Skip to main content

Автор: инфодеск

Познати се сите полуфиналисти на Копа Америка

Post Views: 386 Фудбалерите на Аргентина и Чиле се полуфиналисти на Копа Америка и се придружија на САД и Колумбија кои тоа го направија претходно. Аргентинците славеа со 4-1 против Венецуела, додека Чиле го изрешета голот на Мексико и победи со 7-0. Стрелци за Аргентина беа Игуаин (8,28), Меси (60) и Ламела (71), додека единствениот гол за Венецуела го постигна Рондон (70). Меси со својот погодок го изедначи рекордот на легендарниот Габриел Батистута кој во репрезентативниот дрес постигна 54 гола. Само уште еден гол му недостасува на Меси да биде најдобар стрелец на Аргентина...

Продолжи со читање

Шокантни тврдења на поранешниот претседател на ФИФА

Post Views: 311 Човекот, кој е протеран од фудбалот поради корупција и е сменет од местото претседател на ФИФА, излезе со шокантни изјави и обвинанија на сметка на УЕФА. Сеп Блатер за аргентинскиот весник La Nacion изјави дека бил присутен на ждрепка или ждрепки кои биле наместени. Тој тврди дека такво нешто никогаш немало во ФИФА туку само во УЕФА, но не прецизира дали се работи за групи на ЕУРО, квалификации или пак Лига на шампиони. Аргентинскиот новинар до вакви изјави и обвиненија дошол со прашањето дали Аргентина имала наместена ждрепка на Светското првенство во Бразил...

Продолжи со читање

Скандалозна разделба на Бразил со Копа Америка

Post Views: 321 На скандалозен начин, по втор пат во својата историја, Бразил е елиминиран во групната фаза на натпреварувањето на Копа Америка. Перу во одлучувачкиот натпревар за пласман во следната фаза по прв пат во 30 години славеше против Бразил со минимални 1-0, но голот на Раул Руидиаз е постигнат со рака. Се играше 75 минута од средбата и Перуанците комбинираа на десната страна. Енди Поло се проби во шеснаесетникот, центрираше полувисока топка, а Руидиаз со рака ја смести во голот. Ова сите го видоа освен судијата. Раката не беше ниту блиску до телото во моментот кога...

Продолжи со читање

Ѓоковиќ го освои Ролан Гарос и дојде до успех кој не е виден од 1969 година

Post Views: 339 До својот 12 Грен слем наслов во кариерата, а прв во Париз, дојде против Енди Мареј во повеќе од три часа игра и влезе во одбраното друштво на тениски легенди. Со триумфот на Ролан Гарос, Ѓоковиќ стана трет во историјата кој ги освоил сите четири наслови во низа , Вимблдон и УС Опен минатата година, а оваа Австралија Опен и Ролан Гарос. Ова досега им успеало само на Американецот Доналд Баџ (1938) и Австралиецот Род Лејвер (1969). “Ова што го постигна Новак е феноменално, тоа е така ретко”, рекол Енди Мареј по поразот во финалето. Мареј одлично го одигра...

Продолжи со читање

Почина боксерската легенда Мохамед Али

Post Views: 440 Мохамед Али, еден од најдобрите спортисти на сите времиња, почина во болницата во Феникс, на 74 годишна возраст, каде ги помина последните два дена, изјавил за NBC портпаролот на фамилијата Bob Gunnell. Трикратниот светски првак во тешка категорија со години се бореше со Паркинсоновата болест која му беше дијагностицирана во 1984 година, три години откако се повлече од боксот. Болеста често се поврзуваше со трауми во главата, а состојбата на Али во последните години дополнително се влоши па појавувањето во јавноста го сведе на минимум. Али во кариерата имаше...

Продолжи со читање

Ролан Гарос дневно заработува 2,5 милиони евра

Post Views: 278 Навивачите на Ролан Гарос секој ден трошат во просек 2,5 милиони евра, а парискиот грен слем дневно го посетуваат околу 23.000 луѓе и секој од нив просечно троши околу 110 евра. Само за влезници за мечевите, на просечен посетител му се потребни 70 евра. Цената на билетите се од 10 до 220 евра со тоа што ниските цени важат само за дуелите на помалку атрактивни тенисери во првите фази на турнирот. Веќе од четвртфиналето цените на влезниците се троцифрени. Ланч пакетите со сендвич и пијалок се 10 евра, а половина литар вода чини 4 евра. Ниту десертите не се...

