Автор: инфодеск
Post Views: 262 Министерството за здравство информира дека на Клиниката за ортопедија при ТОАРИЛУЦ беше оперирано 17-годишно момче со тумор на десната подлактица.Тимот хирурзи под раководство на проф д-р Милан Самарџиски го отстрани во целост туморот од долниот крај на радиусот и го замени со коска од починат донор. Ова е прва операција од ваков тип на Клиниката за ортопедија и во земјава. Со вклучување на Клиниката за ортопедски болести во програмата за трансплантација на органи и ткива, се отворија нови можности за третман на пациенти со трауматски повреди, тумори и други...
Заврши црната серија за Германците во средбите со Италија
Post Views: 330 Сѐ што беше интересно на синоќешниот натпревар се случи помеѓу 65 и 80 минута кога паднаа двата гола. Германската репрезентација поведе во 65 минута со голот на Месут Озил, а славењето на голот не траеше долго. Азурите израмнија во 78 минута со голот на Леонардо Бонучи од пенал, кој го направи Џером Боатенг играјќи со рака во шеснаесетникот. За жал тоа беше сѐ. Во продолженијата ниту една од екипата не сакаше да ризикува па прашањето на победникот се решаваше со изведување на пенали. На крајот повеќе среќа имаа Германците во кој серијата пенали ја завршија во...
Не наседнувајте на антиваксерски повици да не се вакцинирате
Post Views: 592 Извештаите од Министерството за здравство за состојбата со коронавирусот во државата потврдуваат дека најзагрозени од коронавирусот се токму невакцинираните лица. Помеѓу починатите има и вакцинирани и тоа никој не го негира. Ниту една од одобрените вакцини не заштитува 100 проценти, но тоа не значи дека тие се неефикасни или дека тие се причина за смртност. Во објавата, исто така, без никаков доказ паушално се тврди дека „многу доктори се осмелиле да ја кажат вистината дека смртноста од вакцините очигледна“. Но, не се кажува кои се тие доктори, од каде се, ниту...
ИНТЕГРА ќе учествува во 30 општини на локалните избори
Post Views: 260 ИНТЕГРА на фејсбук објави дека ќе учествува во 30 општини од кои со 27 свои листи и 3 пилот модели со поддршка, доминантно во општини со над 10.000 жители.Со кандидати за градоначалници (свои кандидати, независни кандидирани од ИНТЕГРА и пилот поддршка на независни и кандидати од други партии/коалиции) учествуваме во 15 општини.Советнички листи на ИНТЕГРА:1. Скопје 2. Аеродром 3. Кисела вода 4. Карпош 5. Ѓорче Петров 6. Бутел 7. Газибаба 8. Крива паланка 9. Ранковце 10. Куманово 11. Старо нагоричане 12. Берово 13. Делчево (спорна листа) 14. Штип 15. Велес...
Ковид-19 постои и е сурова реалност
Post Views: 495 Коронавирусот е изолиран во лабораторија со што се докажува неговото постоење. Светска здравствена организација потврди дека вирусот е изолиран на 7 јануари 2020 година во Кина. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата надмина 200.000, а бројот на починати е погвеќе од 7.000. Во јавноста сè почесто излегуваат и семејствата на починатите, кои сведочат дека нивните блиски починале како последица на ковид, а ваквите сведочења не може да се побијат. Особено, затоа што постои медицинска историја од хоспитализацијата на...
Серија оставки за пожарот во Тетово
Post Views: 257 Од морални причини оставка по пожарот во ковид болницата во Тетово поднесоа министерот за здравство Венко Филипче, неговиот заменик Илир Хасани, како и двајцата директори на болницата Фљорин Бесими и Артан Етеми. Во пожарот животот го загубија 14 лица, од кои 12 пациенти, а истрагата за причините за несреќата се уште е во тек.Филипче на кратка прес- конференција во Владата порача дека од денот на почетокот на пандемијата до денес пред граѓаните секогаш стоел транспарентно соопштувајќи ги и добрите и лошите вести, а притоа никогаш не бегал од критика и не...
