Автор: инфодеск
Post Views: 70 На 17.12.2023 година од 10.00 до 15.00 часот на подрачјето на СВР Охрид реализирани се засилени сообраќајни контроли.-Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 19 возачи на моторни возила, кои извршиле престигнување на непрегледни и места каде со сообраќаен знак тоа е забрането (Охрид-08, Струга- 08, Кичево- 01, Дебар-02), информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Во Охрид се одржа Македонски Нуркачки Конгрес
Post Views: 70 Во Охрид се одржа Македонски Нуркачки Конгрес со меѓународно учество што се одржува втора година по ред.Годинешната средба е посветена на прерано починатиот нуркач Благоја Бежаноски. На отворањето пред присутните се обрати советникот Јамандиев:Дозволете да го изразам моето огромно задоволство што денес во Охрид се одржува Вториот Македонски нуркачки конгрес на кој се разменуваат искуства, предизвици, очекувања или разочарувања на нуркачите. За поздравување е одлуката со која што годинашната средба ја посветувате на прерано починатиот...
Свети Сава Осветен и Свети Нектариј Битолски
Post Views: 45 Свети Сава се роди во петтиот век, во областа Кападокија. Веќе на 18-годишна возраст се насели во еден манастир и наскоро беше потстрижен за монах.После повеќе години поминати во манастирот на блажениот Теоктист, сакајќи ништо да не го одвојува од молитвата и богомислието, тој се насели во една пештера во Палестина. Последните години ги помина како духовник во манастирот во Палестина што денес го носи неговото име. Се упокои во 533 година. Пoмeѓу мнoгутe други чудoтвoрни и дoбри дeла, нeка бидe спoмeнатo самo тoа дeка тoј прв гo урeдил чинoт на бoгoслужeниeтo...
Сончево со температура до 7 степени
Post Views: 35 Денеска времето во Охрид сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната дневна температура до 7 степени.Во следните денови во Македонија времето ќе биде стабилно, на почетокот на неделата со ниски утрински температури, додека дневните ќе бидат во пораст. Во котлините наутро ќе има услови за појава на магла или ниска облачност и таму дневната температура ќе остане пониска.фото: Ѓоко Симјаноски
Пристигнаа иконите од Албанија, вечерва ќе бидат изложени во фоајето на Музејот на Македонија
Post Views: 46 Денеска во Тирана беше извршено примопредавање на незаконски изнесените македонски икони од страна на министерката за култура на Република Албанија, Елва Маргарити на Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.Веднаш по враќањето на македонската делегација, вечерва иконите ќе бидат изложени во фоајето на Музејот на Северна Македонија, каде што ќе се одржи пригоден настан на кој ќе присуствуваат премиерот Димитар Ковачевски, поглаварот на Македонската православна црква, г.г. Стефан, претставници од МАНУ и работната група која учествуваше во...
Охрид распродаден за Новогодишните празници
Post Views: 44 Охрид букиран за Новогодишните празници. Хотелските капацитети бележат исполнетост од 80 до 100 %. Најбројни ќе бидат гостите од регионот, Бугарија, Србија, Грција, Албанија и Црна Гора. Според туристичките работници Охрид е секогаш примамлива дестинација за Новогодишните и Божиќните прпазници.„Највите се дека градот ќе биде исполнет повеќе од 90% хотелските капацитети веќе во овој монет се букирани 80-85% меѓутоа се уште има време се очекува да имаме гости од соседтсвото со акцент на соседна Србија, како што имам дојава дека се закупени голем број...
Засилени безбедносни мерки во Охрид за Новогодишните и Божиќните празници
Post Views: 43 На иницијатива на СВР Охрид, денеска во општина Охрид се одржа работен координативен состанок со службите на локалната самоуправа, пазарниот општински инспекторат, трудова инспекција, инспекторат за туризам, јавните претпријатија како и претставници на хотелско-угостителските објекти. Целта е поцелосно дефинирање на мерките и координирање на активностите со цел подобрување на севкупната безбедност во градот во пресрет на претстојните празници.„На работната средба, претставниците на СВР Охрид и на службите кои вршат дејности од јавен интерес, договорија...
Конкурс за најдобра беседа во чест на Прличев на тема: Како против пизмата?
Post Views: 49 Во пресрет на манифестацијата „Прличеви беседи“ 2024 година НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид распишува Конкурс за избор на најдобра беседа посветена на патронот на установата, големиот поет и преродбеник Григор Прличев на тема: Како против пизмата?„Познато е и од неговата „Автобиографија“ дека Прличев најчесто држел беседи пред охриѓани во црквата „Св. Богородица – Перивлепта“. Често зборувал и за нетрпеливоста меѓу луѓето и лошите намери, едни против други и како да се надмине тоа. Со конкурсот сакаме да го поттикнеме творештвото на младите луѓе да...