Продолжи со читање

Наградниот фонд на Еуро2016 рекорден

Post Views: 251 На Европското првенство во фудбал, кое ќе се одржи од 10 јуни до 10 јули во Франција, ќе учествуваат 24 репрезентации кои меѓусебно ќе распределат рекорден награден фонд од 301 милион евра. Овој износ е за 35% поголем од претходното првенство кое беше поделен на ЕП2012 во Полска и Украина и за 39% поголем од наградниот фонд од 2009 година кога се одржа Еуро во Австрија и Швајцарија. Еве како ќе се распределат парите на Европското првенство во фудбал: само за настап секоја репрезентација ќе добие по 8 милиони евра, секој освоен бод во натпреварувањето по групи...

Продолжи со читање

Прв пат во финале и веднаш Европски првак

Post Views: 365 Ракометарите на Вива Турон Киелце го освоија насловот првак на Европа откако во финалето во Келн во неверојатен натпревар славеа против унгарскиот Веспрем со подобро изведување на седмерци 39-38 (35-35, 29-29, 17-13). Полјаците за прв пат играа едно финале и дојдоа до насловот првак на Европа, додека Веспрем го загуби своето трето финале, но ова ќе го памети бидејќи 15 минути пред крај имаше девет голови предност за да во последните секунди од регуларниот дел да прими гол со кој Полјаците се изборија за продолжение. Унгарците водеа од самиот почеток и на...

Продолжи со читање

Фудбалската сезона во Европа завршува вечерва

Post Views: 281 Фудбалската сезона во Европа завршува денес во 20.45 часот на стадионот Сан Сиро во Милано каде за највредниот трофеј ќе се борат Реал и Атлетико од Мадрид. Ова е реприза на финалето од 2014 година и на јорганџиите им носи прилика за реванш врз градскиот ривал и прва титула во Лигата на шампиони во својата историја, додека тренерот на кралскиот клуб, Зинедин Зидан, посакува на трофејот освоен на терен да му го придодаде и овој кој би го освоил во чевли. “Натпреварот ќе има многу тензии, особено на почеток. Мислам дека Каземиро е клучен во средината на Реал, а...

Продолжи со читање

Поплавена улицата Карпош Војвода

Post Views: 450 Секојдневно во рубриката „Ти си твојот град“ наши сограѓани испраќаат слики преку кои реагираат на проблеми во нивното место на живеење. Денес ни пристигнаа слики од Соња Стојкоска, а ова е нејзиниот коментар: Ова се фотографии од пред станот на моите родители кои живеат на ул. Карпош Војвода. Улицата е поплавена. Под надлежност е овој дел на градов? – напиша Соња Стојкоска во опис на фотографиите.

Продолжи со читање

Барселона не смее да користи каталонски знамиња во финалето на кралскиот куп

Post Views: 293 Барселона и Севиља финалето на кралскиот куп го играат во недела на стадионот Висенте Калдерон, а властите забранија на натпреварот да се истакнуваат провокативни симболи. Под тоа се мисли на жолто-црвеното знаме на Каталонија со ѕвезда, бела или црвена, позната како естелада. Гувернерката на Мадрид, Concepcion Dancausa на конференцијата за новинари изјавила: “фудбалот и стадионите не се полигони за политичка борба. Нема да дозволиме на стадионот да се внесат било какви знамиња, ниту други симболи кои се во спротивност со Уставот на Шпанија”. Од Ноу Камп...

Продолжи со читање

Шпанците го “приватизираа” евро фудбалот

Post Views: 341 Со победата против Ливерпул во финалето на Лигата на Европа Севиља запечати уште една сезона во која Шпанците освојуваат сѐ. Имајќи во предвид дека Реал Мадрид и Атлетико Мадрид се среќаваат во финалето на Лигата на шампиони ќе се случи нешто што досега не се случило – три сезони по ред клубови од иста земја да ги освојуваат ЛШ и ЛЕ. Со триумфот на Севиља во Базел, Шпанија стана најтрофејна нација во 45 сезони на ова натпреварување со 10 освоени титули. Италијаните имааат 9, а Англичаните 7 титули во Лигатата на Европа, односно Уефа. Ако Ливерпул синоќа...

Продолжи со читање