Играч кој нема клуб ја надмудри една од најскапите репрезентации
Post Views: 328 Велс сензационално ја елиминира Белгија со 3-1 и се пласира во полуфиналето на Европското првенство. Тоа е прв пат по 1992 година дебитант на Еуро да влезе помеѓу четирите најдобри репрезентации, каде ги чека Португалија. “Не треба да се плашиме од своите сништа. Пред четири години бев многу далеку од сето ова, подалеку од што можете да замислите. Имав повеќе неуспеси од успеси, но не се плашев од неуспеси. Ова го заслуживме”, славенички изјави селекторот Крис Колман. Извонреден гол за водство на Велс постигна Хал Робсон Кану, играч кој моментално нема клуб, а...
Вакцинираните со кинески вакцини и руската Спутник „заглавени“ на патот кон европските земји
Post Views: 774 Повеќе од половина од целосно имунизираното население во земјата, поточно 411.171 лица се вакцинирни со кинеските вакцини „Синовак“ и „Синофарм“ и со руската „Спутник В“. Сега, овие граѓани – вакцинирани со некоја од споменатите три вакцини кои не се одобрени од Европската агенција за лекови (ЕМА), се соочуваат со ограничувања при патување во странство. Вакциниранираните со „Синовак“ ,„Синофарм“ и „Спутник В“, дури и ако го примат бустерот на „Фајзер“, ќе наидат на рестрикции и карантин за влез во повеќето европски земји, кои ги уважуваат единствено вакцините...
Пожарот кај Велес сеуште активен
Post Views: 245 Пожарот покрај пругата Скопје-Велес, кај село Сл’п, кој започна вчера во 13 часот и натаму е активен, информира Центарот за управување со кризи, додавајќи дека огнот зафаќа површина од околу 200 хектари и дека горат нискостеблеста шума, трња и габер.Моментално на терен е екипа од Шумското стопанство „Бабуна“ со 10 вработени и шест пожарникари од велешката противпожарна единица со две возила.Како што соопштуваат од ЦУК, не постои можност за проширување на пожарот кон село Карабуњиште и село Сл’п. Пожарот во 13 часот во горниот фронт е ставен под контрола,...
Го купија за 25 топки, а го продадоа за 35 милиони евра
Post Views: 328 Колку е важно, односно пресудно, во клубот да се има врвен скаут сведочи денес примерот на 18 годишниот Ренато Санчез, новата ѕвезда на фудбалското небо. Имено, последните денови често во јавноста можеше да се чуе дека Баерн направил извонредна работа кога во мај потпиша петгодишен договор со Санчез, меѓутоа малку кој истакна колку тука профитирала Бенфика. Скаутите на тој португалски клуб во Санчез препознале талент кога имал само девет години и од локалниот клуб Агиас да Мискуере на Луж го довеле за само 750 евра и 25 фудбалски топки. Девет години подоцна...
УЈП ја објави најновата листа на должници
Post Views: 287 Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.02/2022 за долгови доспеани до 31.10.2021 и неплатени до 31.01.2022 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.На Листата на должници бр.02/2022 објавени се 1.744 должници – правни лица (помалку за 18 од претходната листа) и 3.080 физички лица (повеќе за...
Не е точно дека вакцинираните имаат 99 проценти шанса да заболат од ковид
Post Views: 526 Невистинито е тврдењето во постот дека ефикасноста на вакцините е само околу 1 процент зависно од производителот и дека шансите да заболите од ковид, ако сте вакцинирани се 99 проценти. Релативното и апсолутното намалување на ризикот се два параметри кои се калкулираат на различен начин. Во поглед на тоа како вакцината ја афектира популацијата, овие две мерки се комплементарни (значи се надополнуваат), а не контрадикторни (значи не се спротивставени една на друга).Во постот што го рецензираме, а којшто е споделен на Фејсбук, преку неправилна...