаборавна музичка вечер која ја одбележаа врвни интерпретации, силни емоции и извонредна атмосфера. Концертот се одржа во рамки на програмата на 66. издание на фестивалот „Охридско лето“.Сцената, внимателно уредена и осветлена со стотици свеќи, создаде посебен амбиент кој совршено ја надополни музичката програма и на публиката ѝ понуди несекојдневно аудиовизуелно доживување.На програмата беа изведени „Серенада за гудачи“ оп. 48...

Продолжи со читање

Грчка вечер на „Охридско лето“ со  Теодосија Нтоку и Масимо Полидори

Views: 239 Грчката пијанистка Теодосија Нтоку и италијанскиот виолончелист Масимо Полидори  вечерва ќе концертираат на традиционалната Грчка вечер на „Охридско лето“ што се одржува со поддршка од Амбасадата на Грција во земјава.Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот.Оценета од списанието „Би-би-си мјузик“ како пијанист со драматични квалитети, емотивна суптилност и како возбудлив изведувач, грчката пијанистка Теодосија Нтоку веќе има свое значајно присуство на меѓународната музичка сцена. Нтоку е основач и уметнички директор на серијата концерти...

Продолжи со читање

Успение на праведна Ана, мајката на Пресвета Богородица

Views: 162 Праведната Ана беше ќерка на Матана, а по татко и беше од племето Левиво, а по мајка од племето Јудино. Светиот праведник Јоаким, нејзиниот сопруг, синот на Варпафир, бил потомок на царот Давид, на кого Бог му ветил дека од потомството на неговите потомци ќе се роди Спасителот на светот.Двојката живеела во Назарет Галилејски. Тие немаа деца до длабока старост и цел живот тагуваа поради тоа. Тие мораа да трпат презир и потсмев, бидејќи во тоа време бездетноста се сметаше за срам. Но, тие никогаш не роптаа и само горливо се молеа на Бога, понизно верувајќи во Неговата...

Продолжи со читање

Сончево и топло

Views: 173 Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.Температурите во Охрид од 18 до 33 степени Целзиусови.

Продолжи со читање

Германски државјанин приведен откако со дрон ја снимал караулата во Радожда

Views: 219 Германски државјанин е приведен во струшкото село Радожда под сомнение за неовластено снимање на воен објект со дрон.На 5 август 2026 година, во 14:30 часот, во струшкото село Радожда, полициски службеници лишиле од слобода 56-годишен државјанин на Германија поради сомнение дека сторил кривично дело „неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени средства“, согласно член 350 од Кривичниот законик.Според информациите од полицијата, тој бил затекнат како со дрон ја снимал караулата во селото Радожда, сопственост на АРСМ, која...

Продолжи со читање